2 Макавејска 15

15
Хулењето на Никанор
1 # 1 Мак 7,39-50 Кога Никанор разбра дека Јуда и неговите луѓе се наоѓаат во Са­марија, реши, без да се изложува на не­каква опасност, да ги нападне во са­бо­тен ден. 2#12,22И кога Јудејците, кои присилно го при­дружуваа, му велеа: „Не уништувај ги така жестоко и нечовечно; почитувај го денот, кој е посветен од Оној, кој бдее над сите нас,“ 3#8,34; 2 Мојс 20,8-11; 5 Мојс 5,12тогаш тој безбожник ги праша: „Зар има Господ на небото, Кој заповедал да се празнува саботниот ден?“ 4И тие му одговорија: „Има жив Гос­под, Господар Небесен, Кој заповедал да се празнува саботниот ден,“ 5Тој пак рече: „А јас сум господар на земјата, кој заповеда да се земе оружје и да се извршуваат царските работи.“ Се­пак, не успеа да го изврши своето зло­на­мерно решение.
Сонот на Јуда
6Исполнет со голема гордост, Ника­нор се надеваше дека ќе извојува целосна победа над оние што беа со Јуда. 7А Макавеј не престануваше да се на­дева со увереност дека ќе добие помош од Господ. 8#8,19-20Тој ги храбреше оние, кои беа со не­го, и им велеше да не се плашат од на­падот на незнабошците, да си спомнат за помошта што порано им била давана од небесата, па и сега да ја чекаат своја­та помош и победа од Седржителот. 9#Мт 5,17; Дела 13,15Утешувајќи ги со ветувањата на За­конот и на пророците, припомнувајќи им ги нивните сопствени подвизи во из­минатите битки, тој ги зацврсти во храброста. 10#5,25; 12,3; 1 Мак 6,62Откако на таков начин го поткрепи нивниот дух, тој им укажа и на веро­ломноста на незнабошците и нарушу­вањето на нивните ветувања и заклетви. 11Така тој го вооружи секого од нив не толку со остри мечеви и копја, колку со убедливи добри зборови; и ги зарадува сите, откако им раскажа и еден веродостоен сон. 12#3,10.31-34; 4,2.5Еве го неговиот сон: го видел некогашниот првосвештеник Онија човек чесен и добар, скромен во однесувањето, со блага природа, кроток, слаткоре­чив, кој уште од детството беше усвоил со ревност сѐ што води кон придобива­ње на добродетели. Него го видел со из­дигнати раце како се моли за сиот јудеј­ски народ. 13Потоа се појавил еден друг маж, ук­расен со бели коси и со сјај, окружен со чудна и необична величественост. 14#2,1-8; 1 Мојс 18,24; 2 Мојс 32,11; Јов 42,8А Онија рекол: „Овој е братољубецот Еремија, Божјиот пророк, кој се мо­ли многу за народот и за светиот храм.“ 15#Ер 12,12Тогаш Еремија ја пружи својата десна рака и му даде на Јуда златен меч, и подавајќи му, го рече: 16„Земи го овој меч, тој ти е дар од Бога. Со него ќе ги скршиш неприја­те­лите.“
Поразот и смртта на Никанор
(1 Мак 7,39-50)
17Утешени и охрабрени од овие убави зборови на Јуда, кои многумина ги вдахновија со јунаштво, а младите срца ги исполни со храброст, Јудејците решија да не постават логор, туку веднаш да ги нападнат непријателите, гради в гради, и јуначки да решат сѐ, зашто градот, светоста и храмот се наоѓаат во опасност. 18Борбата за жените и децата, за бра­ќата и роднините, им се чинеше помал­ку важна, отколку што беа загрижени пред сѐ за Божјиот храм. 19Не помалку се вознемируваа и оние што беа останале во градот; тие беа загрижени и исплашени поради битката на отворено поле. 20#1 Мак 6,36.38И тогаш кога сите очекуваа, кога чувствуваа дека се приближува ре­ша­вачката битка, кога непријателите се соединија и кога војската беше наредена за борба, кога слоновите беа доведе­ни на нивните соодветни места, а коњи­цата разместена на двете страни, 21Макавеј, штом го виде прибли­жу­ва­њето на многубројната војска, разно­видното оружје и страшниот изглед на слоновите, крена раце кон небото и по­вика кон Господ, Кој гледа сѐ и Кој пра­ви чуда, бидејќи знаеше дека победата не се добива со оружје и дека Тој им ја дава на достојните. 22#8,19; 4 Цар 19,35Тој се помоли вака: „Господи, Ти му испрати ангел на Јудејскиот цар Езе­кија и тој изби сто осумдесет и пет илјади луѓе од војската на Сенахирим, 23#11,6и сега, Господи на небесата, испра­ти ни добар ангел пред нас за страв и трепет на нашите непријатели. 24Со силата на Твојата десница удри ги оние што дошле да хулат против Твојот свет народ.“ Така ја заврши Јуда својата молитва. 25Оние што беа со Никанор, се приб­ли­жуваа со звуци од труби и со бојни извици, 26а оние што беа со Јуда во битките против непријателите, влегуваа со мо­литва во устата. 27#2,21Борејќи се со своите раце, и мо­леј­ќи Му се на Бога со своето срце, тие из­бија не помалку од триесет и пет илјади души и многу ѝ се израдуваа на очиг­ледната Божја помош. 28Кога, по бојот, се враќаа весело, слушнаа дека Никанор паднал мртов со целата своја бојна опрема. 29#12,37Кога стивна вревата и шумот, тие Го прославија Господа на јазикот од своите татковци. 30Тогаш Јуда, кој со душа и со тело се бореше за своите сограѓани, кој ги пос­вети своите најубави години за своите сонародници, нареди на Никанор да му биде отсечена главата и десната рака заедно со плешката и да бидат однесени во Ерусалим. 31#1 Мак 1,33-35Штом стигна таму, ги повика сво­ите сонародници и свештениците пред жртвеникот. Тогаш ги повика и оние од тврдината; 32па им ја покажа главата на хули­те­лот Никанор и раката негова, што ја бе­ше подигнал против домот на Се­др­жи­телот, опиен од својата неразумна гордост; 33#1 Мојс 40,19; 5 Мојс 28,26Нареди да му се отсече и јазикот на безбожниот Никанор, да го издробат и парченце по парченце да им даваат на птиците, а десната рака на тој безумник – да биде обесена спроти храмот. 34Тогаш сите, свртувајќи ги своите очи кон небото, Го прославија Господа, Кој им даде помош, велејќи: „Да е бла­гословен оној, Кој го запази неосквер­не­то свето место!“ 35#1 Цар 17,54; Јудита 14,1А главата на Никанор ја обеси на тврдината – на сите да им биде очигледен доказ за помошта од Господ. 36#Ест 9,20-21; 9,23.31Тогаш сите еднодушно решија: тој ден никогаш да не биде заборавен, туку да се празнува секоја година на тринае­сет­тиот ден во дванаесеттиот месец, кој на арамејски јазик се вика адар, наспроти денот на Мардохеј. 37Бидејќи работата со Никанор беше завршена, а Јудејците оттогаш завладе­аја со градот, затоа и јас со ова го завр­шувам моето прикажување. 38Ако ова мое излагање сум го сос­та­вил добро и убаво, тогаш и мојата жел­ба е исполнета. Ако, пак, сум го напра­вил слабо и недоволно, тогаш сум го на­правил она што сум можел. 39Зашто, не е слатко да се пие само вино, или пак, само вода, туку виното помешано со вода е повкусно и поздраво. Така е и со добро распоредената содржина на еден состав – тогаш е при­ја­тен за слухот на оние што го читаат, како и на оние што го слушаат. Тука ќе биде крајот.

ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖

2 Макавејска 15: MK2006D

គំនូស​ចំណាំ

ចែក​រំលែក

ចម្លង

None

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល