Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Надежта од БожиќПримерок

The Hope Of Christmas

6 ДЕН ОД 10

Не го потопувај Исус овој Божиќ



Прочитај Лука 10:41-42



И ти и јас сакаме да ги преполниме нашите животи. Ние се пренатрупуваме, трошиме прекумерно, се преценуваме и често пати одиме наоколу изморени цело време. Како резултат на тоа Божјата вистина често пати не добива шанса да процвета во нашите животи.



Често пати Бог те учи на едно зрно вистина - можеби преку утринското проучување на Библијата или преку неделната проповед - и штом ќе помислиш дека треба да превземеш нешто во врска со тоа речиси веднаш тоа нешто е истуркано надвор од твојот живот и е заборавено.



Вистината не е истуркана од нашите животи поради некое зло. Често пати добрите нешта во нашите животи ја истуркуваат вистината која Бог сака да ја засади во нас. За да ја исполниш Божјата цел за твојот живот, најверојатно не треба да правиш повеќе, туку помалку.



Земи ги за пример пријателките на Исус, Марија и Марта. Еден ден тие го поканија Исус на вечера. Марија цела вечер го слушаше Исус. Марта, од друга страна беше зафатена како домаќинка и се грижеше за менито и дали сè е поставено на свое место.



Марта се вознемири што мораше таа сè да направи додека нејзината сестра седеше со Исус. Тогаш Исус ѝ рече: „„Марта! Марта! Ти се грижиш и се вознемируваш за многу нешта; а потребно е едно. Марија го избра добриот дел, што нема да ѝ се одземе.“ (Лука 10:41б-42)



Кога твојот живот ќе заврши само едно нешто ќе биде важно: Дали го запозна Божјиот Син? Оние дополнителни подароци што ги купи поради прекувремената работа во канцеларија нема да бидат важни. Целото потрошено време за организирање на совршен празник нема да биде важно исто така. Но доколку го поминуваш времето во запознавање на Исус ќе биде важно за идните векови и векови.



И така уживај во Божиќната сезона. Завиткувај подароци. Подготви го домот за славење. Создади убави сеќавања за твоето семејство. Но нека не помине овој Божиќ без да поминеш време покрај нозете на Исус. Долго откако ќе избледне сè од овој Божиќ, славењето на Исус е единственото нешто што ќе остане засекогаш.

Свето Писмо

Ден 5Ден 7

Опис за овој план

The Hope Of Christmas

За многумина, Божиќ стана една долга листа на нешта што треба да се направат, а која ги прави уморни и желни за 8ми Јануари. Во оваа серија на пораки пасторот Рик сака да ти помогне да се сетиш на причината зошто се слав...

More

Оваа побожност е заштитена © 2014 од страна на Рик Ворен. Сите права се задржани. Употребено со дозвола.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност