Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Надежта од БожиќПримерок

The Hope Of Christmas

5 ДЕН ОД 10

Не пропуштај го делото на Исус



Прочитај Јован 4:10.



Во овој момент има ТВ и радио сигнали насекаде околу тебе. Ако имаш приемник ќе можеш да видиш што има на тие бранови. Но само поради тоа што не ги гледаш не значи дека не се вистински. Едноставно не си приклучен.



Така беше и во Витлеем вечерта на првиот Божиќ. И покрај тоа што Витлеем имаше гостилница чија единствена цел беше да се грижи за патувачите, сепак немаше место во таа гостилница за најважното семејство патувачи во Витлеем таа ноќ.



Овој Божиќ, немој да пропуштиш една важна споредба од оваа приказна со нашето сопствено срце. Твоето срце е создадено да го содржи Бог. Ти си создаден од Бог и за Бог. Сè додека не го разбереш тоа, твојот живот нема да има смисла. За жал, ние ги исполнуваме нашите животи со други работи. Покануваме гости во нашите домови. Нашето срце е исполнето со други идеи, интереси, вредности, сакања и посветености.



Нашите животи се толку преполни што не сме ни свесни дека Исус се појавува околу нас. Бог се појавува во нашите животи цело време, давајќи ни прилики кои мислевме дека нема да ги добиеме, во сред проблемите кои не знаевме дека ќе ги имаме. Но често пати, ние едноставно не го гледаме Него.



Ова се случуваше во Библијата многу пати. Исус ќе се појавеше и ќе разговараше со луѓе кои никогаш не сфатија Кој беше Тој. Во книгата на Јован, Исус седеше покрај еден бунар кога дојде една жена до Него, барајќи вода. Таа не го препозна Исус. Всушност, таа навлезе во една религиозна дебата со Синот Божји! Тогаш Исус ѝ рече: „Кога би знаела за Божјиот дар и Кој е Оној што ти вели: ‘Дај ми да пијам,’ ти би побарала од Него и Тој би ти дал жива вода.“ (Јован 4:10) Но жената не го препозна Исус.



Бог работи насекаде околу тебе - не само во време на Божиќ туку и преку целата година. Дали е можно ти или луѓето кои ги сакаш да го пропуштат Него?

Свето Писмо

Ден 4Ден 6

Опис за овој план

The Hope Of Christmas

За многумина, Божиќ стана една долга листа на нешта што треба да се направат, а која ги прави уморни и желни за 8ми Јануари. Во оваа серија на пораки пасторот Рик сака да ти помогне да се сетиш на причината зошто се слав...

More

Оваа побожност е заштитена © 2014 од страна на Рик Ворен. Сите права се задржани. Употребено со дозвола.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност