Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Бојното поле на умот – Побожност Примерок

Бојното поле на умот – Побожност

1 ДЕН ОД 14

Добро поставени планови


Зошто ние не се бориме против крв и месо (натпреварување сaмо со физички противници), туку против началствата, против властите, против (духовите кои се) светски владетели на оваа темнина, против духовните сили на злото во небесните (натприродни) места. -  Ефесјани 6:12


“Како можеше?” викаше Хелен. “Како можеше воопшто да направиш такво нешто?”


Том гледаше беспомошно во неговата жена. Тој направи прељуба, се соочи со своето грешно дело и побара неговата сопруга да му прости. 


“Но ти знаеше дека тоа е погрешно,” рече таа. “Ти знаеше дека тоа е крајно предавство на нашиот брак.” 


“Јас никогаш не планирав да се случи таква афера,” рече Том со солзи во неговите очи. 


Том не лажеше. Тој знаеше дека имаше направено неколку лоши избори, но не погледна напред во последиците на неговите дела. После скоро еден час молење, тој рече нешто што и помогна на Хелен да почне да разбира и евентуално да прости. 


“Јас бев неверен кон тебе на стотици начини пред некогаш да направам прељуба.” Тој зборуваше за нив бивајќи презафатени да поминат квалитетно време заедно, неговиот кртизерски став, нејзиниот повремен недостаток на емоционална реакција, таа кога не го слушаше кога тој зборуваше за проблемите во канцеларијата. “Само мали работи, секогаш мали работи,” рече тој. “На почетокот така изгледаше.” 


Токму така сатаната работи во човечките животи. Тој почнува со бомбардирање на нашите умови со паметно осмислени модели на иритирање, незадоволство, зајадливи мисли, сомнежи, стравови и препирања. Тој се движи бавно и претпазливо (после се, добро осмислените планови одземаат време). 


Том рече дека почнал да се сомнева дека Хелен навистина го сака. Таа не го слушаше, и секогаш не одговараше на неговите љубовни расположенија. Тој постојано мислеше на тие размислувања. Што и да направеше таа, што тој не го сакаше, тој го памтеше тоа. Тој го забележуваше тоа, памтејќи и додавајќи го на неговата листа на незадоволства.


Една до неговите колешки го слушаше, и таа му понуди сочувство. Еднаш таа рече, “Хелен не заслужува таков пријатен, грижлив човек како тебе.” (сатаната исто работеше и во неа.) Секој пат кога Том превземаше мал чекор надвор од правилниот пат, тој ги оправдуваше своите дела во умот: ако Хелен не ме слуша, има луѓе кои ќе ме слушат. Иако тој го рече зборот луѓе, на себеси, тој навистина мислеше на жената во следната канцеларија. 


Колешката слушаше. Недели подоцна, тој ја гушна и како што го направи тоа, посака да го почувствува тој грижлив одговор од неговата сопруга. Тоа беше безопасна прегратка – или така изгледаше. Том не сваќаше дека сатаната никогаш не брза. Тој бавно работи на неговите планови. Тој не ги присилува луѓето со моќни желби. Наместо тоа, непријателот на нашите умови почнува со мали работи – мали незадоволства, мали желби – и почнува да гради од таму. 


Случката на Том изгледа многу како на 42 годишна книговодителка која беше обвинета за кражба на скоро 3 милиони долари од нејзината организација. Таа рече, “Првиот пат зедов само 12 долари. Ми требаше само толку да го платам минимумот на мојата кредитна картичка. Планирав да ги вратам назад.” Никој не ја фатил, и два месеци подоцна, таа си “позајмила” повторно. 


Додека тие да ја фатат, компанијата дошла до работ на банкрот. “Јас никогаш не мислев да повредам некого или да направам нешто погрешно,” рекла таа. Таа немала намера да направи ништо големо – само да си земе мали суми. Обвинителот рекол дека таа крадела од компанијата скоро 20 години. 


Така работи сатаната – бавно, истрајно и на мали начини. Ретко тој ни пристапува преку директно обвинување или фронтални напади. Се што му треба е едно отварање – една можност да ни вбризга несвети, себецентрични мисли во нашите глави. Ако ние не ги отфрлиме, тие ќе останат внатре. И тој може да продолжи со неговиот зол, уништувачки план. 


Ние не мора да дозволеме на тие погрешни мисли да престојуваат во нашите глави. Апостол Павле напишал, “Зошто оружјето на нашето војување е... моќно пред Бог... (Ние) рушиме аргументи, теории, расудувања и секое горедливо и возвишено нешто кое се крева против (вистинитото) познавање на Бог; и ние ја поробуваме секоја мисла и цел во покорност на Христос...” (2 Коринтјани 10:4-5)


Господе Исусе, во Твоето име, јас се молам за победа. Оспособи ме да ја донесам секоја мисла во покорност. Помогни ми да не дозволам на сатанските зборови да останат во мојот ум и да ми ја украдат мојата победа. Амин. 

Ден 2

Опис за овој план

Бојното поле на умот – Побожност

Ова побожно поучување ќе те опреми со инспирации на надеж за да го совладаш гневот, забуна, осуда, страв, сомнеж и.т.н. Овие согледувања ќе ти помогнат да го откриеш заговорот на непријателот да те збуни и да те излаже, ...

More

Би сакале да им се заблагодариме на министерствата на oyојс Мејер што го обезбедија овој план. За повеќе информации, посетете: https://tv.joycemeyer.org/macedonian/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност