1 Макавејска 4

4
Битката кај Емаус
(2 Мак 8,23-29.34-36)
1Горгиј зеде пет илјади пешаци и ил­јада одбрани коњаници и војската појде во ноќта, 2за да ја нападне војската јудејска и да ги убие ненадејно; а оние што живееја во тврдината, му служеа како водачи. 3Јуда слушна и излезе сам со него­ви­те храбри војници за да ја разбие цар­ската војска во Емаус, 4додека непријателите беа далеку од логорот. 5А Горгиј дојде преку ноќта во лого­рот на Јуда и не најде никого, па почна да ги бара по ридиштата, велејќи: „Тие бегаат од нас.“ 6Штом се зазори, се појави Јуда во рамнината со три илјади војници, но тие немаа ни штитови, ни мечеви, како што посакуваа. 7Кога го видоа логорот на безбож­ни­ците и нивната силно вооружена војска, окружена со коњица, обучена за војна, 8#5 Мојс 20,1-4Јуда им рече на луѓето што беа со него: „Не плашете се од нивното мно­жество и од нападот нивни не плашете се. 9#2 Мојс 14Спомнете си како се спасија нашите предци во Црвеното Море кога фа­ра­о­нот ги гонеше со својата војска. 10Да извикаме сега кон Бога и може­би ќе се смилува на нас, ќе си спомни за заветот со нашите татковци и оваа вој­ска ќе ја уништи пред нашето лице; 11тогаш сите незнабошци ќе разберат дека Израил има свој Избавител и Спасител.“ 12Тогаш туѓинците ги подигнаа сво­ите очи и ги видоа дека доаѓаат против нив, 13#4 Мојс 10,9па излегоа од логорот за да се бо­рат, а оние што беа со Јуда затрубија, 14и ја започнаа битката; незнабош­ци­те беа разбиени и се разбегаа кон рам­нина­та, 15сите други паднаа од меч; ги гонеа до Газир и до рамнините на Идумеја, Азот и Јамнија, и од нив паднаа до три илјади војници. 16Тогаш Јуда се врати од прогонува­њето, на чие чело се наоѓаше, 17а на народот му рече: „Не лакомете се за плен, зашто уште една битка нѐ чека; 18Горгиј и неговата војска се во ри­диштата близу до нас; сега дочекајте ги нашите непријатели и смело борете се против нив, а потоа без страв собирајте плен!“ 19Додека Јуда уште говореше, се по­јави една група, која слегуваше од ри­дот. 20И тие видоа дека нивните се во бег­ство и дека логорот гори; димот што се издигаше покажуваше што станало. 21Кога го видоа тоа, многу се упла­шија; и, гледајќи ја војската на Јуда во рамнината, подготвена за борба, 22сите избегаа во филистејската зем­ја. 23Јуда се врати да го ограби нивниот логор; зедоа многу злато и сребро, мно­гу сини и црвени облеки и друго големо богатство. 24#Пс 105,1; 117,1-4.29; 135,1Кога се враќаа, Го благословуваа небесниот Бог, зашто е благ и милостив низ векови. 25Тој ден Израил доби големо спасение. 26Оние, пак, од непријателите што ус­пеаја да избегаат, дојдоа кај Лисиј и му раскажаа за сѐ што станало. 27А тој, кога слушна, многу се возне­ми­ри, падна во голем очај зашто на Израил не му се случи она што тој го посакуваше и она што му заповеда ца­рот.
Првата битка на Лисиј
(2 Мак 11,1-12)
28Затоа наредната година собра Лисиј ше­есет илјади одбрани пешаци и пет илјади коњаници за да ги победи Изра­илците. 29Тие дојдоа во Идумеја и поставија логори во Бет-Цур, а Јуда тргна против нив со десет илјади војници. 30#1 Цар 17,24Кога ја виде таа голема војска, тој вака се молеше: „Благословен си, Спа­сителе на Израил, Ти, Кој го скрши нападот од силниот со раката на Твојот слуга Давид и ја предаде филистејската војска во рацете на Саул, синот на Јонатан и неговиот штитоносец, 31предај му ја и оваа војска во рацете на Твојот народ Израил и нека се посрамат во својата сила и во својата коњи­ца; 32испрати им страв и скрши им ја до­вер­бата во нивната сила; нека се поко­лебаат со поразот свој; 33собори ги со мечот на оние што Те љубат, со песни нека Те прославуваат сите што го знаат Твоето име.“ 34Започна борбата; од војската на Ли­сиј паднаа околу пет илјади луѓе. 35#2 Мак 11,13-14Лисиј, откако виде како бега неговата војска и се увери во храброста на Ју­дините војници, спремни или да живеат или јуначки да умрат, тој тргна кон Ан­тиохија, па собра туѓинци, и, штом ја за­сили својата некогашна војска, намисли повторно да ја нападне Јудеја.
Очистувањето и обновувањето на светилиштето
36А Јуда и неговите браќа рекоа: „Нашите непријатели се победени, ајде да одиме горе и да го очистиме и обно­виме светилиштето.“ 37Тогаш се собра целата војска и се искачи на гората Сион. 38#Пс 73,2-7Светилиштето го најдоа опусто­ше­но, жртвеникот осквернет, вратите из­горени, а во тремовите, како во некоја гора беа израснале растенија; ризни­ци­те, пак, урнати. 39Ги раскинаа своите облеки, плачеа горко и своите глави со пепел ги посипаа, 40#4 Мојс 31,6паднаа ничкум, дадоа знак со сво­ите труби и повикаа кон небото. 41Тогаш Јуда определи војници, кои ќе војуваат против оние што се наоѓаа во тврдината, додека тој не го очисти светилиштето. 42#3 Мојс 21,17Потоа избра непорочни свештеници, кои беа верни на Законот. 43#4 Цар 23,6.12Тие го очистија светилиштето, а осквернетите камења ги однесоа на не­чисто место. 44А потоа размислуваа за тоа како да постапат со осквернетиот жртвеник. 45Им дојде добра мисла – да го урнат, та никогаш да не им биде за срам, би­деј­ќи тој беше осквернет од незнабошци. И така го урнаа: 46#4,37; 14,41; Пс 73,9; Мих 3,12камењата ги ставија на погодно место во храмовата шума, додека дојде пророк и каже што да се направи со нив, 47#2 Мојс 20,25; 5 Мојс 27,5-6па, според Законот, зедоа цели ка­ме­ња и изградија нов жртвеник – според поранешниот. 48Потоа ги уредија светињата, внатрешните делови на храмот и тре­мовите; 49направија свештени садови, внесоа свеќник во храмот, жртвеник за темјан и трпеза; 50го покадија олтарот со темјан, ги запалија кандилата на светилникот и го осветлија храмот; 51на трпезата ставија лебови, ги за­ка­чија завесите и ги завршија сите работи што ги презедоа. 52Во дваесет и петтиот ден, во деветтиот месец кислев, во сто четириесет и осмата година, станаа многу рано, 53и принесоа жртва според законот врз новоизградениот жртвеник за сепаленици. 54Во денот, во кој незнабошците го беа оскверниле жртвеникот, тој беше обновен со песни, цитри, гусли и кимвали. 55Сиот народ падна ничкум, се мо­ле­ше и Му благодареше на Оној, Кој им помогна. 56Осум дена го прославуваа обновувањето на жртвеникот и принесуваа жртви сепаленици, мирни жртви и жртви за благодарност. 57Предната страна на храмот ја ук­ра­сија со златни венци и со штитови, ги обновија вратите на влезот, а ги направија и вратите на ризниците. 58И настана голема радост во народот и се избриша срамот што му го нанесоа незнабошците. 59Јуда, неговите браќа и сите Изра­ил­ци, решија деновите на обновувањето на жртвеникот, секоја година да се празнуваат со веселба и со радост – секоја година по осум дена, од дваесет и петтиот ден на месецот кислев. 60Тогаш изградија високи ѕидови око­лу гората Сион и укрепени кули за да не ја осквернат незнабошците, ако не­ко­гаш дојдат, како порано. 61#4,29И Јуда ја постави таму својата вој­ска да ја чува гората Сион и со нејзина помош го утврдија Бет-Цур за да има народот тврдина против Идумеја.

ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖

1 Макавејска 4: MK2006D

គំនូស​ចំណាំ

ចែក​រំលែក

ចម្លង

None

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល