3. Јован 1
1
До Гај, благодарност за гостопримството спрема браќата. Треба да се пазиме од лоши примери.
1Од старешината – до возљубениот Гај, кого вистински го сакам.
2Возљубени, се молам да бидеш здрав и во сѐ да ти биде добро, како што ѝ е добро на душата твоја.
3Многу се зарадував, кога дојдоа браќата и се посведочија за твојата верност – оти ти живееш во вистината.
4За мене нема поголема радост од тоа – да чујам дека моите чеда живеат во вистина.
5Возљубени, ти постапуваш верно во сѐ, што го правиш за браќата и гостите,
6кои ја посведочија твојата љубов пред Црквата. Добро ќе направиш, ако ги приготвиш пред Бога како што треба.
7Бидејќи поради Неговото име тргнаа, не земајќи ништо од незнабошците.
8Ние сме, пак, должни да примаме такви, за да станеме помошници на вистината.
9Јас напишав до Црквата. Но Диотреф, кој сака да биде најстар меѓу нив, не нѐ прими нас.
10Затоа, ако дојдам, ќе му спомнам за делата негови, што ги прави, напаѓајќи нѐ со лоши зборови; и тоа не му е доволно, туку браќата сам не ги прима, а им забранува да ги примаат и оние, кои сакаат да ги примат, и ги гони од Црквата.
11Возљубени, не угледувајте се на злото, туку на доброто. Кој добро чини, од Бога е; а кој прави зло, не Го видел Бога.
12За Димитрија посведочија сите, па и самата вистина; а сведочиме, исто така, и ние; а вие знаете дека сведоштвото наше е вистинско.
13Многу имав да ти пишувам, но не сакав да ти напишам со мастило и перо,
14туку се надевам наскоро да те видам, и да позборуваме уста со уста.
15Тебе мир! Те поздравуваат пријателите. Поздрави ги пријателите по име. Амин!
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
3. Јован 1: MK1990
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង
ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: