Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Ослободување од споредба - 7 дневна посвета од Ана ЛајтПримерок

Break Free From Comparison a 7 Day Devotional by Anna Light

4 ДЕН ОД 7

Најлесниот, најдеструктивниот начин на кој се споредуваме се одвива преку социјалните медиуми. Велам најдеструктивниот поради две работи: употребуваме социјални медиуми секој дневно, можеби неколку пати на ден, и вообичаено сме сами и изолирани во нашето размислување. Тажната вистина е дека ова не претставуваше проблем пред десет години. Социјалните медиуми постанаа присутни во нашата култура во последната декада, што предизвика епидемија на духовна потреба за внимание, а сепак се чувствуваме по осамено од било кога. 


Нешто кое е дизајнирано да не спои, всушност започна да не изолира и доколку не сме внимателни, деструктивното размислување за споредување може да навлезе во нашите срца побрзо од било што друго. 


Зошто? 


Просечен човек има пет профили на социјалните медиуми и троши повеќе од час и четиридесет минути на ден прегледувајки ги овие профили.


Па се чудиме зошто се мачиме со споредување, несоодветност, несигурност и недостиг.


Што ставаме пред нашите лица најчесто?


Сепак, не мислам дека одговорот е да ги избегнуваме социјалните медиуми. Ѓаволот е во екстремноста. Треба да запамтиме дека е во ред да бидеме вклучени во светот, но не да бидеме од светот. Ние треба да знаеме како да ги користиме социјалните медиуми, како и се друго, за наше добро, и за Негова слава. 


Типовите на телото и нашиот физички изглед е уште една брзо споредување на кое подлегнуваме. Можеме да погледнеме некој човек и за краток миг да расудиме и да го споредуваме начинот на нивното облекување, нивната шминка, коса или како се носат. Понекогаш ова се едноставни прегледи од страна на луѓето и нема ништо погрешно во тоа. Проблемот се појавува кога погрешно се споредуваме себеси со другите врз основа на надворешниот изглед. 


Многу често споредувањето зазема форма на материјални поседи како куќи, коли, плати и одмори. Го гледаме надворешното, паковката, амблемот, брендот или униформата и расудуваме без да ја знаеме целосната приказна. Проблемот со ова доаѓа кога ја спречуваме автентичната конекција со другите. Претпоставуваме дека се далеку над нас или дека немаат што да ни понудат врз основа на нашата перцепција за нив.


Ние исто така ги споредуваме животните искуства и достигнувања на другите со нашите. Сакаш сопруга, но си сеуште сам. Сакаш деца, или посакуваш еден тивок момент далеку од своите деца! Посакуваш фамилија која не е дисфункционална. Таа има перфектно тело, а ти сеуште пробуваш да ги остраниш твоите вишок килограми после бременоста. Неговата компанија се развува, додека вашата пропадна. 


Работите за кои правиме споредувања укажуваат на она кое ние е на нас важно. Јас се противам на тоа дека треба да ги исклучиме споредбите и љубомората. Научив дека можеме да ги користиме како алатка за управување на нашите животи и просветлување на свесноста за самите себе. Утре ќе зборуваме за ова.


Господе, отвори ги моите очи за работите кои прават да бидам љубоморен. Помогни ми да се свртам према огледалото и да размислам длабоко за што го користам моето време. Покажи ми зошто се чувствувам загрозен од некои луѓе или околности и помогни ми никогаш да не се поставувам супериорно или инфериорно спрема другите врз основа на брзи расудувања или надворешен изглед. 


Ден 3Ден 5

Опис за овој план

Break Free From Comparison a 7 Day Devotional by Anna Light

Ти знаеш дека Бог ти нуди поизобилен живот од тој што моментално го живееш, но тажна вистина е дека споредувањето со други не ти дозволува да преминеш на следното ниво. Во овој план Ана Лајт дава увид кој ќе го распарчи ...

More

Би сакале да се заблагодариме на Ана Лајт(LiveLaughLight) која го овозможи овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете http://www.livelaughlight.com

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност