Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Ослободување од споредба - 7 дневна посвета од Ана ЛајтПримерок

Break Free From Comparison a 7 Day Devotional by Anna Light

5 ДЕН ОД 7

Кога се споредуваме и чувсвуваме недостаток, мора да прашаме: дали нештата кои ги посакувам би се оствариле доколку се вложам во нив? Дали нештото кое те прави љубоморен е она што Бог го посакува во твојот живот? Можеби не треба да ги исклучиме споредувањето и љубомората. Можеби треба да ги донесеме понизно пред Бог и да го побараме Неговото водство. 


Можеби нема да можеш да го промениш своето тело, но дали можеш да ги изгубиш килограмите кои те прават несреќен? Дали можеш да ги префарбаш кујнските елементи за да го освежиш домот? Дали може да обновиш раскината врска? Да одиш на брачно советување? Да работиш на себе додека си сам? Да го ограничиш буџетот за да имаш повеќе пари за трошење? 


Дали е можно Бог да ги користи споредувањето и љубомората за да те насочи во насоката каде Тој сака да се движиш?


Оваа работа ми се случи на мене. 


Една девојка со која израснав изгледаше како да има сè. Беше убава, полна со живот и популарна. Почнав да се споредувам со неа и мислев дека доколку сум како неа, можеби не би се мразел себеси толку многу. 


Преку мојата опсесивност со животот на оваа девојка, забележав како се истакнува една константна работа.


Исус. 


Беше забележливо дека нејзиниот извор на сила, надеж и самодоверба доаѓа од нешто поголемо од неа, и добрите вести беа, дека и јас можам да го поседувам истото доколку се потрудам. И се потрудив.


Неколку години подоцна добив телефонски повик од девојка која ја исповедаше својата љубомора према мене. Ми кажа: “Почнав да размислувам дека доколку би можела да бидам како Ана, би ми се допаѓало повеќе.” 


Бев способен да и го кажам истото кое Бог ми го откри: “Ти не сакаш да бидеш како мене. Ти само ја посакуваш слободата, и добрата вест е дека можеш да ја имаш доколку се потрудиш.” 


Вистината е, кога правиме брзи споредби заосновани на она кое го гледаме однадвор нè спречува да го запознаеме срцето или приказната на таа личност. 


Пред да го научам ова, тајно се противев на Божјата работа во туѓите животи, посебно кога таа работа беше успешна. Бев негативен. За мене тоа беше лошо. Прославување на Божјата работа во туѓиот живот не ја згаснува работата на Бог во твојот живот. Всушност, НЕ прославување со другите може да влијае на Божјата желба да работи преку тебе. Доколку се најдеш себеси одбивен према успесите во туѓите животи, пробиј преку таа тврдина со охрабрување, и запрашај се себе што треба да направиш за да функционираш. 


Дали има нешто во твојот живот кое те прави несреќен, за кое имаш моќ да го промениш? 


Што те спречува да ја направиш таа промена? 


Господе, сакам да ги донесам моите споредувања и љубомора пред Тебе и да побарам насочување во мојот живот. Дали ме насочуваш во насоката во која треба да се движам? Отвори ги моите очи према она кое Ти ми зборуваш во овој момент додека ги принесувам овие работи пред Тебе. Помогни ми да бидам охрабрување за другите, знаејки дека сум љубен од Тебе исто толку колку што е било кој друг.


Ден 4Ден 6

Опис за овој план

Break Free From Comparison a 7 Day Devotional by Anna Light

Ти знаеш дека Бог ти нуди поизобилен живот од тој што моментално го живееш, но тажна вистина е дека споредувањето со други не ти дозволува да преминеш на следното ниво. Во овој план Ана Лајт дава увид кој ќе го распарчи ...

More

Би сакале да се заблагодариме на Ана Лајт(LiveLaughLight) која го овозможи овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете http://www.livelaughlight.com

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност