Марко 16
16
Христовото воскресение. Воскреснатиот им се јавува на учениците. Заповед за крштавањето на сиот свет. Вознесението.
1Штом мина сабота, Марија Магдалина, Марија Јаковова и Саломија купија мириси, за да дојдат и Го помажат Исуса.
2И во првиот ден од седмицата, дојдоа на гробот многу рано, кога изгреваше сонцето,
3па си зборуваа помеѓу себе: »Кој ќе ни го одвали каменот од вратата на гробот?«
4И кога погледнаа, видоа дека каменот е одвален, а тој беше многу голем.
5Штом влегоа во гробот, видоа еден млад човек, облечен во бели алишта, како седи од десната страна; и се уплашија многу.
6А тој им рече: »Не бојте се! Вие Го барате Исуса Назареецот, Распнатиот. Он воскресна, не е овде. Еве го местото каде што беше положен.
7Но одете, кажете им на учениците Негови и на Петра, дека Он пред вас ќе отиде во Галилеја; таму ќе Го видите, како што ви беше рекол.«
8Па, штом излегоа, побегнаа од гробот, зашто ги опфати страв и ужас, и никому ништо не рекоа, оти се боеја.
9А Исус, кога воскресна во првиот ден од седмицата, ѝ се јави најнапред на Марија Магдалина, од која беше истерал седум демони.
10Таа отиде и им јави на оние, што беа со Него и што плачеа и ридаа;
11но тие, кога чуја дека е Он жив, и дека таа Го видела, не поверуваа.
12Потоа се јави во друг вид на двајца од нив по пат, кога одеа в село.
13И штом се вратија, тие им кажаа на другите; но и ним не им поверуваа.
14Најпосле им се јави на единаесетте, кога беа на трпеза, и ги укори за нивното неверие и жестокосрдечност, зашто не им поверуваа на оние, кои Го видоа воскреснат.
15Па им рече: »Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание.
16Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден.
17А знаците, на оние што ќе поверуваат, ќе им бидат овие: со Моето име ќе истеруваат бесови; ќе говорат нови јазици;
18ќе фаќаат змии и ако нешто смртоносно испијат, нема да им навреди; на болни ќе полагаат раце и тие ќе оздравуваат.«
19А по разговорот со нив, Господ се вознесе на небо и седна од десната страна на Бога.
20Тие, пак, отидоа и проповедаа насекаде; и Господ го поткрепуваше словото нивно со чудеса, што се јавуваа. Амин!
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
Марко 16: MK1990
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: