3 Макавејска Вовед

Вовед
Книгата го носи називот „Макавејска“, иако нејзината содржина не е поврзана со Макавеите, како што тоа е случајот со претходните две книги Макавејска. Името го добила најверојатно затоа што во старите кодекси на грчкиот превод Септуагинта се наоѓала веднаш по I и II книга Макавејска.
Содржина: Елинскиот цар на Египетското царство Птоломеј ИВ Филопатор (221-204 пр.Хр.), по победната над Селевкискиот цар Антиох III Велики (238-287 пр.Хр.) кај местото Рафија (217), обиколувајќи ги градовите во Палестина дошол во Ерусалим и, покрај протестот на народот и на првосвештеникот Симон, сакал да влезе во самата Светиња на Божјиот храм, но во тој негов обид на чудесен начин бил спречен од Бога. После тоа понижување, царот одлучил да им се освети на Евреите во Александрија и во Египет; тој им наредил да принесат жртви на идолите, а тие кои одбијат да го сторат тоа, да бидат приведат и запишани, се со цел да се истребат Евреите и нивната вера. Бог промислително ги избавил Евреите од предвиденото уништување, а потоа и самиот цар Птоломеј се покајал и станал нивен заштитник.
Во III книга Макавејска се истакнува библиската вера на Евреите како Избран народ и неговата верност спрема Бога, Храмот и Законот. Во своите молитви се обраќа директно на Бога, кој, како и порано во библиската историја, директно интервенира како спасител на Својот народ.

ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖

3 Макавејска Вовед: MK2006D

គំនូស​ចំណាំ

ចែក​រំលែក

ចម្លង

None

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល