Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Ослободување од споредба - 7 дневна посвета од Ана ЛајтПримерок

Break Free From Comparison a 7 Day Devotional by Anna Light

7 ДЕН ОД 7

На почетокот на овој план, разбравме дека недостатокот е причина за споредување. Недостаток од разбирање за тоа кој е Бог, и кои сме ние поради него. 


Убеден сум дека причината за нашата неспособност да одржуваме постојана поврзаност со Него е бидејки немаме комплетно разбирање за каква е Неговата вистинска природа. Тој не е лут убиец на радоста, кој не гледа од небото и чека да ја оплескаме работата. Тој не нè одбива. Тој не нè обвинува, суди или доживува негативни емоции према нас. Тој е длабоко персонален Бог, Бог кој љуби и е близу нашите срца.


Тој исто така е безконечно комплетен. Ништо не му недостасува. Работата која Исус ја заврши на крстот ни дозволува да го поседуваме живиот Божји дух во нас. Поради тоа, и нам ништо не ни недостасува.


Кога станува збор за споредување, едноставно треба да се потсетиме дека: секој еден од нас е израз на Божјата природа-аспект од Неговото битие кое Тој сака светот да го знае. 


Дали знаеш кој аспект Господ го открива преку тебе?


Дали си: 


Редоследен, сочувствителен, одговорен, креативен, со слободен дух, дисциплиниран, љубезен, смешен, паметен, жесток, тивок, добар слушател, грижлив, компетитивен, опуштен, интензивен... Тој во тебе постави аспект од Себеси. Тој е разновиден. Му беше потребна цела човечка раса за да прикаже кој е Тој за нас!


Познавајки се себеси и уникатните способности кој ти ги подарил, ќе ти ја дадат самодовербата да ја направиш правилната работа кога си искушуван да се споредуваш. Запрашај се себеси, “Што овој човек сака да ми покаже за Бог?” 


Во зависност од она кое го споделуваат на социјалните медиуми запрашај се, “Кој аспект од Бог можам да го видам во оваа личност?” 


Преку интеракцијата со други, “Што Бог ми открива преку оваа интеракција?” 


Кога се чувствуваш загрозен од нечии таленти или успеси, “Како да го прославам она што Бог го прави во животот на овој човек?” 


Кога својот идентитет е зрел и ја имаш самодовербата за тоа како Бог те створил, не само што ќе бидеш способен за позитивни мисли туку ќе можеш и да ги изговориш. Ќе бидеш способен за искрени комплименти со кои ќе помогнеш на други да се изградат наместо да се рушиш себе си или нив поради споредување. Ќе постанеш живототворна личност за луѓето околу себе! 


Како почнуваш да се гледаш како вреден аспект од Божјата природа, ќе започнеш исто да гледаш на другите, за на крај, да ја надминеш стапицата на споредување. 


Господе, помогни ми да гледам на себе како што ти гледаш на мене. Отвори ги моите очи да го видам Бог во секоја личност која доаѓа во контакт со мене за да можам да ја прикажам твојата слава преку моите интеракции. Се молам да ми ја укажеш на мојата вредност и уникатен аспект од твојата природа која си ја поставил во мене за да можам да бидам слободен и да ги прославувам уникатните аспекти кои си ги поставил во другите. Нема да се споредувам повеќе. Ќе кажам повторно, нема да се споредувам себе со други, и ќе го направам мојот дел да го прославам телото Христово за да се изгради и заврсти, во името на моќното име Исус, Амин!


Се надевам дека уживавте во овој план. За повеќе ресурси за помош при ослободување од она кое ве кочи, посетете ја Ана на


Поврзете се со Ана на Инстаграм: @annalight09


Ден 6

Опис за овој план

Break Free From Comparison a 7 Day Devotional by Anna Light

Ти знаеш дека Бог ти нуди поизобилен живот од тој што моментално го живееш, но тажна вистина е дека споредувањето со други не ти дозволува да преминеш на следното ниво. Во овој план Ана Лајт дава увид кој ќе го распарчи ...

More

Би сакале да се заблагодариме на Ана Лајт(LiveLaughLight) која го овозможи овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете http://www.livelaughlight.com

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност