Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Надежта од БожиќПримерок

The Hope Of Christmas

1 ДЕН ОД 10

Еден збор до мудрите



Прочитај ги денешните стихови.



Погледни ја сликата на Раѓањето Христово и најверојатно ќе забележиш една група на луѓе на кои изгледа како да не им е место во шталата: Мудреците. Сме се навикнале на нив, но ако погледнете на сликата повнимателно тие изгледа како да не припаѓаат таму поради своите богати облеки и специјални дарови.



Но за мене, тие се најфасцинантните луѓе во Божиќната приказна. Не знаеме многу за нив. Не знаеме кои се и од каде се. Библијата ги нарекува „Мудреци“. Мудреците биле комбинација од филозофи, научници и астрономи. Тие биле посебно богати и добро образовани. Но тоа е навистина сè што знаеме за нив.



Но, знаеме и дека биле мудри. Всушност, можеме многу да научиме од мудроста што ја покажуваат во Божиќната приказна.



Покрај другите лекции од Мудреците, може да научиме да бидеме трагатели по вистината. Мудрите луѓе не се задоволни со претпоставки или шпекулации. Тие сакаат да ја знаат вистината за Бог, за нивното минато и за нивната иднина. Мудреците прашаа: „Каде е Новородениот Јудејски Цар?“ (Матеј 2:2а)



Мудрите луѓе го бараа Исус. Мудрите мажи и жени сеуште Го бараат денес.



Постојат два вида на луѓе во животот кога станува збор за вистината: шпекуланти и трагачи. Шпекулантите даваат претпоставки за вистината. Шпекулантите мислат дека знаат каков е Бог.



Шпекулантите сакаат да се расправаат и да дискутираат за Бог, но тие само претпоставуваат - бидејќи всушност не сакаат да ја знаат вистината. Тие само сакаат да зборуваат за неа.



Од друга страна, Бог ги љуби оние кои ќе одвојат време за да ја пронајдат вистината. Трагачите прават четири нешта:



• Поставуваат прашања.

• Проучуваат.

• Гледаат што се случува околу нив.

• Прават сè што треба за да дојдат до одговори.



Тие Го бараат Исус со сè што имаат. Бог ги сака трагачите. Библијата ни вели: „Таму ќе Го бараш Господа, својот Бог. И ќе Го најдеш ако го бараш со сето свое срце и со сета своја душа.“ (Повторени закони 4:29)



Ако си искрено сериозен за откривање на вистината, не можеш да ја промашиш.



Бог нема да го дозволи тоа.
Ден 2

Опис за овој план

The Hope Of Christmas

За многумина, Божиќ стана една долга листа на нешта што треба да се направат, а која ги прави уморни и желни за 8ми Јануари. Во оваа серија на пораки пасторот Рик сака да ти помогне да се сетиш на причината зошто се слав...

More

Оваа побожност е заштитена © 2014 од страна на Рик Ворен. Сите права се задржани. Употребено со дозвола.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност