Псалми 81
81
ПСАЛМ 81
Божјиот суд врз неправедните судии
1 #
Ис 3,13-14
Псалм на Асаф.
Бог застана во соборот на боговите,
и среде боговите суди.
2 #
57,1
До кога неправедно ќе судите
и ќе бидете пристрасни кон грешниците?
3 #
2 Мојс 23,6; Ер 5,28; Јов 29,12 Правично судете ги сиракот и сиромавиот,
понижениот и бедниот оправдајте ги;
4 #
2 Мојс 23,6
избавете ги бедниот и сиромавиот,
од раката на грешникот избавете ги.
5Ниту познаа ниту разбраа, во темнина одат;
сите основи на земјата ќе се разнишаат.
6 #
Јн 10,34
Јас реков: „Богови сте
и сите сте синови на Севишниот.
7А вие како луѓе умирате
и како еден од кнезовите паѓате“.
8Стани, Боже, Ти Кој ѝ судиш на земјата,
зашто Ти ќе ги наследиш сите народи.
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
Псалми 81: MAK2024PS
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង
ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
Македонско библиско здружение 2024