Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Филипјаните 2:3-11

Филипјаните 2:3-11 MK2006

не правете ништо од честољубие или за празна слава, но од понизност сметај­те се еден друг за погорен од себеси! Не грижете се секој само за себе, ту­ку и за другите! Бидејќи вие треба да ги имате ис­ти­те мисли, што ги има Исус Христос, Кој, иако беше во Божји лик, не сме­таше дека треба да го искористи тоа што е еднаков со Бога; но Сам Себе се понизи, земајќи лик на слуга се изедначи со луѓето и по из­глед се покажа како човек; Сам Себе се понизи, послушен сѐ до самата смрт, смрт на крст. Па затоа и Бог Го превозвиши и Му даде име што е над секое име, та во името на Исус да се поклони секое колено на сѐ што е небесно, земно и подземно, и секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ, за слава на Бог Оте­цот.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Филипјаните 2:3-11

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност