Правила за користење

Последна измена: 25 мај 2018 година

Каде што YouVersion обезбедува превод на англиската верзија на Правилата, тогаш се согласуваш дека преводот е обезбеден само за твоја погодност и дека верзиите на англиски јазик на Правилата ќе го регулираат твојот однос со YouVersion. Ако постои контрадикција помеѓу она што го вели англиската верзија на Правилата и што вели преводот, тогаш англиската верзија ќе има предност.


Прифаќање на овие Правила

Со користење на bible.com, youversion.com и/или мобилните апликации од YouVersion како Апликација „Библија“, Bible App for Kids и Bible Lens (заедно „YouVersion“), без разлика дали си гостин или регистриран корисник, ти ги прифаќаш и се согласуваш со овие Правила. Те молиме да ги прочиташ овие Правила, како и Политиката на приватност внимателно пред да почнеш да го користиш YouVersion. Ако не се согласуваш со овие Правила или со Политиката на приватност не смееш да пристапиш или да го користиш YouVersion.

Промени на Правилата

YouVersion е понуден од страна на Life Covenant Church, Inc. („Life.Church“, „ние“ или „нас“). Ние можеме да ги ревидираме и ажурираме овие Правила од време на време по наше дискреционо право. Сите промени се ефективни кога ги објавуваме. Твојата континуирана употреба на YouVersion по објавувањето на ревидираните Правила значи дека ти ги прифаќаш и се согласуваш со промените.

Промени во YouVersion

Додека се надеваме дека секогаш ќе го нудиме YouVersion и сите негови карактеристики, ние го задржуваме правото да го смениме или да престанеме да го нудиме YouVersion или кој било дел или функционалност на YouVersion без претходна најава. Ние нема да бидеме одговорни ако од која било причина сите или кој било дел од YouVersion не е достапен во секое време.

Информации за тебе и твојот пристап до YouVersion

Сите информации што ги собираме на или преку YouVersion се предмет на нашата Политика на приватност. Со користење на YouVersion, се согласуваш со сите дејствија преземени од нас во однос на твоите информации во согласност со Политиката на приватност.

Дозволена и недозволена употреба

Овие Правила ти овозможуваат да го користиш YouVersion во согласност со овие правила за твоја лична и некомерцијална употреба или за внатрешна употреба на твојата непрофитна организација. Сите права што не ти се експлицитно доделени се резервирани од Life.Church. Се согласуваш дека не ти е дозволено и нема да го користиш YouVersion како што следува:

  • на кој било начин што ги крши сите федерални, државни, локални или меѓународни закони или регулативи;
  • со цел да експлоатираш, да наштетиш или да се обидеш да ги искористиш или да им наштетиш на малолетни лица на кој било начин, изложувајќи ги на несоодветна содржина, барајќи лични информации или на друг начин;
  • да имитираш или да се обидеш да се претставиш како која било компанија или личност, вклучувајќи го и Life.Church или друг корисник на YouVersion;
  • вклучување во кое било друго однесување кое, како што е определено од нас, може да му наштети на Life.Church или на корисниците на YouVersion или да ги изложи на одговорност;
  • кој било друг начин кој би можел да го оневозможи, преоптовари, оштети или да го наруши YouVersion или да се меша со друга употреба на YouVersion;
  • користење на робот, пајак или друг автоматски уред, процес или средства за пристап до YouVersion за која било намена, вклучувајќи следење или копирање на кој било материјал на YouVersion;
  • воведување на вируси, тројански коњи, црви, логички бомби или друг материјал кој е малициозен или технолошки штетен;
  • обид за стекнување на неовластен пристап, пречење, оштетување или нарушување на кој било дел на YouVersion или на кој било сервер, компјутер или база на податоци поврзани со YouVersion;
  • напад на YouVersion преку напад на откажување од услуга (DOS) или дистрибуиран напад на откажување од услуга (DDOS); и
  • други обиди на мешање во правилното работење на YouVersion.

Ти исто така се согласуваш дека нема да праќаш, свесно да примаш, да ги вчитуваш, да ги преземаш, користиш или повторно да користиш кој било материјал кој што е определен од Life.Church во своето дискреционо право:

  • кој содржи материјал кој е клеветнички, срамен, непристоен, навредлив, вознемирувачки, насилен, омразен, воспалителен или на друг начин несоодветен;
  • кој промовира сексуално експлицитен или порнографски материјал, насилство или дискриминација по која било основа, вклучително и врз основа на раса, пол, религија, националност, попреченост, сексуална ориентација или возраст;
  • прекршува кој било патент, трговска марка, трговска тајна, авторско право или друга интелектуална сопственост или други права на кое било друго лице;
  • ги прекршува законските права (вклучувајќи ги правата на публицитет и приватност) на другите или содржи материјал кој може да предизвика каква било граѓанска или кривична одговорност според важечките закони или прописи; или
  • промовира каква било нелегална активност, или се залага, промовира или помага на какво било незаконско дејствие;
  • вклучува комерцијални активности или продажба, како што се натпревари, кладби и други промоции за продажба, размена или рекламирање; и
  • дава впечаток дека материјалот произлегува од или е поддржан од Life.Church или кое било друго лице или ентитет, ако тоа не е случај.

Придонеси од корисници

YouVersion содржи интерактивни функции кои им овозможуваат на корисниците да објавуваат, да поднесуваат, прикажуваат или пренесуваат на други корисници или личности содржини или материјали (колективно, „Придонеси од корисници“) на или преку YouVersion.

Меѓутоа, ние не преземаме одговорност да ги разгледуваме придонесите од корисниците или кој било друг материјал пред да биде објавен на или преку YouVersion и не можеме да обезбедиме брзо отстранување на непристоен материјал откако ќе биде објавен. Значи, ние не преземаме никаква одговорност за каква било активност или неактивност во врска со преносите, комуникациите или содржината што ги дава некој корисник или трето лице.

Сите придонеси од корисници мора да се усогласат со овие Правила. Со обезбедување на каков било придонес на корисник на или преку YouVersion, ти ни даваш нам и на нашите даватели на услуги, како и секој од нивните и нашите лиценци, наследници и доделувачи, право на користење, репродукција, модифицирање, извршување, прикажување, дистрибуирање и на друг начин откривање на трети лица, каков било материјал со цел да ја понудиме функцијата од YouVersion што ја бараш или на друг начин да ја користиш. Ти ги претставуваш и гарантираш дека ги поседуваш или ги контролираш сите права во и на придонесите од корисниците и имаш право да ја дадеш оваа лиценца и дека сите твои кориснички придонеси се и ќе бидат во согласност со овие Правила. Ние не сме одговорни пред која било трета страна за содржината или точноста на какви било кориснички прилози испратени од тебе или кој било друг корисник на YouVersion.

Безбедност на сметка

YouVersion им овозможува на корисниците да регистрираат сметка („Членови“) која бара давање на одредени информации на YouVersion. Ти се согласуваш дека сите информации што ги доставуваш за да станеш член и да се регистрираш на YouVersion, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на информациите обезбедени преку употреба на какви било интерактивни функции на YouVersion, е регулирано со нашата Политика на приватност и ти се согласуваш со сите дејства кои ние ги преземаме во однос на твоите информации во согласност со нашата Политика на приватност.

Ако одбереш или веќе имаш корисничко име, лозинка или слични информации како дел од нашите безбедносни процедури, ти се согласуваш да ги третираш таквите информации како доверливи и се согласуваш веднаш да нè известиш за кој било неовластен пристап или користење на твоето корисничко име или лозинка или какво било прекршување на безбедноста. Ние имаме право да го оневозможиме секое корисничко име, лозинка или друг идентификатор, без разлика дали ти го имаш одберено или е обезбедено од нас, во кое било време ако според нашето мислење имаш повредено која било одредба од овие Правила.

Мониторинг и спроведување; Правна усогласеност; Прекинување

Ти се согласуваш дека имаме право да:

  • преземеме каква било акција во однос на кој било корисник, членска сметка или придонес од корисник доколку сметаме дека е неопходно или соодветно во наша дискреција ако веруваме дека постои повреда на овие Правила, повреда на правата на трети лица, закана за личната безбедност на другите, или закана или одговорност или штета на добрата волја поврзана со YouVersion или Life.Church;
  • преземеме соодветни мерки, вклучувајќи, без ограничување, упатување за спроведување на законот и откривање на твоите информации, за каква било незаконска или неовластена употреба на YouVersion; и
  • престанеме или да го суспендираме пристапот до целиот или дел од YouVersion за која било причина или без причина, вклучувајќи без ограничување, какво било кршење на овие Правила.

Без да го ограничиме горенаведеното, имаме право целосно да соработуваме со сите органи за спроведување на законот или со судски налог, барајќи или упатувајќи нè да го откриеме идентитетот или други информации за некој кој објавува материјали на или преку YouVersion. ТИ СЕ ОТКАЖУВАШ ОД БАРАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ КОН LIFE.CHURCH И НЕЈЗИНИТЕ ПРИМАТЕЛИ НА ЛИЦЕНЦИ КАКО ДОБАВУВАЧИТЕ НА УСЛУГИ, И СИТЕ НЕЈЗИНИ ВРАБОТЕНИ, СЛУЖБЕНИЦИ И ДИРЕКТОРИ ОД КАКВИ БИЛО ПРАВНИ БАРАЊА ОД КАКВА БИЛО АКЦИЈА ПРЕД КАКВИ БИЛО ПРЕДИЗВИЦИ ИЛИ КАКО РЕЗУЛТАТ НА ПРАВНИ ИСТРАЖУВАЊА И ОД НЕКОИ ДЕЈСТВА КАКО ПОСЛЕДИЦА НА ИСТРАГИ ОД LIFE.CHURCH ИЛИ ДРЖАВНИТЕ ИСТРАЖНИ ОРГАНИ.

Твое потпирање на информации и преводи

Информациите презентирани на или преку YouVersion се достапни само за општи информации. Ние не ја гарантираме точноста, комплетноста или корисноста на оваа информација. Секоја потпирање на таквите информации е строго на твој сопствен ризик. Покрај тоа, иако ние се стремиме да обезбедиме информации што се наоѓаат на YouVersion на различни јазици, преводот до други јазици, освен англискиот од содржината на YouVersion, ни се обезбедуваат од други страни и ние не ја застапуваме или гарантираме точноста на тие преводи. Ние се откажуваме од одговорност што произлегува од каква било доверба кон таквите материјали од твоја страна или од страна на некој друг посетител на YouVersion или на некој што може да биде информиран од некоја од неговите содржини.

Права на интелектуална сопственост

YouVersion и неговата содржина, карактеристики и функционалност (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на сите информации, софтвер, текст, прикази, слики, видео и аудио, како и дизајнот, изборот и уредувањето на истите), се во сопственост на Life.Church, неговите даватели на лиценци или други провајдери на таков материјал и се заштитени од САД и меѓународни авторски права, трговски марки, патенти, трговска тајна и други закони за интелектуална сопственост или сопственички права.

Логоа и дизајн

Името на YouVersion, името и логото на Life.Church, сите поврзани имиња, логоа, имиња на производи и услуги, дизајни и слогани се заштитни знаци и/или авторски права на Life.Church. Не смееш да ги користиш овие ознаки и авторските права без претходна писмена дозвола од Life.Church. Сите други имиња, логоа, имиња на производи и услуги, дизајни и слогани на YouVersion се заштитни знаци на нивните соодветни сопственици.

Повреда на интелектуална сопственост

Ако сметаш дека која било содржина на YouVersion, вклучувајќи ги и корисничките придонеси, ги повредуваат твоите права на интелектуална сопственост, вклучувајќи ги и авторските права, те молиме испрати ни известување за повреда на авторските права на legal@life.church. Те молиме да имаш предвид дека политиката на Life.Church е да се прекинат корисничките сметки на повторувачките прекршители.

Линкови и услуги на трети лица

YouVersion може да вклучува содржина обезбедена од трети страни. Ако YouVersion содржи линкови до други сајтови и скокачки прозорци и слични ресурси обезбедени од трети страни, овие линкови и ресурси се обезбедени само за твоја погодност. Ние немаме контрола врз содржината на тие сајтови или ресурси и не прифаќаме никаква одговорност за нив или за каква било загуба или штета што може да настане од нивното користење. Ако одлучиш да пристапиш на која било од веб-страниците на трети страни поврзани со YouVersion, тоа го правиш целосно на твој сопствен ризик и под правилата и условите за користење на таквите веб-страници. Сите изјави и/или мислења изразени во овие материјали и сите статии и одговори на прашања и други содржини, освен содржината обезбедена од Life.Church, се само мислења и одговорност на лицето или ентитетот кое ги обезбедува тие материјали. Овие материјали не мора да го одразуваат мислењето на Life.Church. Ние не сме одговорни кон тебе или кон која било трета страна за содржината или точноста на кој било материјал обезбеден од трети страни.

Поврзување од и до YouVersion и карактеристиките на социјалните медиуми

YouVersion може да обезбеди одредени функции кои ти овозможуваат да се поврзеш со социјалните медиуми, како и со други веб-страници и апликации на трети страни и да споделуваш информации и комуникации со и од YouVersion со услуги од такви трети страни. Овие функции можеш да ги користиш само како што се обезбедени од нас, само во однос на содржината со која се прикажани и на друг начин во согласност со овие Правила и какви било дополнителни услови што ги даваме во однос на таквите карактеристики. Ние можеме да ги исклучиме сите или некои од овие функции во секое време без претходна најава по наша дискреција.

Географски ограничувања

Life.Church, сопственик на YouVersion, е со седиште во државата Оклахома во САД. Ние не тврдиме дека YouVersion или која било од неговите содржини е достапна или соодветна надвор од САД. Пристапот до YouVersion може да не биде легален од одредени лица или во одредени земји. Ако пристапувате до YouVersion надвор од САД, тоа го правите на сопствена иницијатива и сте одговорни за усогласеност со локалните закони.

Оградување од гаранции

ТВОЈАТА УПОТРЕБА НА YOUVERSION, СОДРЖИНАТА И СЕВКУПНА ФУНКЦИОНАЛНОСТ, УСЛУГИ ИЛИ НЕШТА ДОБИЕНИ ПРЕКУ YOUVERSION Е НА ТВОЈ СОПСТВЕНИОТ РИЗИК. СЕТО ОВА Е ПОНУДЕНО НА ОСНОВА „КАКО ШТО Е“ И „КАКО ШТО Е ДОСТАПНО“, БЕЗ КАКВИ БИЛО ГАРАНЦИИ, НИТУ ЕКСПЛИЦИТНИ, НИТУ ИМПЛИЦИРАНИ. ДОПОЛНИТЕЛНО, НИТУ LIFE.CHURCH НИТУ КОЈ БИЛО ПОВРЗАН СО LIFE.CHURCH, ДАВА КАКВИ БИЛО ГАРАНЦИИ ИЛИ НУДИ ЗАСТАПУВАЊЕ ВО ОДНОС НА КОМПЛЕТНОСТА, БЕЗБЕДНОСТА, ВЕРОДОСТОЈНОСТА, КВАЛИТЕТОТ, ТОЧНОСТА ИЛИ ДОСТАПНОСТА НА YOUVERSION. БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ГОРЕНАВЕДЕНОТО, НИТУ LIFE.CHURCH НИТУ КОЈ БИЛО ПОВРЗАН СО LIFE.CHURCH, ДАВА КАКВИ БИЛО ГАРАНЦИИ ИЛИ НУДИ ЗАСТАПУВАЊЕ ВО ОДНОС НА YOUVERSION, СОДРЖИНАТА И СЕВКУПНА ФУНКЦИОНАЛНОСТ, УСЛУГИ ИЛИ НЕШТА ДОБИЕНИ ПРЕКУ YOUVERSION ЌЕ БИДАТ ТОЧНИ, ВЕРОДОСТОЈНИ, БЕЗ ГРЕШКИ ИЛИ БЕЗ ПРЕКИН ВО УСЛУГИТЕ, ДЕКА ЌЕ БИДАТ ОТСТРАНЕТИ ДЕФЕКТИТЕ, ДЕКА YOUVERSION ИЛИ СЕРВЕРОТ КОЈ ЈА ПРАВИ УСЛУГАТА ДОСТАПНА, СЕ БЕЗ ВИРУСИ ИЛИ ДРУГИ ШТЕТНИ КОМПОНЕНТИ ИЛИ ДЕКА YOUVERSION ИЛИ КАКВИ БИЛО УСЛУГИ ИЛИ НЕШТА ДОБИЕНИ ПРЕКУ YOUVERSION ЌЕ ОДГОВОРАТ НА ВАШИТЕ ПОТРЕБИ ИЛИ ЌЕ ГИ ИСПОЛНАТ ВАШИТЕ ОЧЕКУВАЊА.

LIFE.CHURCH НЕ ГИ ПРИЗНАВА СИТЕ ГАРАНЦИИ ОД КОЈ БИЛО ВИД, ИЛИ ИЗРЕЧЕНИ ИЛИ ПОДРАЗБИРАНИ, СТАТУТАРНИ ИЛИ ПОИНАКВИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА КАКВИ БИЛО ГАРАНЦИИ ЗА ПРОИЗВОДОТ, НЕ-ПРЕКРШУВАЊЕ И СООДВЕТНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА ЦЕЛ.

ГОРЕНАВЕДЕНОТО НЕ ВЛИЈАЕ НА КАКВИ БИЛО ГАРАНЦИИ КОИ НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ИСКЛУЧЕНИ ИЛИ ОГРАНИЧЕНИ СПОРЕД СООДВЕТНО ЗАКОНОДАВСТВО.

Ограничување на одговорност

ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ LIFE.CHURCH, НЕГОВИТЕ ЛИЦЕНЦОРИ, ОБЕЗБЕДУВАЧИТЕ НА УСЛУГИ, ИЛИ КОЈ БИЛО ОД НИВНИТЕ ВРАБОТЕНИ, АГЕНТИ, ОФИЦЕРИ ИЛИ ДИРЕКТОРИ НЕМА ДА БИДАТ ОДГОВОРНИ ЗА ШТЕТИТЕ ОД КАКОВ БИЛО ВИД, ПОД КАКВИ БИЛО ПРАВНИ ТЕОРИИ, КОИ ЌЕ СЕ ПОЈАВАТ ВО ВРСКА СО ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ ИЛИ НЕДОСТАТОК НА КОРИСТЕЊЕ, YOUVERSION, КОЈА БИЛО ВЕБ-СТРАНИЦА ПОВРЗНА СО НЕА, КАКВА БИЛО СОДРЖИНА ПОНУДЕНА ПРЕКУ ИЛИ НА YOUVERSION ИЛИ ТАКВИ ДРУГИ ВЕБ-СТРАНИЦИ ИЛИ КОИ БИЛО ДРУГИ УСЛУГИ ИЛИ ПРЕДМЕТИ ДОБИЕНИ ПРЕКУ YOUVERSION, ВКЛУЧУВАЈЌИ НЕКОИ ДИРЕКТНИ, ИНДИРЕКТНИ, ПОСЕБНИ, СЛУЧАЈНИ, ПОСЛЕДИЧНИ ИЛИ КАЗНЕНИ ШТЕТИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА ЛИЧНА ПОВРЕДА, БОЛКА И СТРАДАЊЕ, ЕМОЦИОНАЛНА ПОВРЕДА, ГУБЕЊЕ НА ПРОФИТ, ГУБЕЊЕ НА БИЗНИС ИЛИ ОЧЕКУВАНИ ЗАШТЕДИ, ГУБЕЊЕ НА УПОТРЕБА, ГУБЕЊЕ НА ДОБРА, ГУБЕЊЕ НА ПОДАТОЦИ, ПРИЧИНЕТИ ОД ДЕЛИКТ (ВКЛУЧУВАЌИ НЕВНИМАНИЕ) КРШЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ ИЛИ СЛИЧНО, ДУРИ И АКО Е ПРЕДВИДЕНО.

ГОРЕНАВЕДЕНОТО НЕ ВЛИЈАЕ НА КАКВИ БИЛО ОДГОВОРНОСТИ КОИ НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ИСКЛУЧЕНИ ИЛИ ОГРАНИЧЕНИ СПОРЕД СООДВЕТНО ЗАКОНОДАВСТВО.

Надоместување

Ти се согласуваш да ги браниш, обештетиш и ослободиш од вина Life.Church, нејзините филијали, даватели на лиценци и даватели на услуги и нивните службеници, директори, вработени, изведувачи, агенти, даватели на лиценца, добавувачи, наследници и се оградуваш од какви било побарувања, обврски, штети, пресуди, награди, загуби, трошоци или такси (вклучувајќи разумни адвокатски такси) кои произлегуваат од или се однесуваат на твојата повреда на овие Правила или твојата употреба на YouVersion, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на, твоите кориснички придонеси, користењето на содржината на YouVersion, услугите и производите, освен оние што се изрично одобрени во овие Правила или употребата на какви било информации добиени од YouVersion.

Управувачко право и надлежност

Сите прашања, спорови или барања што се однесуваат на YouVersion и овие Правила (вклучувајќи и вондоговорни спорови или побарувања), се уредуваат и се толкуваат во согласност со внатрешните закони на државата Оклахома, без да се спроведе каков било избор или судир на законска одредба или правило. Секоја судска постапка, постапка или акција што произлегува од или во врска со овие Правила или YouVersion ќе се спроведуваат исклучиво во федералните судови на САД или во судовите на државата Оклахома, во секој случај лоциран во градот Оклахома Сити, Оклахома Каунти. Со прифаќање на овие Правила и користење на YouVersion, се откажуваш од кои било и сите приговори на извршувањето на надлежноста над тебе од страна на таквите судови и до местата во таквите судови.

Откажување од одговорност и парцијална невалидност

Life.Church може да се откаже од своите права според овие Правила само во писмена форма. Ако некоја одредба од овие Правила се утврдат на суд или друг трибунал од надлежна јурисдикција како неважечки, нелегални или неприменливи од која било причина, таквата одредба ќе биде отстранета или ограничена на минимален степен, така што останатите одредби од овие Правила ќе продолжат со целосна сила и ефект.

Целосен договор

Овие Правила и нашата Политика на приватност го сочинуваат единствениот и целосниот договор помеѓу тебе и Life Covenant Church, Inc. во врска со YouVersion и се заменуваат сите претходни и истовремени сознанија, договори, застапувања и гаранции, и писмени и усни, во однос на YouVersion.

Твои коментари и загрижености

YouVersion е управувана од Life Covenant Church, Inc., од Оклахома, непрофитна корпорација, која се наоѓа на 4600 E. 2nd St., Edmond, Oklahoma 73034. Сите повратни информации, коментари, барања за техничка поддршка и други комуникации во врска со YouVersion треба да бидат насочени преку испраќање на е-пошта на help@youversion.com или преку веб-страницата help.youversion.com, или испратена на адресата погоре. Сите повратни информации што ќе ни ги доставиш ќе се сметаат за не-доверливи. Life.Church ќе биде слободна да ги користи таквите информации на неограничена основа.