Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Бојното поле на умот – Побожност Примерок

Бојното поле на умот – Побожност

9 ДЕН ОД 14

Позитивно верување


[Зошто Авраам, човечката причина за] надежта која ја снема, се надеваше во вера дека ќе стане татко на многу нации, како што му беше ветено, така [безброј] ќе бидат твоите потомци. Тој не ослабна во верата кога ја сметаше [крајната] импотенција на сопственото тело, што беше исто толку мртво, бидејќи беше старо сто години, или [кога ја сметаше] неплодноста на [смртната] утроба на Сара. Ниту едно неверување или недоверба не го натера да се колеба (сомнително да се прашува) во врска со ветувањето на Бога, но тој остана силен и беше зацврстен преку вера и Му даде пофалби и слава на Бога, целосно задоволен и уверен дека Бог е во состојба и е моќен да го задржи Својот збор и да го стори тоа што го вети. - Римјани 4:18-21


Случката за Авраам ме зачудува без разлика колку пати сум ја прочитала. Таа не е само раѓањето на син кога Авраам имал сто години. Тоа е чудо. Но, исто толку неверојатни се информациите дека тој чекал дваесет и пет години за исполнување на ветувањето. Тој беше седумдесет и пет кога Бог му вети син.


Се прашувам колкумина од нас би поверувале на Бог и живеат во очекување за дваесет и пет години. Повеќето од нас веројатно би рекле: „Јас навистина не слушнав од Бога“. „О, претпоставувам дека можеби Бог навистина не го мислеше тоа“. Или, „Треба да одам на друго место за да добијам нов збор од Господ“. 


Сара и Авраам имаа проблеми да се држат на тоа ветување. Како средство да се обидат да го постигнат она што го сакаа, тие ја имаа слугинката на Сара, Агара, која му роди син, но Бог му даде на знаење дека тоа не беше начинот кој што требаше да биде. Верувам дека нивните постапки го одложиле доаѓањето на ветеното дете на Бога.


Во нашата нетрпеливост, ние работите често ги носиме во свои раце. Велам дека имаме „светли идеи“ – наши сопствени планови, за кои се надеваме дека Бог ќе ги благослови. Овие планови ја отвораат вратата за конфузија и хаос. Тогаш мора да се справуваме со нивните резултати, што често го одложува нашето чудо.  


Кога Мојсеј слезе од Синај, откако ги прими Десетте заповеди од Бог, ја виде злобата на Израелците кои станаа нетрпеливи во чекањето. Во гнев, тој ги скрши плочите на кои Бог ги напиша заповедите. Иако можеме да го разбереме гневот на Мојсеј, мора да запомниме дека тоа не беше иницирано од Бог. Затоа, Мојсеј требаше повторно да се искачи на планината Синај и уште еднаш да помине низ процесот на добивање на Десетте заповеди. Мојсеј можеби уживал во моментално емоционално ослободување, но тоа го чинело многу дополнителна работа. Ова е добра лекција за сите нас. Ние мора прво да се молиме и да се согласиме со планот на Бог, а не да планираме и да се молиме нашиот план да успее.


Честопати е тешко да се верува на Бог и да се одржиш од година во година.


Понекогаш по моите состаноци, луѓето доаѓаат кај мене и ми кажуваат многу тажни приказни. Јас ги охрабрувам да станат позитивни и оптимисти. Некои луѓе ќе го слушаат секој збор што ќе го кажам, ќе климат со главите, можеби дури и ќе се насмевнат, а потоа ќе го кажат најнегативниот збор од сите: „Но..." Со тој единствен збор, тие негираат сè што јас реков. Тоа не е духот на Авраам.


Библијата ни дава ветувања, надеж и охрабрување. Бог им ветува добро на оние од нас кои Му служат. И покрај лошите околности - а некои луѓе имаат апсолутно ужасни ситуации - Бог сепак ветува добро. Сепак, нашето чувство за добрина може да не биде исто како и Божјото. Добивањето на она што го сакаме веднаш можеби не е најдобро за нас. Понекогаш чекањето е најдоброто нешто затоа што помага во развојот на карактерот на Бог во нас.


Господ избира да ни прави добро и да нè израдува; ѓаволот избира да правиме погрешно и да нè направи мизерни. Ние можеме да останеме трпеливи и да продолжиме да веруваме во Божјите ветувањата, или можеме да му дозволиме на шепотот на злиот да ги наполни нашите уши и да нè одведе настрана.  


Премногу од нас го игнорираа фактот дека Бог е основач на чуда. Тој е специјализиран да го направи невозможното: Тој обезбеди син на неплодната Сара; Тој го отвори Црвеното Море за Израелците да поминат по суво земјиште; Тој го уништи Голијат со еден камен од прачката. Тоа се чуда. Тоа е Светиот Дух како работи, пркосејќи им на законите на природата (Тој ги направи законите, за да може да ги крши).


Евреите 11 е поглавје за верата и народот Божји кои се осмелиле да веруваат во ветувањата. „Но, без вера невозможно е да Му угодуваме и да бидеме угодни на Него. Зашто, кој ќе му се приближи на Бога, мора [неопходно] да верува дека Бог постои и дека Тој е наградувач на оние кои искрено и усрдно Го бараат Него“ (с. 6).


Додека го разгледувам тој стих, можам да видам како ѓаволот ползи. Тој ни рече: „Да, тоа е точно. Тоа беа специјални луѓе. Вие сте никој. Бог нема да направи ништо посебно за вас. Зошто треба?“


Тоа е сатанска лага - и онаа што многу лесно ја прифаќаат. Бог го сака секој од нас, а Библијата вели дека Тој е наш Татко. Секој добар татко сака да прави добри работи за своите деца. Бог сака да направи добри работи за вас и за мене.


Очекувајте чудо во вашиот живот. Очекувајте многу чуда.


Позитивната вера во Божјите ветувањата дава добри резултати затоа што Добриот ги испраќа до нас. Одбијте да се откажете и ќе ги видите резултатите на вашето позитивно верување.


Драг Татко на небото, прости ја мојата недоверба. Прости ми што дозволив на сатаната да ме измами или да ме натера да мислам дека сум безвредна или недостојна за Твоите чуда. Јас сум достојна затоа што Ти ме направи достојна. Ти си Бог на невозможното, и јас Те молам да ми помогнеш да чекам на Тебе и никогаш да не се откажувам. Се молам во името на Исус Христос, мојот Господ. Амин.

Свето Писмо

Ден 8Ден 10

Опис за овој план

Бојното поле на умот – Побожност

Ова побожно поучување ќе те опреми со инспирации на надеж за да го совладаш гневот, забуна, осуда, страв, сомнеж и.т.н. Овие согледувања ќе ти помогнат да го откриеш заговорот на непријателот да те збуни и да те излаже, ...

More

Би сакале да им се заблагодариме на министерствата на oyојс Мејер што го обезбедија овој план. За повеќе информации, посетете: https://tv.joycemeyer.org/macedonian/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност