Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Надежта од БожиќПримерок

The Hope Of Christmas

10 ДЕН ОД 10

Радосната вест од Божиќ



Прочитај 1 Тимотеј 2:5



Божиќ е обвиткан со радосни вести. Но не се тоа радосните вести за специјалните подароци. Не е ниту радосната вест за заедничкиот вечерен оброк. Не се работи ниту за радосната вест за поминување време со пријателите и семејството.



Божиќ е во врска со Радосната вест за Божјата љубов.



Библијата вели дека сите сме изгубени без Бог. Ние сме без насока. Ние сме без заштита. Нашето потенцијално влијание врз овој свет не е остварено. Ние сме без вистинска радост. Нашата вечност на Небото не е сигурна.



Радосната вест за Божиќ е дека Бог Го испрати Исус за да го најде и спаси загубеното, Библијата вели: „постои само еден Бог и постои само Еден што може да посредува меѓу Бог и луѓето: тоа е човекот Исус Христос. Тој го даде Својот живот за да се откупи слобода за секој човек.“ (1 Тимотеј 2:5 MNT)



Доколку си бил во црква сигурно си го слушнал зборот „спасение“ повеќе пати. Но можеби не знаеш што значи тоа. Тој збор е како дијамант, можеш да го гледаш од повеќе различни агли.



• Исус дојде за да нè спаси. Ние не можеме сами да ги решиме сите наши проблеми. Без Исус, ние сме заробени во очекувањата на другите луѓе од нас. Заробени сме во живеење за да добиеме одобрување од врсниците. Заробени сме во зависности. Сме се обиделе да се промениме одново и одново, но како да немаме сила да го сториме тоа. Исус дојде за да ни ја даде таа сила.



• Исус дојде за да нè обнови. Сите копнееме да ги обновиме деловите од нашите животи кои се загубени. Без Христос, копнееме да си ја обновиме силата, самодовербата, угледот, невиноста и нашата врска со Бог. Само Исус може да го направи сето ова.



• Исус дојде за повторно да нè поврзе. Мнозина мислат дека Бог ќе ги искара ако се вратат кај Него. Но Бог не ти се лути. Тој е луд по тебе. Исус дојде на Земјата на првиот Божиќ за да нè помири со Бог, да ни даде хармонија со Него пак.



Исус дојде на Земјата да ни се даде Себеси како подарок. Многумина од нас го прославуваат Неговиот роденден без да го прифатат овој бесплатен подарок на спасение. Тој останува неотпакуван од година во година и во другата година. Тоа не е мудро! Ти си содаден од Бог и за Бог. Сè додека не го разбереш тоа, животот нема да има смисла.



Овој Божиќ отвори го најважниот подарок кој ти бил даден: новата врска со Бог преку Исус.

Свето Писмо

Ден 9

Опис за овој план

The Hope Of Christmas

За многумина, Божиќ стана една долга листа на нешта што треба да се направат, а која ги прави уморни и желни за 8ми Јануари. Во оваа серија на пораки пасторот Рик сака да ти помогне да се сетиш на причината зошто се слав...

More

Оваа побожност е заштитена © 2014 од страна на Рик Ворен. Сите права се задржани. Употребено со дозвола.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност