Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Ослободување од споредба - 7 дневна посвета од Ана ЛајтПримерок

Break Free From Comparison a 7 Day Devotional by Anna Light

2 ДЕН ОД 7

Што значи да се споредуваш? 


Споредувањето е манифестација во форма на несигурност. Потекнува од недостаток. Недостаток на идентитет. Недостаток на цел. Недостаток на самодоверба во тоа што сме и животот кој ни е даден.


Несигурноста потекнува од вера во лаги и непознавање на нашиот вистински идентитет. Па кога се споредуваме со други, во основа кажуваме, “Јас не верувам и не знам кој сум, и не верувам и знам кој е Бог.” 


Се споредуваме бидејки бараме чувство на сигурност надвор од себе си. Незнависно дали знаеме или не, ние сме во константна потрага по нашето место во хиерархијата на животот. Сакаме да го дознаеме нашето место, нашата припадност и нашето достоинство поради недостатокот на чувство на безбедност кое треба да го имаме во нас. 


Вистина, некои од нас се споредуваат поради недостаток на доверба. Луѓето кои се споредуваат неможе да приметат колку се благословени, талентирани и какви дарови имаат поради нивниот фокус на другите. Многу од останатите можеби се споредуваат поради нивната компетитивна и перфекционистичка природа. Личности од Тип-А се предводени од овој тип на природа. Најчесто сте најдобри во работите, лидер, алфа мажјак или женка во вашата група или заедница, па вашата склоност да се споредувате потекнува од желбата да се биде секогаш на врвот. Чувството на сигурност го добивате кога сте најдобри, но таа сигурност не е долготрајна. Независно зошто се споредувате, мора да потврдите дека споредувањето никогаш не нè води до вистинска понизност која е благоугодна за Бог.


Исто така, споредувањето е крадец. Сигурно сте слушнале: “Споредувањето го убива задоволството.” “Споредувањето е крадец на радоста.” “Споредувањето го убива вашето влијание.”


Споредувањето ги ограбува, убива и уништува нашите умови и срца. Ние гледаме на споредувањето како алатка на непријателот поради овие причини. Вашиот непријател ве мрази и нема да го сопре ништо додека не го снема Божјиот живот во тебе, исполнетиот живот кој Тој го ветува. Кога се предаваме на споредбата му даваме предност на непријателот во нашите животи и неможеме да го искусиме она што Бог го има за нас.


Можеби не го правиме тоа намерно, но искушението и опасноста се секогаш пред нас поради тоа што, да се споредуваме со други е грев. Но, како и со другите гревови, мораме да ги избегнуваме во нашите животи, и да избегнуваме да се споредуваме.


Дали ти се споредуваш поради недостаток на доверба, или поради лажното чувство на сигурност во тоа да се биде најдобар? 


Господе, ја исповедам мојата склоност кон споредба со други луѓе. Некогаш го правам тоа без да знам. Сакам подобро да запознаам кој си Ти и кој сум јас поради Тебе. Посакувам внатрешна самодоверба која потекнува од мојата врска со Тебе. Погледни го моето срце и покажи ми го коренот на мојата потреба да се споредувам и ослободи ме, во името на Исус! 


Ден 1Ден 3

Опис за овој план

Break Free From Comparison a 7 Day Devotional by Anna Light

Ти знаеш дека Бог ти нуди поизобилен живот од тој што моментално го живееш, но тажна вистина е дека споредувањето со други не ти дозволува да преминеш на следното ниво. Во овој план Ана Лајт дава увид кој ќе го распарчи ...

More

Би сакале да се заблагодариме на Ана Лајт(LiveLaughLight) која го овозможи овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете http://www.livelaughlight.com

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност