Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 12:12-27

1 Коринтјаните 12:12-27 MK2006

И како што е телото едно, а има многу делови, и сите делови од тоа те­ло, па колку и да се тие, едно тело се, – така и Христос. Зашто преку еден Дух сме крстени сите во едно тело – било Јудејци или Елини, било робови или слободни; и си­те сме со еден Дух напоени. Зашто и телото не се состои само од еден дел, туку од многу. Ако ногата рече: бидејќи не сум ра­ка, не сум дел од телото, зар само заради тоа таа не припаѓа на телото? И ако увото рече: бидејќи не сум око, не сум дел од телото, зар поради тоа увото не припаѓа на телото? Ако целото тело би било око, тогаш каде ќе е слухот? Кога целото би било слух, тогаш каде е мирисот? Но Бог ги наредил деловите, секој од нив во телото така, како што по­са­кал. Ако сите тие би биле само еден дел, тогаш каде е телото? А сега се, пак, многу делови, но се­пак едно тело. И не може окото да ѝ рече на раката: „Не си ми потребна“, ниту, пак, гла­вата на нозете: „Не сте ми потребни.“ Напротив, оние делови од телото, кои ни изгледаат послаби, се многу попотребни; и на оние делови на телото, за кои сметаме дека се помалку чесни, им од­даваме повеќе почит; и нашите срамни делови добиваат поголема пристојност. Пристојните, пак, делови немаат потреба од чест. Но Бог го составил те­лото така, што им дал изобилна почит, на органите што ја немаат. За да нема раздори во телото, но де­ловите подеднакво да се грижат едни за други. А кога страда еден дел, тогаш стра­даат сите делови; и кога се слави еден од деловите, тогаш со него се радуваат сите делови. Вие сте телото Христово, а поодделно – членови.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност