1 Макавејска 2
2
Мататија и неговите синови
1 #
13,25-30; 1 Лет 24,7 Во тие дни Мататија, синот на Јован, син на Симон, свештеник од потомците на Јоарив, замина од Ерусалим и се насели во Модин. 2Тој имаше пет сина: Јован, наречен Гади, 3Симон, наречен Таси, 4Јуда, наречен Макавеј, 5Елеазар, наречен Аваран, и Јонатан, наречен Апфус. 6Гледајќи какви богохулства се случуваа во Јудеја и во Ерусалим, 7тој рече: „Тешко мене, зошто се родив да го гледам уништувањето на мојот народ и на светиот град и овде да стојам додека го предаваат во рацете на неговите непријатели и светилиштето – во рацете на туѓинци? 8Неговиот храм стана како човек без достоинство, 9#Плач 2,21неговите скапоцени садови се однесени во плен, доенчињата негови ги убиваат по улиците, а неговите момци паѓаат од меч. 10Кој народ не го заземал неговото царство и кој него, не го ограбувал? 11Сиот накит му е ограбен; од слободен стана роб. 12И, ете, нашите светости, нашата убавина и нашата слава опустеа, незнабошците ги осквернија. 13И зошто уште треба да живееме?“ 14#1 Мојс 37,34; 50,10И ја раскинаа Мататија и синовите негови облеката своја, се облекоа во вреќишта и горко плачеа.
Жртвувањето во Модин
15 #
2 Мак 5,22
Дојдоа царски луѓе во градот Модин, ги принудуваа да отстапат и да принесат жртва. 16Многумина, пак, од Израилците се придружија кон нив, но Мататија и неговите синови останаа непоколебливи. 17Царските луѓе му пријдоа на Мататија, почнаа да го наговараат, велејќи му: „Ти си водач, ти си угледен и голем човек во овој град; со тебе се твоите синови и твоите браќа. 18#3,38; 6,10.14.28; 10,16.20.60; 11,26Затоа пристапи сега прв и исполни ја царската заповед, како што го направија тоа сите народи, мажите Јудејци и другите жители на Ерусалим, па и ти и твојот дом ќе влезете во кругот на царските пријатели и ќе бидете почестени со сребро и со злато и со многу други дарови.“ 19Одговори Мататија и им рече со висок глас: „Макар и сите народи што се во царството да му се покорат на царот и да отстапат од богослужењето на своите предци и се согласат со неговите наредби, 20јас и моите синови и браќата мои ќе постапиме според заветот на нашите предци. 21Да не даде Бог да ги оставиме законот и заповедите. 22Затоа нема да ги послушаме зборовите на царот и нема да отстапиме од нашето богослужење ни десно ни лево.“ 23Кога престана да говори, еден Јудеец се приближи пред очите на сите за да принесе, според царската заповед, идолска жртва врз жртвеникот во градот Модин. 24#5 Мојс 13,6-11Мататија, гледајќи го тоа, срцето му се растрепери, пламна во него гневот заради правда, па притрча и го уби кај жртвеникот. 25Во истиот миг го уби и царскиот човек, кој ги принудуваше луѓето да принесат жртва, а жртвеникот го разурна. 26#4 Мојс 25,6-15; Пс 105,30; Сир 45,23Така се пројави неговата ревност за Законот, како некогаш што постапи Финес со Зимриј, синот на Салу. 27Мататија тогаш почна со силен глас да извикува во градот: „Секој што го љуби Законот и стои во заветот, нека појде по мене!“ 28И тој и неговите синови избегаа во горите, оставајќи сѐ што имаа во градот.
Мататија во пустината
29Тогаш многумина, кои ја сакаа правдата и Законот, отидоа во пустината и останаа таму, 30тие самите, и нивните синови, и нивните жени и добитокот, зашто многу се засили злото над нив. 31#1 Цар 23–26На царските луѓе и на војската, која се наоѓаше во Ерусалим, градот на Давид, им беше јавено дека некои луѓе ја прекршиле царската заповед и дека избегале во скришни места во пустината. 32Многумина почнаа да ги гонат и ги стигнаа. Застанаа против нив, спремни да започнат со нив битка во саботен ден. 33извикувајќи: „Уште имате време, излезете и направете го она што ви го наредува царската заповед, и ќе останете живи!“ 34А тие им одговорија: „Не излегуваме и нема да ѝ се покориме на царската заповед и нема да го оскверниме саботниот ден!“ 35Тогаш веднаш почнаа да ги напаѓаат. 36Но овие не им одговорија, па дури ни камен не фрлија на нив, ниту ги утврдија своите скривалишта, велејќи: 37#5 Мојс 31,28„Сите ќе умреме невини. И небото и земјата сведочат дека несправедливо нѐ убивате.“ 38И појде војската на нив во тој саботен ден, и загинаа сите со нивните жени и со нивните деца и добитокот – околу илјада души. 39Кога разбраа за тоа Мататија и неговите пријатели, заплакаа за нив горко. 40Тогаш си рекоа еден на друг: „Ако сите постапиме, како што постапија овие наши браќа и не се бориме со незнабошците за нашиот живот и за нашите светињи, тие набргу ќе нѐ истребат од земјата.“ 41Во тој ден одлучија и рекоа: „Ако некој нѐ нападне во саботен ден, ќе се бориме со него за да не умреме сите, како што изумреа нашите браќа во нивните скривалишта.“ 42#7,13; 2 Мак 14,6Тогаш ним им се приклучи и заедницата на Асидеите, сѐ одбрани јунаци од Израил, сите верни на Законот. 43#2 Мак 8,1И сите други што беа во опасност, им се придружуваа и ја зголемија нивната сила. 44Така се насобра цела војска и во гневот свој ги напаѓаа виновниците и безбожниците; другите, пак, бегаа да се спасуваат кај незнабошците. 45Мататија и неговите пријатели одеа наоколу и ги уриваа жртвениците. 46Без страв ги обрезуваа необрезаните деца што ги наоѓаа во израилската земја. 47Ги гонеа синовите на дрскоста и нивниот подвиг стана успешен. 48#1,10; 2,62; Пс 88,17Така го бранеа Законот од рацете на незнабошците и нивните цареви и не дозволија да зајакне силата на грешниците.
Заветот и смртта на Мататија
49Кога му се приближи смртниот ден на Мататија, тој им рече на своите синови: „Ете, сега се засили дрскоста и страдањето; сега е време за преврат и жесток гнев. 50Затоа, деца мои, чувајте го Законот со ревност и жртвувајте го вашиот живот за заветот на нашите предци. 51Спомнете си за нив, за делата што ги направија тие во свое време. И вие ќе добиете голема слава и вечно име. 52#Сир 44–50#1 Мојс 15,6; 22,1Зарем и Авраам не се покажа верен во искушението и зар тоа не му се прими за праведност? 53#1 Мојс 37–41; Пс 118,143Јосиф во својата неволја ја запази заповедта и стана господар над Египет. 54#2,26; 4 Мојс 25,7.13Финес, нашиот предок, затоа што покажа голема ревност, го прими ветувањето на вечното свештенство. 55#4 Мојс 27,12-23Исус, затоа што ја исполни заповедта, стана судија над Израил. 56#4 Мојс 13,31; 14,6-10.24; Ис.Н. 14,6-15; Сир 46,9Калев, во собирот народен, беше сведок за вистината и доби земја во наследство. 57#1 Цар 24,21; 2 Цар 7,16Давид за својата милосрдност го наследи царскиот престол за вечни времиња. 58#3 Цар 18,40; 19,10; 4 Цар 2,1-12Илија поради својата голема ревност за Законот беше вознесен на небото. 59#Дан 3,17Ананија, Азарија и Мишаел преку вера се спасија од пламенот. 60#Дан 6,21; 2 Тим 4,17Даниил за својата невиност беше избавен од челуста на лавовите. 61И така, спомнувајте си дека сите што се надеваа на Него, од поколение до поколение не ги напушти силата. 62#1,10; 2,48Не плашете се од зборовите на грешен човек, зашто славата негова ќе се претвори во ѓубриште и во црви. 63#Пс 145,3Денес се гордее, а утре веќе нема да го најдат; ќе се претвори во прав и надежите негови се губат. 64А вие, чеда мои, крепете се и пазете го храбро Законот, зашто преку него ќе се прославите. 65Еве ви го Симон, вашиот брат, знам дека е разумен маж, него слушајте го во сите дни. Тој ќе ви биде место татко. 66А Јуда Макавеј, одличен јунак уште од својата младост, тој нека ви биде војсководец; тој ќе ве води во војните против незнабошците. 67Соберете ги сите што живеат според Законот и одмаздете се за неправдите што му се прават на вашиот народ. 68Дајте им го на незнабошците она што заслужиле, а кон заповедите на Законот бидете внимателни!“ 69#1 Мојс 25,8; Суд 2,10; 4 Цар 22,20Потоа ги благослови и се прибра кај своите предци. 70Умре во сто четириесет и шестата година; го погребаа во гробницата на татко му во Модин, а сиот Израил горко го оплакуваше.
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
1 Макавејска 2: MK2006D
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006