Марко 4
4
Парабола за царството Божјо. Стивнување на бурата.
1И пак почна да поучува покај морето; и се собра околу Него многу народ; Он влезе тогаш во кораб во морето и седеше, а сиот народ стоеше на суво, покрај морето.
2И ги поучуваше многу со параболи, и во поуките Свои им велеше:
3»Слушајте! Ете излезе еден сејач да сее;
4и се случи, кога сееше, едни зрна да паднат покрај патот, па долетаа птиците небески и ги исколваа.
5Други паднаа на каменито место, каде што немаше многу земја, и набргу изникнаа, оти земјата не беше длабока;
6а кога изгреа сонцето, тие свенаа, па како немаа корен, се исушија.
7Некои паднаа во трње; и израсна трњето, и ги задуши, и не дадоа плод.
8А други паднаа на добра земја и почнаа да даваат плод, што израсна и узреа; и принесоа; кое триесет, кое шеесет, кое сто.«
9И им рече: »Кој има уши да слуша, нека чуе!«
10А кога остана Сам, оние што беа околу Него, заедно со дванаесетте, Го прашаа за параболата.
11И им кажа: »Вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството Божјо, а на оние, надворешните, сѐ ќе им се кажува во параболи,
12за да гледаат со очи, и да не видат; да слушаат со уши, и да не разбираат; оти се бојат да не се покајат некогаш, та да им се простат гревовите.«
13И им рече: »Зар не ја разбирате оваа парабола? Како тогаш ќе ги разберете сите приказни?
14Сејачот го сее словото.
15Посеаното покрај патот ги означува оние, кај кои се сее словото, но при кои, откако го чујат, веднаш доаѓа сатаната и им го граби словото, посеано во срцата нивни.
16Исто така и посеаното на каменито место ги означува оние, кои, штом го чујат словото, веднаш со радост го примаат,
17но немаат во себе корен и се непостојани; па, кога настане жалост или гонење заради словото, веднаш се соблазнуваат.
18Посеаното во трње ги означува оние што го слушаат словото,
19но грижите за овој век, примамливото богатство и други желби, кои, кога се вселат во нив, го задушуваат словото и тоа останува бесплодно.
20А посеаните зрна на добра земја се оние, што го слушаат словото и го примаат и принесуваат плод: едни триесет, други шеесет, а други сто.«
21И Им рече: »Зар се внесува светило за да се тури под поклоп или под одар? Не затоа ли, да се стави на свеќник?
22Оти нема ништо тајно, што не ќе стане јавно; ниту, пак, нешто сокриено, а да не излезе на видело.
23Ако некој има уши да слуша, нека чуе!«
24И им велеше: »Внимавајте на она што слушате: со каква мерка мерите, со таква ќе ви се мери, и ќе ви се придодаде вам што слушате.
25Зашто, кој има, нему ќе му се даде; а кој нема, од него ќе се одземе и она што го има.«
26Па рече: »Царството Божјо прилега на човек што фрлил семе в земја,
27па спие и станува ноќе и дење; а како никнува и како расте семето, тој не знае.
28Зашто земјата сама од себе донесува плод, најнапред трева, па клас, а потоа и полно зрно во класот.
29А кога узрее плодот, одеднаш испраќа срп, зашто дошло времето за жетва.«
30Пак продолжи: »Со што да го споредиме царството Божјо, или со каква парабола да го прикажеме?
31Тоа е како синапово зрно, кое, кога се сее в земја, е помало од сите семиња земни;
32а кога се посее, израснува и станува поголемо од сите растенија, и пушта големи гранки, така што под неговата сенка можат да се засолнуваат птиците небески.«
33И со многу такви параболи им го проповедаше словото, колку што можеа да слушаат.
34И без параболи не им говореше, а на учениците Свои насамо сѐ им објаснуваше.
35Тој ден вечерта им рече: »Да минеме на спротивната страна!«
36И кога го отпуштија народот, учениците Го зедоа со себе, како што беше во коработ, а го следеа и други кораби,
37И се подигна голема бура, и брановите се префрлуваа во коработ – така што тој веќе пропаѓаше.
38Он, пак, беше на кормилото и спиеше на возглавница; Го разбудија и Му рекоа: »Учителе, зар не Ти е жал што загинуваме?«
39А кога стана, му забрани на ветрот и му рече на морето: »Молкни, престани!« И ветрот стивна и настана голема тишина.
40Па им рече: »Што сте така плашливи? Како немате толку вера?«
41И ги опфати голем страв, и говореа еден на друг: »Кој е, пак, Овој, што и ветрот и морето Го слушаат?«
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
Марко 4: MK1990
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: