Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Ослободување од споредба - 7 дневна посвета од Ана ЛајтПримерок

Break Free From Comparison a 7 Day Devotional by Anna Light

6 ДЕН ОД 7

Што со работите кои неможеш да ги промениш? 


Неможеме да го промениме срцето на друг. Неможеме да го промениме минатото. Можеби неможеме да ги контролираме или промениме нашите околности. Но дали веруваме во Неговото свето разбирање, дека Бог те поставил во животот со овие проблеми, врски, станици со специфична причина? Дали е можно Тој да ги користи нештата кои се надвор од наша контрола, да не научат на абсолутна доверба во Неговиот перфектен план за нашите животи? Бог не отфрла ништо. Тој не го отфрла скаменетото срце, тешките околности, или нештата надвор од наша контрола. Што е она кое Тој можеби ти го покажува преку работите кои не ти се допаѓаат во твојот живот, но неможеш да ги промениш?


Друго прашање кое можеме да си го поставиме: дали ги издржуваме или прифаќаме работите кои неможеме да ги промениме?  


Има голема разлика помеѓу тоа да се издржат и прифатат, и разликата помеѓу двете е во нашиот став. Да се издржат значи дека правиме доволно само колку да поминеме низ нив, додека да се прифатат не издига над преживување до напредок, дури и додека сме во тешкотија.


Кога избираме да прифатиме наместо да издржиме, можеби ништо нема да се смени во нашите околности, но промената ќе биде во нашето срце. Тој може да ги искористи тие неподвижни околности да го омекне нашето срце, кое немаше да биде променето во спротивно.


Псалм 37:4 може да ни помогне подобро да ја разбереме оваа идеја.“Сета радост нека ти биде во Господ, и Тој ќе ти даде што ќе посака срцето твое.” Додека растев, јас секогаш мислев дека ќе го добијам она што го сакам доколку ги направам сите работи правилно…ама подоцна го сватив вистинското значење на зборот “радост.” Еврејскиот збор преведен “радост” буквално значи да се биде деликатен. Ја носи со себе идејата да се биде флексибилен и мек. Па, кога Бог вели да се радуваме во Него, Тој кажува, “Дозволи ми да ги оформам твоите желби. Кога се радуваш за Мене, твоите желби стануваат Мои желби. Она што Јас го посакувам, ќе биде тоа што ти посакуваш.”


Дали Тој бара од тебе да нурнеш во она кое Тој ти го дал за нештата кои неможе да се променат, постанат нешта кои те менуваат тебе?


Господе, има нешта во мојот живот кои не ми се допаѓаат, но немам моќ да ги променам. Покажи ми што можам да направам за да ги променам мојот став и размислување. Посакувам срце изобличено и оформено од Твоите раце. Помогни ми да ти верувам дури и кога не разбирам низ што поминувам. Ти ја подавам оваа тешка, непроменлива ситуација во Твоите раце и молам за Твојата волја да биде извршена. 


Прочитајте ги следните слова во верзијата на Пораките.


Ден 5Ден 7

Опис за овој план

Break Free From Comparison a 7 Day Devotional by Anna Light

Ти знаеш дека Бог ти нуди поизобилен живот од тој што моментално го живееш, но тажна вистина е дека споредувањето со други не ти дозволува да преминеш на следното ниво. Во овој план Ана Лајт дава увид кој ќе го распарчи ...

More

Би сакале да се заблагодариме на Ана Лајт(LiveLaughLight) која го овозможи овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете http://www.livelaughlight.com

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност