Псалми 81

81
ПСАЛМ 81
Божјиот суд врз неправедните судии
1 # Ис 3,13-14 Псалм на Асаф.
Бог застана во соборот на боговите,
и среде боговите суди.
2 # 57,1 До кога неправедно ќе судите
и ќе бидете пристрасни кон грешниците?
3 # 2 Мојс 23,6; Ер 5,28; Јов 29,12 Правично судете ги сиракот и сиромавиот,
понижениот и бедниот оправдајте ги;
4 # 2 Мојс 23,6 избавете ги бедниот и сиромавиот,
од раката на грешникот избавете ги.
5Ниту познаа ниту разбраа, во темнина одат;
сите основи на земјата ќе се разнишаат.
6 # Јн 10,34 Јас реков: „Богови сте
и сите сте синови на Севишниот.
7А вие како луѓе умирате
и како еден од кнезовите паѓате“.
8Стани, Боже, Ти Кој ѝ судиш на земјата,
зашто Ти ќе ги наследиш сите народи.

ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖

Псалми 81: MAK2024PS

គំនូស​ចំណាំ

ចែក​រំលែក

ចម្លង

None

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល