1 Макавејска 1

1
Александар Македонски
1 # 1 Мојс 10,4; Ис 23,1.12; Ер 2,10; Ез 27,6; Дан 11,30 Александар Македонски, синот на Филип, кој тогаш веќе ја беше за­владеал Елада, излезе од земјата Ки­тим, го победи Дариј, персискиот и мидискиот цар и се зацари место него. 2Тој водеше многу војни, презеде многу утврдени места и порази многу цареви. 3#11,38.52; 5 Мојс 17,20; Суд 3,11; 5,31; Ис 14,7; 2 Лет 14,1Дојде до крајот на земјата и ограби многу народи; целата земја молкна пред него, а тој се издигна и срцето негово се возгордеа. 4Тој собра многу силна војска, и за­владеа над многу краишта, народи и владетели и тие му станаа негови пода­ници. 5Најпосле падна во постела, и откако почувствува дека ќе умре, 6ги повика своите доверливи, кои заедно со него се беа воспитувале во младоста, и додека уште беше жив, им го раздели царството. 7И така, откако царуваше дванаесет години, Александар умре; 8а неговите великодостојници владеаја секој во својата област. 9По неговата смрт сите тие се заца­ри­ја, ставија круни на своите глави, а по нив и нивните синови во тек на многу години, и злото го умножија на земјата.
Антиох Четврти Епифан, еленизмот во Палестина
(2 Мак 4,7-17)
10 # Дан 7,24; 8,23-25; 11,21-45 Од нив произлезе коренот на гре­вот: Антиох Епифан, синот на царот Антиох, кој беше заложник во Рим. Тој се зацари во сто триесет и седмата годи­на на царството на Селевкидите. 11Во оние денови излегоа во Израил луѓе измамници, кои почнаа да го убе­дуваат народот, велејќи: „Ајде да склу­чиме сојуз со околните народи, зашто от­како се одделивме од нив, многу зла нѐ постигнаа.“ 12И овие зборови на многумина им се допаднаа. 13Неколкумина од народот отидоа кај царот и тој им даде право да живеат според паганските обичаи. 14Тие изградија во Ерусалим училиш­те според паганскиот обичај, 15#1 Кор 7,18го напуштија обрезанието и отста­пија од светиот завет; се соединија со безбожниците и се продадоа за да прават зло.
Напад врз Египет
(2 Мак 5,11-21)
16Кога Антиох виде дека царството негово се зајакнува, намисли да го покори и египетското царство, за да владее над двете царства; 17#4 Мојс 20,20па со голема сила навлезе во Еги­пет, со бојни коли и слонови, со коња­ници и со многу бродови. 18Започна војна против египетскиот цар Птоломеј, кој се исплаши од него, па почна да бега и тогаш паднаа многу ранети. 19Така тој завладеа над многу утврдени градови во Египет. 20По победата над Египет во сто че­тириесет и третата година, Антиох се врати, се крена против Израил и со сета своја силна војска влезе во Ерусалим. 21#2 Мојс 25,31-38; 26,31-35; 3 Цар 7,48-49Влезе гордо во светилиштето и ги ограби златниот жртвеник, свеќникот, сите негови свети садови, 22трпезата на предложението, мијал­ни­ците, чиниите, златните кадилници и завесата, венците и златниот украс, кој беше надвор од храмот и однесе сѐ. 23Го однесе сето сребро и злато, сите скапоцени садови и ги ограби тајните ризници што ги беше нашол. 24И, откако ограби сѐ, се врати во својата земја, изврши многу убиства и говореше со голема горделивост. 25Во Израил, во сите негови места, настана голема жалост. 26Стенкаа началници и старешини, изнемогнаа момци и девојки и свена женската убавина. 27Секој младоженец се фрлаше во плач; а невестата во брачната одаја се­деше натажена. 28#Суд 5,4; 2 Цар 22,8; Ис 13,13; Пс 67,8Се тресеше целата земја и целиот дом на Јаков се облече во срам.
Аполониј во Ерусалим
(2 Мак 5,24-26)
29Откако изминаа две години, царот го испрати даночниот началник во из­раилските градови, кој дојде во Еру­са­лим со силна војска. 30Најнапред им зборуваше за мирот лукаво и тие му поверуваа, но ненадејно го нападна градот, му нанесе големо зло и уби многу Израилци. 31Зеде голем плен, градот го запали и ги урна и куќите и градскиот ѕид. 32Одведе во ропство многу жени и де­ца, ограби многу добиток. 33#2,31; 7,32; 14,36; 2 Цар 5,7Потоа изградија околу градот на Давид голем ѕид, со високи кули и тој стана нивна тврдина. 34Во неа настанија безбожни и лоши луѓе и тие тука многу се засилија. 35Таму натрупаа оружје, храна и сѐ што беа ограбиле во Ерусалим; и таа стана непријателско гнездо. 36#Амос 8,10; Плач 5,15Тоа беше постојана заседа за све­тилиштето и зол непријател на Израил. 37Проливаа невина крв околу свети­лиштето и го осквернуваа. 38Поради нив жителите на Ерусалим се разбегаа и тој стана живеалиште на туѓинци; чедата негови градот свој го напуштија. 39Светилиштето запусте како пустина, празниците се претворија во плач, саботите негови – во навреда, а честа – во бесчестие. 40Како некогаш славата негова – срамот му се зголеми, а величината не­гова – во жалост се претвори.
Антиох Четврти Епифан сака да го укине еврејскиот закон
(2 Мак 6,1-11)
41Царот Антиох испрати проглас во целото свое царство дека сите негови поданици треба да бидат како еден народ, 42та секој својот закон да го напушти. И сите народи на царската наредба се покорија. 43#2 Мак 6,2Многумина од Израил неговото идолослужење го прифатија, им принесуваа жртви на идолите и саботата ја осквернија. 44#2 Мак 6,2-7Царот преку свои гласници испрати заповед во Ерусалим и во сите градови на израилската земја дека треба да ж­и­ве­ат според новите обичаи; 45#Дан 9,27; 11,31во светилиштето веќе да не се принесуваат жртви сепаленици, приноси и жртви леаници и да се откажат од сво­ите саботи и празници; 46да ги осквернат светилиштето и светињите, 47да прават жртвеници и храмови идолски и на идолите да им жртвуваат свињи и нечисти животни, 48синовите свои да ги остават необ­ре­зани, душата нивна да ја валкаат со не­чистотија и гадотија, 49за да го заборават законот и сите наредби да ги изменат. 50Ако, пак, некој не постапи според царските зборови, на смрт да биде пре­даден. 51Таква наредба испрати по целото свое царство и постави надзиратели над народот, а на сите јудејски градови им за­поведа да принесуваат жртви. 52Ним им се придружија многумина од народот, сите што го напуштија за­конот и направија зло во земјата; 53и го принудија Израил да се собира на скришни места. 54#4,52; Дан 9,27; 11,31; 12,11Во петнаесеттиот ден во месецот кислев, во сто четириесет и петтата го­дина, изградија жртвеници во сите јудеј­ски градови и врз нив ја ставија гнасо­тијата на пустошењето; 55а пред вратите на куќите и по ули­ците кадеа со темјан; 56каде наоѓаа книги на Законот – ги кинеа и во оган ги гореа; 57а кога ќе откриеја дека некој има книга на Заветот и дека живее според неа, тогаш, според царската заповед, го убиваа. 58Вакво насилство над Израил правеа секој месец, кога тие доаѓаа во гра­до­ви­те. 59#2 Мак 6,7Во дваесет и петтиот ден од секој месец, кога принесуваа жртви на жрт­веникот, кој беше над олтарот, 60според царската заповед, ги убиваа сите жени кои своите деца ги обрезале; 61доенчињата им ги бесеа на врато­ви­те нивни, куќите им ги ограбуваа и ги убиваа оние што го извршиле обрезанието. 62Па сепак, многумина Израилци ос­танаа непоколебливи и покажаа храб­рост – ништо нечисто не јадеа; 63повеќе сакаа да умрат, отколку да се осквернат од нечиста храна, и умираа за да не похулат на светиот завет. 64Навистина, страшен беше гневот над Израил.

ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖

1 Макавејска 1: MK2006D

គំនូស​ចំណាំ

ចែក​រំលែក

ចម្លង

None

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល