Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Надежта од БожиќПримерок

The Hope Of Christmas

2 ДЕН ОД 10

Исус вреди за да се пропатува



Прочитај го Матеј 2:1.



Барањето на вистината не е полувремена работа. Тоа бара да се вложи сè што имаме. Мудреците нè учат на тоа во Божиќната приказна.



Мудреците беа желни да изодат било какво растојание за да ја најдат вистината. Матеј 2:1 вели: „А кога Исус се роди во Витлеем Јудејски, во дните на цар Ирод, ете, мудреци од исток пристигнаа во Ерусалим.“ Можеме да претпоставиме дека мудреците пропатувале многу километри од далечниот исток до блискиот исток по голема цена за да го најдат Исус.



Исус беше роден во Витлеем, кој е оддалечен само 10 километри од Ерусалим. Во времето на Исус, Ерусалим бил духовниот центар на светот. Секаков вид на верски активности се одвивале во Ерусалим. Сите главни религиозни водачи од светот биле во Ерусалим, но ниту еден од нив не го барал Исус. Само луѓе однадвор - Мудреците од една сосема друга земја - го барале Исус.



Царот Ирод го пропушти бебето Исус. Го пропуштија и бизнисмените од Витлеем. И ти исто така може да го имаш Исус во твојата средина и сепак да го пропуштиш доколку не го побараш.



Но Мудреците го бараа Исус. Тие беа подготвени да пропатуваат 4 до 5 месеци преку изгорувачки жешка пустина за да го најдат Исус. Тие беа сериозни во намерата да го пронајдат Бог. Тие беа спремни да направат било што за да го најдат.



Тоа е мудро. Тоа треба и ние да го направиме. Не треба да дозволиме ништо да нè спречи во нашата потрага по Бог. Тоа е најголемото достигнување на светот.



Исус рече дека Царството Божјо е како еден бисер кој е толку вреден што ние продаваме сè што имаме за да го земеме. Изгледа дека мудреците од исток го разбраа ова многу пред Исус да ја каже оваа споредба.



Мудреците беа спремни да се откажат од сè што имаа за да го слават Исус. Беа спремни да се откажат од удобноста на нивните домови за едно долго, тешко патување бидејќи имаа исправни намери во барањето на Исус. Сакаа да му се поклонат.



Од што ќе се откажеш ти за да му се поклониш на Исус?

Свето Писмо

Ден 1Ден 3

Опис за овој план

The Hope Of Christmas

За многумина, Божиќ стана една долга листа на нешта што треба да се направат, а која ги прави уморни и желни за 8ми Јануари. Во оваа серија на пораки пасторот Рик сака да ти помогне да се сетиш на причината зошто се слав...

More

Оваа побожност е заштитена © 2014 од страна на Рик Ворен. Сите права се задржани. Употребено со дозвола.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност