Римјаните 1
1
Благослов. Увод. Евангелието е сила Божја која го спасува секого што верува. Во него се јавува правдата Божја од вера во вера. Гневот Божји над незнабошците.
1Павле, слуга на Исуса Христа, повикан за апостол, избран за Благовестието Божјо,
2кое Он уште порано го беше ветил преку светите пророци, во светите Писма,
3за Својот Син, по тело роден од семето Давидово,
4посведочен како Син Божји во силата по Духот на осветувањето, преку воскресението од мртвите на Исуса Христа, нашиот Господ,
5преку Кого добивме благодат и апостолство за послушност кон верата на сите народи во Негово име,
6меѓу кои сте и вие, повиканите од Исуса Христа,
7благодат и мир од Бога Отецот наш и Господа Исуса Христа на сите вас, што сте во Рим, возљубени од Бога, наречени светии.
8Пред сѐ, Му благодарам на својот Бог, благовестувајќи за сите вас, оти за вашата вера се зборува по целиот свет;
9Бог, Кому Му служам со својот дух, благовестувајќи за Неговиот Син, сведок ми е дека постојано си спомнувам за вас
10и секогаш во молитвите свои се молам, та со Божја волја некако да ми се даде да дојдам при вас,
11зашто копнеам да ве видам, па да ви предадам некој духовен дар за вашето зацврстување,
12односно, кога ќе бидам меѓу вас, заедно да се утешиме преку општата вера – вашата и мојата.
13Само не сакам, браќа, да ви биде непознато дека многупати бев на мисла да дојдам при вас, но бев попречуван дури досега, та да имам некој плод и меѓу вас, како и меѓу другите народи.
14Задолжен сум кон Елините и варварите, кон мудрите и кон неразумните.
15Па, во колку од мене зависи, готов сум и вам во Рим да ви го проповедам Евангелието.
16Зашто јас не се срамувам од Евангелието на Христа, бидејќи тоа е сила Божја за спасението на секој што верува, прво на Јудеец, а потоа и на Елин.
17Бидејќи во него се открива правдата Божја од вера во вера, како што е напишано: »Праведникот преку вера ќе живее«.
18Оти гневот Божји се открива од небото на секоја нечесност и неправда на луѓето, кои вистината ја држат во неправда;
19така што она, кое може да се знае за Бога, ним им е познато, бидејќи Бог тоа им го откри.
20Оти она, што е во Него невидливо, односно вечната Негова сила и Божеството, се гледа уште од создавањето на светот, гледани според нивните созданија, па така тие немаат изговор.
21Зашто, кога Го познаа Бога, тие не Го прославија како Бог, ниту, пак, Му благодарија, туку се заблудија во своите помисли, и нивното неразумно срце им се помрачи;
22наречувајќи се себе мудри, тие обезумија,
23и славата на вечниот Бог ја изменија во облик на смртен човек, на птици, на четвороножни животни и на лазачи, –
24затоа и Бог, според желбите на срцата нивни, ги предаде на нечистотата, за да се бесчестат телата нивни во самите себе.
25Тие ја заменија вистината Божја со лага и му се поклонија и му служеа на созданието повеќе отколку на Создателот, Кој е благословен во сите векови. Амин!
26Затоа Бог ги предаде на срамни страсти: жените нивни природните потреби ги заменија со противприродни;
27и мажите исто така; оставајќи го природното зближување со женскиот пол, се распалија со желби еден кон друг, и вршеа срамни работи мажи со мажи, добивајќи отплата каква што одговараше на нивната заблуда.
28И бидејќи не се обидоа да Го имаат Бога во разумот свој, тоа Бог ги предаде на изопачен ум – да го прават она, што не прилега;
29бидејќи исполнети со секаква неправда, блудство, лукавство, користољубивост, злоба; полни со завист, убиства, расправии, измами, лоши нарави;
30оговарачи, клеветници, богомрасци, силеџии, фалбаџии, горди, измислувачи на зло, непослушни кон родителите,
31неразумни, неверни, недружељубиви, непомирливи, немилостиви.
32Тие, иако ја знаеја правдата Божја дека оние, што вршат такви дела, заслужуваат смрт, сепак не само што ги вршат, туку се благонаклони и кон оние што ги вршат.
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
Римјаните 1: MK1990
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង
ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: