Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Бојното поле на умот – Побожност Примерок

Бојното поле на умот – Побожност

5 ДЕН ОД 14

Јас не можам!


Ги земам денес за сведоци против вас небото и земјата дека пред вас ставам: живот и смрт, благослов и проклетство. И така, избери го животот, за да живееш ти и твоето потомство. - Второзаконие 30:19


Кога Бог почнува да не соочува заради лошо однесување, лесно е да речеме, „Јас не можам,“ но потребна ни е вистинска храброст и вера да речеме “Спремен сум да ја превземам одговорноста и да си го средам животот.”


Избегнувањето, што значи не справување со проблемите, е голем проблем. Погрешните нешта не си заминуваат само затоа што ние избираме да не се справиме со нив. Многу често ние ги прикриваме нештата. Се криеме од нив и се додека го правиме тоа, тие имаат моќ над нас. Постоечките закопани проблеми никогаш не умираат. 


За долги години јас одбивав да се справам со сексуалното насилство од моето детство. Мојот татко ме злоупотребуваше, па затоа си заминав од дома истата недела кога наполнив 18 години. Си мислев дека го избегнав проблемот со тоа што си заминав, но не сфатив дека го имам проблемот во мојата душа. Тој беше во моите мисли, ставови и зборови. Тој влијаеше врз моите дела и сите мои врски. Јас го имав закопано моето минато и ги имав затрупано моите проблеми. Ние не мора да живееме во минатото - всушност, ние сме охрабрени преку Божјиот Збор да го заборавиме и да се ослободиме од него. Сепак, тоа не значи дека треба да ги игнорираме неговите последици, преправајќи се дека сме во ред кога всушност сме длабоко повредени. 


Јас имав многу лошо однесување и негативни ставови. Имав и многу оправдувања. Јас не се справував со ништо од моето минато, едноставно се сожалував себеси и си велев, “Немоќна сум. Не сум јас виновна што бев злоупотребувана.” И навистина не беше моја вина. Но, беше моја должност да Му дозволам на Бог да ми помогне во надминување на сите окови кои ги наследив како резултат на злоупотребата. 


Бог почна да ме ослободува преку преобразување на сите погрешни мисли кои ги имав прифатено. Мојот ум мораше најпрво да се промени пред да може да ми се промени животот. Најпрво, не ни сакав да ја прифатам одговорноста за моите мисли. Си мислев - па, јас неможам да ги контролирам моите мисли -нештата едноставно се појавуваат во мојот ум! Евентуално сфатив дека можам да ги избирам своите мисли и можам да размислувам за нешта со цел. Научив дека ние не мораме да ја прифатиме секоја мисла која се појавува во нашите умови. Можеме да ги изгониме погрешните мисли и да ги замениме со правилните.


Научив дека наместо да се чувствувам беспомошно наспроти мислите кои го исполнуваат мојот ум, јас можам - јас морам - да направам нешто позитивно. 


Голем дел од нашето размислување е по навика. Ако често размислуваме за Бог и за добрите нешта, божествените мисли природно ни доаѓаат. Илјадници мисли проаѓаат низ нашите умови секојдневно. Можеби се чувствуваме дека немаме контрола, но токму спротивното е вистина. Иако не ни е потребен напор да размислуваме погрешно, потребен ни е огромен напор да размислуваме за добри нешта. Како што почнуваме да правиме промени, ние ќе мора да водиме битка. 


Нашиот ум е бојно поле и првичниот план на сатаната за спроведување на своите зли дела е преку нашите мисли. Ако ние се чувствуваме како да немаме контрола над своите мисли, сатаната ќе не зароби и порази. Наместо тоа, ние можеме да одлучиме да размислуваме за божествени нешта. Ние постојано правиме избори. Од каде доаѓаат овие избори? Тие потекнуваат во нашите мисли. Нашите мисли се претвараат во зборови а нашите зборови во дела.


Бог ни ја има дадено моќта на изборот - да го избереме правилното размислување наместо погрешното. Но, дури и откако го направиме тој избор, мораме да продолжиме да ги избираме правилните мисли. Таа одлука не е еднаш и засекогаш но станува полесна низ времето. Колку повеќе ги исполнуваме нашите животи со читање на Библијата, молитва, славење и заедништво со други верници, толку полесно ни е да ги избираме правилните мисли. 


Можеби звучи како да велам дека да се биде Христијанин е постојана битка. Тоа е делумно точно, но тоа е само дел од приказната. Премногу луѓе сакаат да живеат победнички Христијански животи, но не сакаат да ги војуваат битките. Но, победата, значи надминување на пречките. Мораме да запомнеме дека живеењето на живот непослушен на Бог е многу потешко отколку избирање на победнички живот. Да, има тешкотии но на крај сите носат вредност. 


Да се размислува на правилен начин потребна е вежба и не е секогаш лесно, ниту пак ни е природно да се фокусираме само на добрите нешта. Но, ако знаеме дека ова е патот кон животот - сегашен и вечен - напорот и борбите се вредни во размислувањето на позитивни мисли. 


Кога сме бомбардирани со сомнежи и стравови, тоа е моментот кога треба да го завземеме своето место. Никогаш повеќе нема да сакаме да кажеме „Јас не можам.“ Ние сакаме со вера да речеме “Бог е со мене и Тој ме поткрепува. Бог ми помага да победам.” Апостол Павле вели вака: “Но, фала му на Бог, Кој ни даде победа (не направи победници) преку нашиот Господ Исус Христос. Затоа, мои возљубени браќа, бидете цврсти, непоколебливи, секогаш пребогати во Господовото дело, знаејќи дека вашиот труд во Господа не е напразен (1Коринтјани 15:57-58).”


Ние имаме избор. Ние можеме да ги избереме правилните мисли. Бидејќи ако не ги отфрлиме лошите мисли од нашите умови, тогаш им дозволуваме да не заробат. 


Потребно е време да се научи како да се изберат добрите и да се отфрлат лошите мисли. Нема да биде лесно, но ние се движиме во правата насока секогаш кога ја превземаме одговорноста и ги донесеме правилните избори. 


Семоќен Боже, потсети ме дека јас можам секојдневно да правам избори. Те молам помогни ми да пазам на моите мисли, избирајќи ги само оние кои ќе ми помогнат да го надвладеам злото и да ја извојувам битката во мојот ум. Во името на Исус се молам. Амин.  

Ден 4Ден 6

Опис за овој план

Бојното поле на умот – Побожност

Ова побожно поучување ќе те опреми со инспирации на надеж за да го совладаш гневот, забуна, осуда, страв, сомнеж и.т.н. Овие согледувања ќе ти помогнат да го откриеш заговорот на непријателот да те збуни и да те излаже, ...

More

Би сакале да им се заблагодариме на министерствата на oyојс Мејер што го обезбедија овој план. За повеќе информации, посетете: https://tv.joycemeyer.org/macedonian/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност