Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Надежта од БожиќПримерок

The Hope Of Christmas

7 ДЕН ОД 10

Запознај го твојот Создател



Прочитај ги денешните стихови



Во ова време од годината сите ние имаме многу важни задачи за завршување. Спремаме годишни извештаи. Имаме празници за планирање. И, се разбира, имаме подароци за купување.



Но имаш нешто многу поважно да се фокусираш на овој Божиќ: да развиеш лична и растечка врска со Исус.



Зошто треба да го запознаеш Исус подобро? Има барем две многу важни причини.



Пред сè, Исус те создаде. Библијата вели: „Уште на почетокот постоеше Зборот. Зборот беше со Бог и Зборот беше Бог. Од самиот почеток, Зборот беше со Бог. Се што постои беше создадено преку Зборот. Не постои ништо создадено, кое не беше создадено преку Зборот! И самиот живот беше во Зборот, и Тој живот им дава светлина на луѓето.“ (Јован 1:1-4 MNT)



Имаш прилика не само да го запознаеш Создателот на универзумот туку исто така да го запознаеш твојот Создател. Си слушнал како велат луѓето: „Кога се сомневаш, прочитај го упатството.“ Да се познава Исус е многу подобро. Ако сакаш да знаеш како да добиеш повеќе од животот, зошто да не го запознаеш Оној Кој те создал?



Второ, Исус го отвора твоето срце да ужива еден живот исполнет со цел, мир и сила. Врската со Исус ти обезбедува место на Небото, но и повеќе од тоа. Бог ветува еден живот исполнет со смисла, мир и сила на сите кои Го познаваат.



Личното познавање на Исус го менува целиот твој начин на живеење. Цел, сила и мир се само почетоци на она што сака Бог да ти го даде во овој живот.



За жал, повеќето луѓе живеат на еден мал и безначаен начин бидејќи си ги исполнуваат нивните животи со безначајни активности.



Како што се доближува Божиќ оваа година, помисли на гостилничарот кој не направи место за Исус на првиот Божиќ. Со тоа дело тој не го спречи раѓањето на Исус. Неговото дело не го спречи Божјиот план во историјата. Тоа само му наштети нему. Ја пропушти приликата да го прими Синот Божји при Неговото раѓање.



Истото важи и за тебе. Ако не одвоиш време да го запознаеш Исус, ќе ја испуштиш приликата да го запознаеш својот Создател. Ќе ја пропуштиш приликата да имаш цел, мир и сила кои доаѓаат само преку Синот Божји. Ја пропушташ Неговата цел за твојот живот ако никогаш не направиш место за Него.
Ден 6Ден 8

Опис за овој план

The Hope Of Christmas

За многумина, Божиќ стана една долга листа на нешта што треба да се направат, а која ги прави уморни и желни за 8ми Јануари. Во оваа серија на пораки пасторот Рик сака да ти помогне да се сетиш на причината зошто се слав...

More

Оваа побожност е заштитена © 2014 од страна на Рик Ворен. Сите права се задржани. Употребено со дозвола.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност