Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Бојното поле на умот – Побожност Примерок

Бојното поле на умот – Побожност

6 ДЕН ОД 14

Најпрво страдањето


И откако пострадавте малку, Бог на сета благодат (Кој ги дава сите благослови и омилености), Кој ве повика за Неговата вечна слава во Исус Христос, Самиот ќе ве усоврши и направи она што треба да бидете, ќе ве зацврсти и укрепи сигурно, ќе ве зајакне и ќе ве смири. - 1 Петар 5:10


“Зошто мора да страдаме?” “Ако Бог навистина нé сака, зошто сите лоши работи се случуваат на нас?” Јас често слушам вакви прашања. Илјадници години луѓе попаметни од мене се имат борено со тие прашања, и тие сеуште не ги откриле одговорите. Јас не си ни обидувам да одговорам на прашањата. Но имам еден коментар, како и да е: “Ако Бог само нé благословува откако станавме верници – ако Тој ги отстрани сите страдања, проблеми и тешкотии за Христијаните – нели би било тоа начин на поткуп за луѓето за да поверуваат?”


Тоа не е начинот на кој Бог работи. Господ сака да дојдеме кај Него од љубов а бидејќи ние знаеме дека имаме потреба – толку многу што само Тој може да ги исполни тие потреби за нас. 


Реалноста е дека од време на време од раѓањето се додека да отидеме дома за да бидеме со Исус, ние ќе страдаме од време на време. Некои имаат потешки задачи од другите, но страдањето сеуште е страдање.


Исто така мислам дека кога луѓето гледаат на нас кога се свртуваме кон Бог за помош во нашите тешкотии, тие ги гледаат и нашите победи, и тоа е сведоштво за нив. Тоа сведоштво можеби нема секогаш да направи тие да се свртат кон Христос, но тоа го покажува Божјото присуство во нашите животи и ги прави нив свесни за она што го пропуштаат.


Да, ние ќе страдаме. Претходниот ден јас имав нова мисла: Страдањето донесува благодарност. Кога нашите животи стануваат хаотични и ние не знаеме што да правиме, тогаш се свртуваме кон Господ за помош, а Тој одговара на нашите молитви и нé ослободува. Бог ни зборува и нé утешува. Резултатот е дека ние сме благодарни.


Времето помеѓу страдањето и благодарноста е кога ѓаволот навистина ги напаѓа нашите мисли. Тој може да почне велејќи, “Ако Бог навистина те сака, ти не мора да минуваш низ ова.” Тоа е лукав начин за да ни каже дека служењето на Бог е бескорисно. Вистината е, ние ќе имаме проблеми ако сме верници; ние ќе имаме проблеми и ако сме неверници. Но како верни, ние исто така имаме победи. Како верници во Исус Христос, ние можеме да имаме мир насреде бурата. Ние можеме да уживаме во нашите животи за време на тешкотии, затоа што навистина веруваме дека Бог работи за наше добро за да ни донесе избавување.


Следниот напад на сатаната е да шепоти, “Нема да биде подобро. Ти служиш на Бог за ништо. Гледаш, ова се случува кога навистина ти треба помош и веруваш во Бог. Тој не се грижи за тебе. Ако Тој навистина се грижи, зошто дозволува да страдаш?”


Овде ние треба да останеме цврсти. Ние можеме да се охрабриме од случката со Јов. Неколку од нас страдале како него – тој ги изгубил своите деца, неговото имање и неговото здравје. Неговите критичари го осудиле за лицемерство и измама. Бидејќи ние знаеме како работи сатаната, ние сваќаме дека неговите така наречени пријатели биле алатки на сатаната. Јас сум сигурна дека тие не сватиле дека биле употребени од ѓаволот за да го обесхрабрат Јов. Но само затоа што не биле свесни, тоа не значи дека сатаната не ги употребил.


Како и да е, Јов, побожен човек, одбил да слуша. Тој рекол, “(... и да ме убие Тој, сепак јас ќе чекам и ќе верувам во Него...)” (Јов 13:15). Тој одбил да дозволи на станата да го напаѓа неговиот ум и да направи тој да се сомнева во Бог. Тој не разбирал што прави Бог. Нема индикации дека Јов некогаш разбрал. Но тој знаел една работа, Бог беше со него и тој никогаш не се посомневал во љубовата и присуството на Бог. 


Тоа е ставот кој ние го сакаме – таа мирна сигурност за Божјата љубов која вели, “И да ме убие Тој, сепак јас ќе чекам и ќе верувам во Него.” Ние не мора да разбираме или да објаснуваме. Всушност, јас имам слушнато дека вели вака, “Покорноста е задолжителна; разбирањето е по избор.” 


На крај, ако ние страдаме, тоа може да биде моќен потсетник дека ние чекориме по истите патишта како некои од Божјите големи светии. Дури и во времето на Петар, тие страдале. Во нивниот случај, тоа беше прогонство од Римјаните; во нашиот случај, може да биде од луѓе кои не нé разбираат, или членови на фамилијата кои се свртуваат против нас. Без разлика на тоа, страдањето може и треба да заврши во благодарење. 


Мој Господару и мој Боже, прости ми што секогаш сакам да имам лесен живот. Јас признавам дека не сакам да страдам, и не ми се допаѓа кога работите одат погрешно. Но јас те молам Ти да ми помогнеш да имам добар став и да Ти верувам дека ќе излезе добро од тоа. Го молам ова во името на Исус Христос. Амин.

Свето Писмо

Ден 5Ден 7

Опис за овој план

Бојното поле на умот – Побожност

Ова побожно поучување ќе те опреми со инспирации на надеж за да го совладаш гневот, забуна, осуда, страв, сомнеж и.т.н. Овие согледувања ќе ти помогнат да го откриеш заговорот на непријателот да те збуни и да те излаже, ...

More

Би сакале да им се заблагодариме на министерствата на oyојс Мејер што го обезбедија овој план. За повеќе информации, посетете: https://tv.joycemeyer.org/macedonian/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност