Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Ослободување од споредба - 7 дневна посвета од Ана ЛајтПримерок

Break Free From Comparison a 7 Day Devotional by Anna Light

3 ДЕН ОД 7

Често се споредуваме со другите и доаѓаме до заклучок дека сме подобри од нив, подалеку од нив, поубави, послаби, правиме повеќе пари, имаме повеќе следбеници и повеќе влијание. Тогаш го добиваме чувството на супериорност. 


Проблемот со ова е што супериорноста е вкоренета во гордоста и ние знаеме што е резултатот од гордоста. Пад.


Проблемот со супериорноста кога се споредуваме е што секогаш ќе има некој што е подалеку, некој за кој сметаме дека е поубав, по фит, со поголема куќа, повеќе пари, повеќе следбеници и повеќе влијание од нас. Ова е втората причина зошто споредбата е еднакво деструктивна за нашите срца. 


Кога се споредуваме со други и наоѓаме недостаток во нас, се чувствуваме инфериорно. Инфериорноста е вкоренета во несигурноста. Се наоѓа надвор од понизноста, во негативните мисли, ум, и однос. Да се биде инфериорен може да нè исплаши, или направи анксиозни и депресивни. Овој однос не заробува во затвор на лаги. 


Запамтете, вистинска понизност е она кое ни е потребно поради тоа што таква понизност Го задоволува Бог и му носи слава. Замислете го како балансирана вага. Вистинската понизност не прави стабилни, не премногу наклонети во било која насока.


За да имаме вистинска понизност, ние мораме да го употребуваме Неговиот стандард за достоинство, а сите ние знаеме како да бидеме достоинствени за Него. 


Во Римјаните 3:23 пишува “Сите згрешија и лишени се од славата Божја.” 


Не сме достојни! Од тука понизноста— вистинската понизност—доаѓа, бидејќи имаме недостаток, неможеме да постигнеме сами.


Замисли го твојот живот како стрела. Стрелецот повлекува и отпушта према целта. Целта е Божјиот стандард за нашите животи. Стрелата лета во воздухот но набргу опаѓа пред целта, не само што не удира во центарот туку комплетно ја промашува целта. Тоа е она кое ни го вели Библијата кога мисли имаме недостаток.


Добрата вест е, дека Бог поради Неговата милост ни го дава Исус, кој ја подига секоја стрела и ни овозможува да одиме до крај. Преку Исус, можеме да ја постигнеме целта, но ТОЈ ни е потребен! Секој еден од нас има потреба од Него. Никој не е подобар. Никој не е полош. Кога станува збор за нашата вредност, тој сите не гледа исто. Во Него, го пронаоѓаме нашиот прав идентитет, и кога знаеме кои сме, го пронаоѓаме нашиот пат и нашата цел, животот кој Тој ни го дава да го прифатиме. 


Вистинската и истрајна понизност доаѓа кога нашите очи ни се фокусирани на целта, не на другите стрели.


Господе, помогни ми да се фокусирам на Тебе, а не на она кое другите луѓе го зборат или го прават. Мојата вредност, идентитет и правец доаѓаат од Тебе и никој друг. Посакувам вистинска понизност и срце кое те задоволува и почестува Тебе. Покажи ми ги областите во мојот живот во кои сум наклонет према гордост или несигурност и донеси ме во ред со Тебе. 


Ден 2Ден 4

Опис за овој план

Break Free From Comparison a 7 Day Devotional by Anna Light

Ти знаеш дека Бог ти нуди поизобилен живот од тој што моментално го живееш, но тажна вистина е дека споредувањето со други не ти дозволува да преминеш на следното ниво. Во овој план Ана Лајт дава увид кој ќе го распарчи ...

More

Би сакале да се заблагодариме на Ана Лајт(LiveLaughLight) која го овозможи овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете http://www.livelaughlight.com

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност