Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Бојното поле на умот – Побожност Примерок

Бојното поле на умот – Побожност

14 ДЕН ОД 14

Умот Христов 


Зашто, кој го познава или разбрал умот (советите и целите) на Господ за да Го води и поучува Него и да Му даде знаење? Но, ние го имаме умот Христос (на Месијата) и ги држиме мислите (чувствата и целите) на Неговото срце. -  1 Коринтјани 2:16 


Овој стих разоружува многу луѓе. Ако ова не беа зборови од Библијата, тие не би верувале во тоа. Како што е, повеќето луѓе тресат со главите и прашуваат: „Како може да биде ова?“


Павле не рече дека ние сме совршени или дека никогаш нема да паднеме. Тој ни кажува, дека како верници во Исус, Синот Божји, нам ни е даден Христовиот ум. Тоа значи дека ние можеме да размислуваме со духовни мисли затоа што Христос е жив во нас. Повеќе не размислуваме на начинот на кој некогаш сме мислеле. Ние почнуваме да размислуваме како што Тој размислува.


Друг начин да се погледне на ова е да се укаже на ветувањето што Господ го зборуваше преку Езекиел: „Ќе ви дадам ново срце и ќе ставам во вас нов дух, ќе го извадам каменливото срце од вашето тело и ќе ви дадам срце од месо. И Јас ќе го ставам мојот Дух во вас и ќе ве натерам да одете по Моите правила а вие ќе ги слушате Моите уредби и ќе ги извршувате. Вие ќе живеете во земјата што Јас им ја дадов на вашите татковци; и вие ќе бидете Мој народ, а Јас ќе бидам ваш Бог“ (Езекиел 36:26–28)


Бог го дал тоа ветување преку пророкот кога Евреите биле во егзил во Вавилон. Тој сакаше да им покаже дека нивната сегашна состојба не беше крај. Тие згрешија и паднаа на секој можен начин, но Тој нема да ги напушти. Наместо тоа, Тој ќе ги смени. Тој ќе им даде нов дух - Неговиот Свети Дух.


Кога ние Го имаме Светиот Дух да живее и да биде активен во нас, умот на Христос е во акција. Христовиот ум е даден за да нè насочи на правилниот пат. Ако ние го имаме Неговиот ум, ќе размислуваме позитивни мисли. Ние ќе размислуваме колку сме благословени - колку е добар Бог кон нас. Јас сфаќам дека веќе пишував за важноста да се биде позитивен, но не сум сигурна дека некогаш може да биде доволно кажано за моќта да се биде позитивен.


Исус бил позитивен, и покрај тоа што бил излажан, осамен, погрешно разбран и мноштво други негативни работи. Тој беше напуштен од Своите ученици кога Му беа најпотребни, но сепак Тој остана позитивен - секогаш во можност да понуди оптимистички, охрабрувачки збор. Само да се биде во Негово присуство, посочувало дека целиот страв, негативни мисли и обесхрабрувачката безнадежност испарувале како тенок воздух.


Умот на Христос во нас е позитивен. Значи, кога ние ќе паднеме во можност да бидеме негативни за нешто, треба веднаш да откриеме дека не работиме со умот Христов. Бог сака да се кренеме. Тоа е непријателот на нашата душа кој сака да нè притисне надолу - депресивно. Освен поради медицинска причина, не мислам дека е можно да се биде депресивен без да биде негативен. Ние имаме многу можности да размислуваме негативни мисли, но тоа не е умот на Христос кој работи во нас. Не мора да ги прифаќаме тие мисли. Тие не се наши!


Секоја ситуација што се претставува себеси ни дава можност да направиме избор. Очигледно е, секако, дека ние можеме да ги избереме доброто или лошото.


Она што често го забораваме е дека ние го избираме лошото или погрешното без свесно размислување. Ние ги следиме старите обрасци - или стариот ум - а не умот на Христос. Како што Бог им вети на Евреите преку пророштвото на Езекиел, Тој ќе ни даде ново срце и нов дух, но ние сепак имаме моќ да избереме кој ум сакаме да го следиме. 


Господи, јас навистина сакам да бидам свесен за умот Христов во мојот живот и сакам да бидам свесен за тоа секоја минута од мојот буден ден. Помогни ми да бидам отворен само за Твојата волја и да ги отргнам старите размислувања, размислувањето што ќе ме одведе по погрешен пат. Ова го барам преку Исус Христос. Амин.




За повеќе пораки како овие од Џојс, ве молам посетете ја страната  tv.joycemeyer.org/macedonian

Ден 13

Опис за овој план

Бојното поле на умот – Побожност

Ова побожно поучување ќе те опреми со инспирации на надеж за да го совладаш гневот, забуна, осуда, страв, сомнеж и.т.н. Овие согледувања ќе ти помогнат да го откриеш заговорот на непријателот да те збуни и да те излаже, ...

More

Би сакале да им се заблагодариме на министерствата на oyојс Мејер што го обезбедија овој план. За повеќе информации, посетете: https://tv.joycemeyer.org/macedonian/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност