Марко 15
15
Исус пред Пилата. Осудата. Трновиот венец. Смртта Исусова на крст. Исусовото погребение.
1И веднаш утредента првосвештениците и книжниците, и целиот Синедрион, направија совет, па како Го врзаа Исуса, Го одведоа и Го предадоа на Пилата.
2А Пилат Го праша: »Ти ли си Царот Јудејски?« Он одговори и рече: »Ти велиш.«
3И првосвештениците Го обвинуваа многу. Но Он не одговори ништо.
4А Пилат пак Го праша и рече: »Ништо ли не одговараш? Гледаш колку многу сведочат против Тебе!«
5Но Исус ништо веќе не одговори, така што Пилат се чудеше.
6А на секој празник им отпушташе по еден осуденик, кого што ќе го побараа.
7И беше еден осуден, по име Варава, заедно со придружниците, што во една буна извршиле убиство.
8И кога извика народот, почна да го моли Пилата да им го направи она, што им го правел секогаш.
9А тој им одговори и рече: »Сакате ли да ви Го пуштам Јудејскиот Цар?«
10Оти знаеше дека првосвештениците Го беа предале од завист.
11Но првосвештениците го наговорија народот да бара да им го пушти Варава.
12Пилат, пак, им одговори и рече: »Што сакате да направам со Оној, што Го именувате Цар Јудејски?«
13Тие одново извикаа, велејќи: »Распни Го!«
14Пилат им рече: »Што зло направил?« Но тие уште посилно извикаа: »Распни Го!«
15Тогаш Пилат, сакајќи да му угоди на народот, им го пушти Варава; а Исуса Го бичува и Го предаде да Го распнат.
16Војниците, пак, Го одведоа внатре во дворот, односно во преторијата, и повикаа цела чета,
17па Му облекоа багреница, и откако сплетоа трнов венец, Му го кладоа на главата;
18и почнаа да Го поздравуваат: »Радуј се, Царе Јудејски!«
19И Го биеја по главата со трска и плукаа на Него; паѓајќи на колена, и Му се клањаа.
20А кога Го исмеаја, Му ја соблекоа багреницата, Му го облекоа Неговото облекло и Го поведоа на Го распнат.
21И го натераа некој си Симон Киринеец, таткото на Александар и на Руф, кој се враќаше од поле, да му го носи крстот.
22Па Го одведоа на местото Голгота, што значи: место на черепи.
23И Му дадоа да пие вино со смирна, но Он не зеде.
24Тие што Го распнаа, ги разделија алиштата Негови, фрлајќи ждреб, кој што да земе.
25Беше третиот час, и Го распнаа.
26И имаше натпис за вината Негова: »Цар Јудејски.«
27А со Него распнаа и два разбојника, едниот од десната Негова страна, а другиот од левата.
28И се исполни Писмото, кое вели: »И меѓу грешници Го ставија.«
29А минувачите, вртејќи со глава, Го хулеа и велеа: »Аха! Ти, што го уриваш храмот и за три дни го соѕидуваш,
30спаси Себеси и слези од крстот!«
31Исто така и првосвештениците заедно со книжниците му се смееја и велеа: »Другите ги спасуваше, а Себе не може да се спаси.
32Христос, Царот Израилев, нека слегне сега од крстот, па да видиме и да поверуваме!« Го хулеа и распнатите со Него.
33А во шестиот час настана темнина по целата земја, до деветтиот час.
34И во деветтиот час Исус извика гласно, велејќи: »Елои, Елои, Лама савахтани?« А тоа значи: »Боже Мој, Боже Мој, зошто си Ме оставил?«
35Некои од оние, што стоеја таму, штом го чуја тоа, рекоа: »Ете, го вика Илија.«
36А еден отрча, натопи сунѓер во оцет, па како го закачи на трска, Му даваше да пие, велејќи: »Почекајте да видиме, ќе дојде ли Илија да Го симне?«
37Исус, пак, кога испушти висок глас, издивна.
38И црковната завеса се расцепи на две, одозгора додолу.
39А стотникот, што стоеше спроти Него, кога виде дека Он, откако извика така издивна, рече: »Навистина Овој Човек бил Син Божји!«
40А имаше и жени што гледаа оддалеку; меѓу нив беше и Марија Магдалина, и Марија, мајката на малиот Јаков и на Јосија, и Саломија,
41кои и тогаш, кога Он беше во Галилеја, врвеа по Него и Му служеа, и многу други што беа дошле со Него во Ерусалим.
42А кога се стемни веќе, бидејќи беше петок, односно спроти сабота,
43дојде Јосиф од Ариматеја, прочуен член на советот, кој и сам го очекуваше царството Божјо, се осмели и влезе при Пилата и го помоли за телото Исусово.
44Пилат се зачуди дека Он веќе умрел: и кога го извика стотникот, го праша дали одамна умрел.
45Па штом узна од стотникот, му го даде телото на Јосифа.
46А Јосиф купи плаштаница, Го симна и Го обви во плаштаницата и Го положи во гроб, што беше издлабен во карпа; и навали камен на гробната врата.
47А Марија Магдалина и Марија Јосиева гледаа, каде Го полагаат.
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
Марко 15: MK1990
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: