Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Надежта од БожиќПримерок

The Hope Of Christmas

4 ДЕН ОД 10

Премногу зафатен за Исус?



Прочитај Лука 2:7.



Една година кога нашите деца беа мали, мојата сопруга реши јас да одберам каде да одиме со семејството на одмор. Одлучив дека сакам да направам еден сосема спонтан одмор без никакво планирање. Како пастор и водач, секој ден од мојот живот е испланиран. Планирањето на одморот не ми звучи забавно!



Еден целосно спонтан одмор кога си во брак и со деца, не е толку добра идеја. Без планирање, во првите пет вечери од тој одмор во пет различни градови спиевме во колата во четири од тие пет ноќи бидејќи не можевме да најдеме мотел со слободни соби. Моите деца не беа среќни кампери. На петатта вечер решивме да планираме однапред.



Тој одмор ми помогна да разберам што значи кога во Библијата ни се кажува дека за време на првата Божиќна приказна „немаше место“ за Јосиф и Марија.



Доаѓањето на вечниот Бог и ветениот Месија беше очекувано со илјадници години. Пророштвата ја претскажаа вистината дека Спасителот на светот ќе дојде. Неговото раѓање ќе биде толку важно што ќе ја подели историјата во два дела, пред Христос (B.C.) и по Христос (A.D.). Твојот роденден има дата во врска со роденденот на Исус.



Сепак, кога Синот Божји дојде во светот, немаше место за него. Гостилничарот пропушти најдобра прилика. Ако Исус се родеше во некоја од неговите соби, гостилничарот можеби ќе изградеше еден од оние големи Лас Вегас знаци кои покажуваат надолу и на кој би пишувало: „Синот Божји е роден тука!“ Тој би можел да наплаќа богатство за собите! Наместо тоа го пропушти најголемиот благослов во неговиот живот бидејќи немал место за Исус.



Не можеме да бидеме престроги кон гостилничарот што немал место за Исус. Ние го правиме тоа цело време.



Сите ние се противиме на тоа да му го дадеме на Него значењето во нашите животи кое го заслужува. Го пополнуваме нашиот живот со настани кои бледнеат во важност споредени со Исус. Трошиме пари на најновите електронски уреди и не ни останува ништо да дадеме за Божјото дело низ целиот свет. Го поминуваме целото време напредувајќи во своите кариери, а велиме дека немаме време да им помогнеме на другите во нашата црква или заедница.



Како што ќе се подготвуваш да го прославиш Божиќ оваа година, запрашај се себеси: Дали остави место во твојата гостилница за Исус?

Свето Писмо

Ден 3Ден 5

Опис за овој план

The Hope Of Christmas

За многумина, Божиќ стана една долга листа на нешта што треба да се направат, а која ги прави уморни и желни за 8ми Јануари. Во оваа серија на пораки пасторот Рик сака да ти помогне да се сетиш на причината зошто се слав...

More

Оваа побожност е заштитена © 2014 од страна на Рик Ворен. Сите права се задржани. Употребено со дозвола.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност