Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Надежта од БожиќПримерок

The Hope Of Christmas

3 ДЕН ОД 10

Исусовата Божиќна листа



Прочитај ги денешните стихови.



Повеќе од 50 години моето семејство има традиција да организира роденденска забава за Исус. Тоа започна кога имав 3 години и ја прашав мајка ми „Што е Божиќ?“ Таа ми кажа дека е роденденот на Исус. Со прекрасна трогодишна логика јас реков: „Треба да направиме роденденска забава!“ И направивме, комплет со роденденска торта, сокчиња, песни, грицки и свеќички.



Ја задржавме оваа традиција веќе четири генерации. Роденденската забава за Исус стана еден свет момент кога ја читаме Божиќната приказна, споделуваме за што сме благодарни и што му даваме на Исус - ова стана еден од најнезаборавните делови од прославата.



Често пати, Исус останува исфрлен надвор за време на Божиќ. Замисли јас да испланирам роденденска забава за тебе и да поканам многу луѓе. Сите донесуваат многу подароци, па дури и си разменуваат подароци - а ти не добиваш ништо.



Тоа е Божиќ. Му даваме подароци на секого само не на Исус. Но ајде да бидеме искрени - што може да му дадеме на Бог Кој има сè?



Всушност, Исус нема сè. Има четири нешта што Тој ги нема освен ако не му ги дадеш овој Божиќ:



Дај му ја твојата доверба. Верата е доброволна работа. Исус ја нема твојата доверба доколку не му ја дадеш. Никогаш нема со сила да ја побара.



Постави го Исус на прво место во твојот живот. Ако нешто или некој друг освен Исус го држи првото место во твојот живот, тоа е идол. Овој Божиќ одбери да го поставиш Исус на прво место во твоите финансии, интереси, врски, распоред - па дури и во твоите неволји.



Дај му го на Исус твоето срце. Твоето срце е сето она што го сакаш, што го вреднуваш и за што најмногу се грижиш. Исус вели: „Зашто, срцето секогаш ќе ви биде таму каде што ви е богатството.“ (Лука 12:34 MNT) Еден важен начин како може да му се даде срцето на Бог овој Божиќ е преку давање на твоите ресурси за Неговото дело. На Исус не му требаат твоите пари, но Тој го сака она што тие ресурси претставуваат - а тоа е твоето срце.



Доведувај други луѓе кај Исус. Бог сака едно семејство повеќе од сè друго овој Божиќ. Тој сака деца кои избираат да Го сакаат и да Му веруваат. Тое е причината зошто го славиме Божиќ. Покани некого кај Исус овој Божиќ. Кажи некому што направи Исус во твојот живот.



Библијата ни вели дека Мудреците не му дадоа на Исус остатоци кога го посетија на првиот Божиќ туку наместо тоа подарија три многу скапоцени и вредни дарови: „Паднаа ничкум и Му се поклонија; ги отворија своите сокровишта и Му принесоа дарови: злато, темјан и смирна.“ (Матеј 2:11)



Како што ќе му ја дадеш твојата доверба на Исус, ќе го направиш да биде на прво место во твојот живот, ќе дадеш од она што ти е вредно за Неговото дело, ќе доведуваш други луѓе кај Него, така со сето тоа ќе му дадеш подароци на Исус кои се многу повредни од оние што му ги донесоа Мудреците.



Така кажи му на Исус „Среќен роденден“ овој Божиќ. Дај му го твоето најдобро.

Свето Писмо

Ден 2Ден 4

Опис за овој план

The Hope Of Christmas

За многумина, Божиќ стана една долга листа на нешта што треба да се направат, а која ги прави уморни и желни за 8ми Јануари. Во оваа серија на пораки пасторот Рик сака да ти помогне да се сетиш на причината зошто се слав...

More

Оваа побожност е заштитена © 2014 од страна на Рик Ворен. Сите права се задржани. Употребено со дозвола.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност