2. Јован 1

1
До една жена што верува и до нејзините деца. Нека останат во вистината во која одат.
1Од старешината – до избраната госпоѓа и нејзините чеда, кои вистински ги сакам, – и не само јас, туку и сите, што ја познаа вистината;
2поради вистината, која пребива во нас и ќе биде со нас секогаш.
3Да биде со вас благодатта, милоста, мирот од Бога Отецот и од Господа Исуса Христа, Синот на Отецот, во вистина и љубов!
4Многу се зарадував, оти чедата твои ги најдов како одат во вистина, онака како што добивме заповед од Отецот.
5И сега те молам, госпоѓо, не како да ти пишувам нова заповед, но онаа, која ја имаме од почетокот, да се сакаме еден со друг.
6А љубовта се состои во тоа, да постапуваме по Неговите заповеди. Тоа е заповедта, што ја чувте во почетокот, за да постапувате според неа;
7бидејќи во светот влегоа мнозина измамници, кои не исповедаат дека Исус Христос дошол во плот; таков човек е измамник, антихрист.
8Пазете се за да не го изгубите она, за кое сте се труделе, туку да добиете полна награда.
9Секој, кој прави престапи и не пребива во Христовото учење и не е во Него, Го нема Бога; кој пребива во Христовото учење, тој Го има и Отецот и Синот.
10Кој доаѓа при вас и не го носи тоа учење, него не го примајте во вашиот дом и не поздравувајте го;
11зашто, кој го поздравува, учествува во неговите лоши дела.
12Вистина, имав многу да ви пишувам, но не сакав на книга и со мастило, оти се надевам дека ќе дојдам при вас и од устата да ви зборувам, та радоста ваша да ви биде полна.
13Те поздравуваат чедата на избраната твоја сестра. Амин!

ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖

2. Јован 1: MK1990

គំនូស​ចំណាំ

ចែក​រំលែក

ចម្លង

None

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល