Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Бојното поле на умот – Побожност Примерок

Бојното поле на умот – Побожност

4 ДЕН ОД 14

Не престанувај!


Да не се обесхрабруваме, да не се уморуваме и да не ни биде тешко во правење на благородни и правилни нешта, зошто во одредено време и назначена сезона ќе жнееме, ако не ја загубиме нашата храброст и ако не се измориме. - Галатјани 6:9


“Јас сум Христијанка 23 години,” рече Черил. “Едноставно не стигнувам до никаде. Толку сум слаба, исто како што бев кога прв пат Го прифатив Христос како мој Спасител. Сеуште паѓам. Едноставно не знам дали тоа вреди.” Солзите и течеа по нејзините образи како што продолжуваше да зборува за нејзините падови. “Досега ги знам сите правилни нешта што треба да ги правам, но не ги правам. Некогаш намерно правам нешто злобно или нељубезно. Каква Христијанка сум јас?”


“Веројатно Христијанка која расте,” реков јас. 


Зачудувачки поглед се појави на лицето на Черил. “Растам? Дали слушна - ?” 


“Да, слушнав. Но ако ти не растеше, немаше да жалеш за твоите неуспеси. Ќе беше задоволна за твоето духовно ниво или ќе кажеше за себеси колку си добра.” 


“Но јас сум толку обесхрабрена, и Го изневерив Бог толку многу пати.” 


Продолжив да и кажувам на Черил дека таа беше во право – дека имаше падови. Сите ние имаме. Никој од нас не е совршен. Ако ние не сме внимателни, дозволуваме на ѓаволот да ни го посочи она што не сме го постигнале и каде сме слаби. Кога тоа ќе се случи, лесно е да се чувствуваме лошо или да сакаме да се предадеме. 


Тоа не е начинот на Духот. Без разлика колку сме збркале во нашите животи, Бог не се откажува од нас. Духот постојано нé потикнува. 


Ние можеме да дозволиме нашите мисли да пребиват на она што не сме го направиле, зошто мора да бидеме повеќе духовни, или колку духовни мора да бидеме после сите тие години во нашата Христијанска вера. Тоа е трик на ѓаволот – да направи да мислиме на нашите недостатоци и мани. Ако ние се фокусираме на она што не сме или што не сме постигнале, ние дозволуваме на ѓаволот да напредува на бојното поле на нашите умови. 


Фактот дека мојата пријателка беше вознемирена беше добар знак, иако таа не го гледаше тоа на тој начин. Со помош на Светиот Дух таа може да го одалечи ѓаволот. Таа може да си ја врати територијата што сатаната и ја украл. 


Черил мислеше дека светото победоносно живеење доаѓа од една по друга огромна победа. Да, ние имаме време кога имаме големи пробиви; како и да е, повеќето од нашите победи доаѓаат бавно. Тие доаѓаат малку по малку. Тоа е како да одиме сантиметар напред. Бидејќи ние се движиме бавно во нашиот духовен раст, често сме несвесни колку далеку сме отишле. Ако ѓаволот направи да мислиме дека ние мора да имаме една по друга решавачка духовна победа, или дека ние сме губитници, тогаш тој придобил едно важно упориште.


Мојот совет на Черил и на сите Христијани кои се соочуваат со темни моменти, е да ги слушат зборовите на апостол Павле. Тој не повика да не се грижиме, или како што вели еден друг превод, “да не се обесхрабруваме.” Тој вели, “Не престанувај. Продолжи да се бориш.” 


Животот е борба, а ѓаволот е одлучен да нé нападне и уништи. Ние не го достигнуваме местото каде што никогаш не мора да се бориме. Но тоа не е само наша битка. Исус не само што е со нас, но Тој е и за нас. Тој е на наша страна за да не зајакне и да не поттикне напред. 


Мојата пријателка продолжуваше да се сеќава на времето кога паднала, но јас ја потсетив на времето кога успеала. “Ти мислиш дека ѓаволот има контрола, но тоа не е вистина. Ти си паднала, но ти исто така си успеала. Ти стоиш на своето место и напредуваш.” 


“Не престанувај. Не се предавај.” Тоа е пораката која ние треба да ја слушнеме. Се потсетувам на зборовите од Исаија: “Не се плаши, зошто Јас те откупив... ; Јас те повикав по име; ти си Мој. Кога ќе поминеш и преку води, Јас ќе бидам со тебе, и преку реки, тие нема да те потопат. Кога ќе поминеш преку оганот, нема да се изгориш или запалиш, ниту пламенот нема да те обгори” (Исаија 43:1б-2)


Ова е Божјо ветување. Тој не ни ветува дека ќе не избави целосно од невољи или проблеми, но Тој ветува да биде со нас како што ние ќе минуваме низ нив. “Не се плаши,” вели Тој. Тоа е пораката што треба да ја разгледаме. Ние не треба да се плашиме бидејќи Бог е со нас. А кога Бог е со нас, за што треба да се грижиме?


Боже, без разлика на моите неуспеси, Ти си со мене, охрабрувајќи ме да не се предавам. Те молам помогни ми да го запомнам тоа, со Твојата помош, јас можам да победам. Во името на Исус, се молам. Амин. 

Ден 3Ден 5

Опис за овој план

Бојното поле на умот – Побожност

Ова побожно поучување ќе те опреми со инспирации на надеж за да го совладаш гневот, забуна, осуда, страв, сомнеж и.т.н. Овие согледувања ќе ти помогнат да го откриеш заговорот на непријателот да те збуни и да те излаже, ...

More

Би сакале да им се заблагодариме на министерствата на oyојс Мејер што го обезбедија овој план. За повеќе информации, посетете: https://tv.joycemeyer.org/macedonian/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност