Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Бојното поле на умот – Побожност Примерок

Бојното поле на умот – Побожност

3 ДЕН ОД 14

Како што се фокусираме


Како што тој мисли во неговото срце, таков е тој. - Изреки 23: 7


Пред многу години, јас научив една непроценлива лекција: Она на кое се фокусираме, такви стануваме. Таа едноставна изјава ме научи многу. Она на кое ја трошиме нашата енергија или нашето внимание, тие работи ќе се развијат. Друг начин на кој ми се допаѓа да кажам е, “Каде оди умот, човекот го следи!”


Ако почнам да мислам на сладолед наскоро ќе се најдам себеси во мојот автомобил барајќи сладолед. Моите мисли ќе ги разгорат моите желби и емоции, и јас ќе донесам одлука која ќе ги следи.


Ако ние се фокусираме само на негативните работи во нашите животи, ние стануваме негативни луѓе. Се, вклучувајќи ги нашите разговори, станува негативно. Наскоро ние ја губиме нашата радост и живееме мизерен живот – а сето тоа почнува со нашето сопствено мислење. 


Вие можеби искусувате некои проблеми во животот – не сваќајќи дека вие самите сте ги создале со тоа што сте избрале да мислите на нив. Јас ве предизвикувам да размислете, што тоа мислите! 


Можеби сте обесхрабрени па дури и во депресија и се прашувате што е причината за тоа. Сепак ако го проучите вашиот мисловен живот, ќе најдете дека вие ги храните негативните емоции кои ги имате. Негативните мисли се гориво за обесхрабрување, депресија и многу други непријатни емоции.


Ние треба внимателно да ги избираме нашите мисли. Можеме да мислиме што е погрешно во нашите животи или што е правилно во нив. Можеме да мислиме што е погрешно кај сите луѓе со кои сме во врска или можеме да го видиме доброто кај нив и да размислуваме за тоа. Библијата нас не учи секогаш да го веруваме најдоброто. Кога го правиме тоа, нашите животи се посреќни и имаме повеќе мир. 


Јас имам прекрасен живот – сопруг и деца кои ме сакаат. Јас сум привилегирана да бидам употребена преку Бог да благословам милиони на луѓе низ целиот свет преку прекрасна служба што Бог ми ја дал. Но животот не е совршен, и ако јас дозволев на ѓаволот да го полни мојот ум со негатвини мисли – како што ми направи многу одамна – јас ќе бев победена. 


Јас сакам да се фокусирам на Божјата благодат и да дадам блгодарност за сите добри работи во мојот живот. Не сакам да се фокусирам на она што го немам.


Еден стар пријател ја употребува оваа изрека: “Како што талкаш во животот, брате, што и да е твојата цел, држи ги твоите очи на крофната а не на дупката во неа.” Многу луѓе се фокусираат на она што го нема и она што не е правилно. 


Сето ова покажува дека нашите мисли имаат огромна улога во одредување на нашата судбина. Нашите мисли исто така ја одредуваат нашата среќа. Изреки 23:7 е еден од моите омилени стихови. Мислите се моќни. Тие не се само зборови кои лебдат во нашите умови. Затоа е многу важно за нас да одлучиме што ќе дозволиме да остане внатре во нашите умови.


Не треба да заборавиме дека умот е бојно поле. Треба секогаш да запомнеме дека нашиот противник ќе го употреби умот на секој начин колку што може за да не зароби.


Се сетив на еден човек кој дојде на еден од нашите состаноци. Тој сакаше ослободување од гледање на порнографија. Тој рече дека еднаш погледнал нешто на интернет откако несакајќи влегол на страница која била исполнета со експлицитни сексуални фотографии. Следниот ден се смеел во врска со тоа на еден од неговите колеги. “Кој сака да гледа такви работи?” прашал тој. 


Следната ноќ тој отишол повторно на страната. И многу ноќи после тоа. Купил сексуални весници и морал да ги прате во неговата канцеларија. Сите тие работи ги криел од неговото семејство. “Како може такви мали работи да ме повредат?” си мислел тој. 


Тој исповедал дека колку повеќе ги гледал сликите, толку повеќе размислувал за жените како предмети – предмет за негово задоволство. Еден ден неговата жена рекла, “Не знам што ти се случува, но или ќе се справиш со тој став или јас си заминувам.”


Неговиот живот многу бргу почнал да оди надолу пред да побара молитва. “Јас никогаш не мислев дека само гледање на неколку порно страни би можеле да создадат толку зависност,” рекол тој.


Да го кажеме на друг начин, ние не можеме да имаме позитивен живот а негативен ум. Нашите мисли – нашиот фокус – одлучуваат каде ќе завршиме ние. 


Исус, нашиот пријател и Спасител, сака нашите умови да бидат исполнети со позитивни, убави и здрави мисли. Колку повеќе се фокусираме на тие работи, толку повеќе спремни ќе ги победиме нападите на сатаната.


Драги трпелив и сакан Боже, јас барам да ми простиш што ги фокусирам моите мисли на работи кои не се угодни на Тебе. Се молам Ти да ми помогнеш и да го исполниш мојот ум со мисли кои се чисти, искрени и за издигање. Во името на Исус. Амин.

Свето Писмо

Ден 2Ден 4

Опис за овој план

Бојното поле на умот – Побожност

Ова побожно поучување ќе те опреми со инспирации на надеж за да го совладаш гневот, забуна, осуда, страв, сомнеж и.т.н. Овие согледувања ќе ти помогнат да го откриеш заговорот на непријателот да те збуни и да те излаже, ...

More

Би сакале да им се заблагодариме на министерствата на oyојс Мејер што го обезбедија овој план. За повеќе информации, посетете: https://tv.joycemeyer.org/macedonian/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност