1 Макавејска 3

3
Пофалба за Јуда Макавејски
1Место него се издигна неговиот син Јуда, кој беше наречен Макавеј. 2На него му помагаа сите негови бра­ќа и приврзаниците на татко му; со ра­дост војуваа за Израил. 3Тој ја рашири славата на својот на­род; ставаше оклоп на себе како џин, се препашуваше со своите оружја и во­де­ше војна, бранејќи го народот со меч. 4#1 Мојс 49,9Во своите работи беше сличен на лав и како лавче рикаше за плен. 5#5,5.44Ги гонеше беззакониците, ги бараше и ги изгоруваше оние што го вознеми­руваа неговиот народ. 6#2,47Од страв пред него беззакониците се смирија и трепереа пред него; преку неговата рака дојде спасението. 7#Изреки 10,7На многу цареви им зададе голема мака и со своите дела го зарадува Јаков; споменот за него ќе биде вечно благо­словуван; 8навлезе во јудејските градови и ги истреби незнабошците и го одврати гне­вот од Израил; 9Името негово се прочу до крајот на земјата и ги собра сите расеани по светот.
Победа на Јуда над Аполониј и над Серон
10 # 1,29 Тогаш Аполониј ги повика незна­бошците и од Самарија насобра голема војска за да војува против Израил. 11Јуда го разбра тоа и излезе пред не­го, го уби и неговата војска ја уништи, а оние што останаа живи, се разбегаа. 12Им го одзедоа пленот, а Јуда му го зеде мечот и го носеше во борбите до крајот на животот. 13И слушна Серон, војсководецот на Сирија, дека Јуда собрал околу себе многу луѓе и многу верници, кои, во­дени од него, влегуваат во борби, 14па си рече: „Ќе си создадам име и ќе се прославам во царството, ако от­поч­нам војна против Јуда и против оние што се заедно со него и кои ги презира­ат царските зборови.“ 15Појде тој и со него силна безбож­ничка војска да му помогне за да им се одмазди на синовите Израилеви. 16#Ис.Н. 10,11Кога се доближија до височината Веторон, Јуда излезе пред нив со сосема малку свои луѓе. 17Тие, откако видоа пред себе толку голема војска, му рекоа на Јуда: „Како можеме ние малкумина да му се спротивставиме на ова големо множество? Освен тоа, многу сме истоштени, зашто денес сѐ уште ништо не сме јаделе.“ 18#4,10.40.55; 9,46; 16,3; 1 Цар 14,6; 17,46А Јуда им одговори: „Лесно може да се случи и многумина да паднат во рацете на малкумина; за Бога нема ни­каква разлика дали ќе спаси многумина или малкумина, 19бидејќи победата во битката не за­ви­си од големината на војската, туку силата доаѓа од небото. 20Тие доаѓаат против нас со голема гордост и со беззаконија да нѐ уништат нас, нашите жени и нашите деца, и да нѐ ограбат; 21а ние се бориме за нашите души и за нашите закони. 22#5 Мојс 1,29; 3,18-22Затоа Тој Самиот пред нашите очи ќе ги уништи; не плашете се ни најмал­ку од нив.“ 23Откако престана да говори, ненадеј­но ги нападна: Серон и сета негова вој­ска беа разбиени. 24#2 Цар 5Ги гонеше удолу до падините на Веторон сѐ до самата рамнина; од нив паднаа осумстотини мажи, а другите избегаа во филистејската земја. 25И сите околни безбожници почнаа да се плашат од Јуда и од неговите бра­ќа. 26За неговото име слушна и самиот цар; по сите народи се зборуваше за борбите на Јуда.
Антиох Четврти заминувајќи за Персија, му ги доверува царските обврски на Лисиј
27Кога за сето тоа слушна царот Ан­тиох, тој се распали со гнев, па испрати да ги соберат сите сили во неговото царство и собра голема војска; 28ја отвори својата ризница и им исплати на своите војници годишна плата и им заповеда во секоја прилика да бидат готови. 29Тогаш виде дека богатството во не­говата ризница е потрошено и дека при­ходите на државата се помали поради немирите и разурнувањата што ги на­прави тој во земјата, уништувајќи ги за­коните што постоеја уште од старо време. 30И почна да се плаши дека нема да може, освен само уште еднаш или двапати, да ги подмири издатоците и да дава подароци, како што ги даваше со широ­ка рака во минатото, надминувајќи ги со тоа своите претходници. 31Силно загрижен во својата душа, тој реши да оди во Персија за да собере даноци од таа земја и да земе што пове­ќе пари. 32#2 Мак 11,1Царските работи од реката Еуфрат до египетските предели му ги предаде на Лисиј, угледен човек, по потекло од царски род; 33#7,1-4на него му го довери и воспитува­њето на својот син Антиох, додека се врати тој; 34нему му ја предаде и половината од војската и слоновите и му даде заповед за сѐ што беше наумил, особено за жи­телите на Јудеја и Ерусалим: 35да испрати против нив војска, да ја сотре и да ја уништи силата на Израил и она што преостанало во Ерусалим да го избрише и споменот за тоа место, 36па тогаш на сите нивни земји да на­сели туѓинци и со ждрепка да им ја раздели земјата. 37Тогаш царот ја зеде другата поло­ви­на од војската и појде од Антиохија, престолнината на своето царство, во сто четириесет и седмата година, ја ми­на реката Еуфрат и ги заобиколи горните краишта.
Горгиј и Никанор
(2 Мак 8,8-15)
38Лисиј ги одбра Птоломеј, синот на Дори­мен, Никанор и Горгиј, храбри ма­жи и пријатели на царот; 39#1 Лет 19,18ги испрати со четириесет илјади пешаци и седум илјади коњаници, да појдат во Јудеја и, според царската за­повед, да ја опустошат. 40Тие појдоа со сета своја војска и дојдоа до Емаус и се улогорија таму во рамнината. 41Кога за ова слушнаа тамошните трговци, тие зедоа со себе многу сребро, злато и слуги и дојдоа во логорот да ги купуваат Израилците како робови; кон нив се придружија исто така група Сиријци и Филистејци. 42Јуда и неговите браќа видоа дека неволјите се умножуваат и дека непријателските војски поставиле логори во нивните предели, а разбраа и за царската наредба нивниот народ да биде поразен и уништен. 43И секој од нив му велеше на својот пријател: „Да го подигнеме нашиот народ од пропаста и да водиме војна за нашиот народ и за светињите.“ 44Се собраа сите за да се подготвува­ат за борба и да се помолат, да испросат милост и милосрдност. 45Ерусалим остана ненаселен како пустина; од неговите постојани жители немаше никој ни да влезе во него ни да излезе од него; се газеше по светите места, а во тврдината се беа населиле туѓинци, им беше станало живеалиште на безбожниците; беше одземена веселбата од Јаков, не се слушаше ни кавал ни цитра.
Собирот во Масифа
(2 Мак 8,16-23)
46 # Суд 20,1-3; 1 Цар 7,5; 10,17 Се собраа и отидоа во Масифа, спроти Ерусалим, бидејќи некогаш Масифа им беше на Израилците место за молитва. 47Тој ден постеа и се облекоа во вре­ќишта, главите си ги посипаа со пепел и ги раскинаа облеките свои; 48#2 Мак 8,23ја отворија книгата на Законот, ед­на од оние што ја бараа безбожниците за да ги насликаат ликовите на своите идоли во неа, 49#4 Мојс 6,2-21па ги изнесоа свештеничките одеж­ди, и првините и десетините: ги повикаа и назирите, кои ги беа исполниле своите денови, 50извикаа високо кон небото: „Што да правиме со нив и каде да ги сместиме? 51Светилиштето Твое се гази и е ос­квернето, а свештениците Твои се во жалост и понизност. 52Еве, незнабошците се собраа околу нас за да нѐ уништат. Ти знаеш што подготвуваат против нас. 53Како ќе можеме да им се против­ставиме, ако Ти не ни помогнеш?“ 54#5,33Тогаш трубите затрубија и извикаа со сиот свој глас. 55#2 Мојс 18,21Јуда му постави на народот старе­шини: илјадници, стотници, педесетници и десетари. 56#5 Мојс 20,5-8И им рекоа на оние што правеа куќи, што се беа наскоро ожениле, што насадиле лозје, како и на оние што се плашат, секој од нив, како што е според Законот, да се врати во својот дом. 57Потоа војската појде и постави логор јужно од Емаус. 58Јуда им рече на борците: „Препашајте се, бидете храбри и подготвени да ги нападнеме незнабошците што се собрани против нас за да нѐ уништат нас и нашите светињи; 59подобро е да умреме во борба, отколку да го гледаме злото на нашиот народ и на нашите светињи. 60Како е Божјата волја, така нека биде!“

ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖

1 Макавејска 3: MK2006D

គំនូស​ចំណាំ

ចែក​រំលែក

ចម្លង

None

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល