2. Петар 1

1
При разделбата апостолот напомнува за христијанските добродетели. За Христовото преображение на Гората и за сигурниот пророчки збор.
1Симон Петар, слуга и апостол на Исуса Христа, до оние, на кои преку правдата на нашиот Бог и Спасител Исус Христос им се падна да добијат заедно со нас еднаква вера:
2благодатта и мирот со познавањето на Бога и Христа Исуса, нашиот Господ, да ви се умножи.
3Бидејќи Неговата божествена сила ни подари сѐ, што е потребно за животот и побожноста, а преку познавањето на Оној, Кој нѐ повика со Својата слава и совршенство,
4преку кои ни се дарувани многу големи и драгоцени ветувања, та преку нив да станете учесници во Божјата природа, ако се оддалечите од гнилежните похоти на овој свет;
5затоа, грижејќи се за ова сестрано, принесете кон верата своја добродетел, а кон добродетелта разум,
6кон разумот воздржување, кон воздржувањето трпение, кон трпеливоста побожност,
7кон побожноста братољубивост, кон братољубивоста љубов.
8Оти, ако овие добродетели ги има во вас и се умножуваат, тие нема да ве остават празни, ниту бесплодни во познавањето на нашиот Господ Исус Христос.
9А при кого ги нема, тој е слеп, кусоглед и заборава дека се очистил од поранешните гревови.
10Браќа, затоа уште повеќе настојувајте да го зајакнете вашиот позив и избор, оти, ако го вршите тоа, никогаш нема да погрешите,
11бидејќи по таков начин ќе ви се овозможи слободен влез во вечното царство на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.
12Поради тоа секогаш ќе се грижам да ви ги напомнувам овие работи, иако ги знаете, и да сте утврдени во сегашната вистина.
13Па и право е, додека сум во ова тело, да ве подбудувам со напомнување,
14оти знам дека наскоро ќе го оставам моето тело, како што Господ наш, Исус Христос, ми јави.
15А ќе се погрижам на ова да се потсетувате секогаш и по мојата смрт.
16Зашто ние ви ја покажавме силата и доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос не преку измислени параболи, туку откако станавме очевидци на Неговото величие.
17Оти Он прими чест и слава од Бога Отецот, кога од велелепната слава Му дојде ваков глас: »Овој е Мојот возљубен Син, во Кого е Моето благоволение«.
18И тој глас, што дојде од небото, ние го чувме, кога бевме со Него на Светата гора.
19А освен тоа, ние имаме нешто уште поверно, а тоа е пророчкото слово; и добро правите што на него му обрнувате внимание, како на светило што свети на темно место, додека денот осамне и Деницата засвети во вашите срца.
20Знајте го прво тоа дека ниедно пророштво од Писмото не е сопствено кажување на пророкот.
21Оти никогаш според човечката волја не е изречено пророштво, туку светите Божји луѓе зборувале просветувани од Светиот Дух.

ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖

2. Петар 1: MK1990

គំនូស​ចំណាំ

ចែក​រំលែក

ចម្លង

None

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល