Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Надежта од БожиќПримерок

The Hope Of Christmas

9 ДЕН ОД 10

Што значи да се биде изгубен



Прочитај ги денешните стихови.



Доколку не ја разбираш целта на Божиќ, слободно прескокни ги Божиќните светилки и украсувања оваа година. Можеш слободно да заборавиш и на божиќните подароци. Можеш исто така да заборавиш на божиќната вечера.



Доколку не знаеш зошто славиме Божиќ, целото тоа славење нема никаква смисла.



За да се пронајде смислата на Божиќ треба да убрзаш после шталата, Мудреците и пастирите. Исус ни ја кажа причината зошто дојде на Земјата на првиот Божиќ: „Зашто Човечкиот Син дојде да го бара и да го спаси изгубеното.“ (Лука 19:10)



Едноставно кажано, Исус дојде бидејќи луѓето се изгубени без Бог. Да се биде духовно изгубен значи да се биде одвоен од Бог, исклучен и надвор од употреба. Без Исус, секој човек во светот е изгубен - без разлика колку моќ, богатство или слава има.



Нашата изгубеност има огромни импликации врз нашите животи. За да знаеме зошто дојде Исус на Земјата мора да разбереме што значи да се биде изгубен. Без Бог ние го изгубивме следново:



• Нашата насока. Ние сме ограничени со мало разбирање за тоа каде треба да одиме и што треба да правиме во овој живот.

• Неговата заштита. Ние сме оставени самите на себе кога не сме под Божјата заштита. Тоа е една голема причина зошто многу луѓе се под стрес. Се обидуваат да живеат со сопствена грижа и заштита наместо со Божјата.

• Нашиот потенцијал. Нема да знаеме ни половинка од нашите таленти и дарови доколку не сме во врска со Него.

• Нашата среќа. Можеме да ги имаме сите пари и сета моќ на светот, но без Бог никогаш нема да имаме вистинска радост.

• Нашиот дом на Небото. Бог дозволува да се бунтуваме додека сме тука на Земјата, но нема бунтување на Небото.



Но ниту еден кој е изгубен не загубил ниту грам од својата вредност пред Бог. Дури и да немаш лична врска со Него, сепак имаш огромна вредност за Бог. Изгубеноста подразбира вредност. Колку и да е спремен да потроши некој за да врати нешто што е загубено само покажува колку вредно било тоа нешто.



Во најпознатиот библиски стих Исус јасно ја покажува нашата вредност: „Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.“ (Јован 3:16)



Радосната вест е дека Бог толку нè засака што го прати Својот Син на Земјата на првиот Божиќ за да нè пронајде и да нè спаси. Тоа е причината за славење!

Свето Писмо

Ден 8Ден 10

Опис за овој план

The Hope Of Christmas

За многумина, Божиќ стана една долга листа на нешта што треба да се направат, а која ги прави уморни и желни за 8ми Јануари. Во оваа серија на пораки пасторот Рик сака да ти помогне да се сетиш на причината зошто се слав...

More

Оваа побожност е заштитена © 2014 од страна на Рик Ворен. Сите права се задржани. Употребено со дозвола.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност