Јуда 1
1
Треба да се пазиме од заводници, да бидеме постојани во верата и во чистотата на учењето. Желба на крајот.
1Од Јуда, слугата на Исуса Христа, а брат на Јакова – до призваните, осветени во Бога Отецот и запазени од Исуса Христа.
2Милоста, мирот и љубовта да ви се умножат!
3Возљубени, грижејќи се постојано, да ви пишувам за вашето општо спасение, најдов за добро да ви напишам и да ве помолам – да се борите за вистинската вера, која им е дадена на светиите еднаш засекогаш,
4зашто се вовлекоа некои луѓе, чија осуда е одамна определена, безбожници, што ја обрнуваат благодатта Божја во нечистотијата и се одречуваат од Единиот Господар Бог и Господ наш Исус Христос.
5Сакам да ви напомнам, иако ова веќе го знаете, дека Господ, откако го избави народот од Египетската земја, ги погуби потоа оние, што не веруваа;
6ангелите, пак, што не се покоруваа на своето началство, и го напуштија своето живеалиште, ги стави во вечни окови, во мрак за суд на великиот ден.
7Како што Содом и Гомор и околните градови, што блудствуваа и на ист начин како и тие налетуваа и на друга плот, станаа пример со тоа што беа накажани со вечен оган.
8Исто така ќе стане и со оние, кои ја осквернуваат плотта, ги презираат началниците и достоинството на власта.
9А Архангел Михаил, кога се препираше со ѓаволот за Мојсеевото тело, не се осмели да изрече хулна пресуда, туку рече: »Господ да ти забрани!«
10А овие хулат на она, што не го знаат, а во она, што го знаат во природа како неразумно животно, во него се распаѓаат.
11Тешко ним, оти тргнаа по Каиновиот пат, се фрлија во корисната заблуда на Валаама, и загинаа во буната Кореева.
12Тоа се оние што ги поганат вашите вечери на љубовта, јадејќи со вас без страв и се гојат. Тие се безводни облаци, што ветровите ги пренесуваат, есенски неродни дрвја, кои двапати умреле, и се искорнати;
13свирепи морски таласи, што се пенат со своите срамоти; ѕвезди лажни, за кое се чува мракот на темнината засекогаш.
14А за овие пророкуваше и Енох, седмиот од Адама, зборувајќи: »Ете, иде Господ со илјадници Свои свети ангели,
15за да направи суд над сите и за да ги изобличи сите безбожници за сите нивни нечесни дела, што ги беа направиле со своето беззаконие, и за сите лоши зборови, што ги изрекле за Него безбожните грешници.«
16Тие се незадоволни викачи, кои живеат според своите желби, а устата нивна произнесува горди зборови, и за корист стануваат ласкатели.
17Но вие, возљубени, спомнете си ги зборовите, што ги кажаа апостолите на нашиот Господ Исус Христос;
18оти тие ви зборуваа дека во последно време ќе се појават подигрувачи, кои ќе постапуваат според своите безбожнички желби.
19Тоа се луѓето што се одделуваат од единството на верата; тие се телесни – и немаат дух.
20А вие, возљубени, изградувајќи се во пресветата ваша вера и молејќи се преку Светиот Дух,
21запазете се во љубовта Божја, очекувајќи милост од нашиот Господ, Исуса Христа, за вечен живот.
22И така разликувајќи ги, едни милувајте,
23а други со страв спасувајте, истргнувајќи ги од оган и изобличувајќи ги со страв, и гнасејќи се од облеката, испоганета од телото.
24А на Оној, Кој може да ве запази да останете безгрешни и без порок, и да ве постави пред славата Своја во радост, –
25на Единиот премудар Бог, нашиот Спасител преку Исуса Христа, нашиот Господ, слава и величие, држава и власт преку сите векови, сега и во сите времиња. Амин!
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
Јуда 1: MK1990
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង
ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: