1. Јован 5
5
Верата што го победува светот. Духот Кој сведочи.
1Секој, кој верува дека Исус е Христос, од Бога е роден, и секој, кој Го сака Оној, Кој родил, Го сака и Оној, Кој е роден од Него.
2По тоа познаваме дека ги сакаме чедата Божји, кога Го сакаме Бога и ги пазиме Неговите заповеди.
3Бидејќи љубовта кон Бога се состои во тоа: да ги пазиме заповедите Негови. А Неговите заповеди не се тешки.
4Оти секој, кој е роден од Бога, го победува светот; и ова е победата што го победи светот – верата наша.
5Кој го победува светот, ако не оној, кој верува дека Исус е Син Божји?
6Исус Христос е Оној, Кој дојде преку вода и крв и преку Духот, – не само преку вода, туку преку вода и крв; и Духот е Оној, Кој сведочи, оти Духот е вистина.
7Зашто Троица се, Кои сведочат на небото: Отецот, Словото и Светиот Дух; и Троица се едно.
8И Троица се, Кои сведочат на земјата: Духот, водата и крвта; и Троица сведочат заедно.
9Ако го примаме човечкото сведоштво, Божјото сведоштво е поголемо, бидејќи тоа е сведоштво Божјо, со кое Бог посведочи за Својот Син.
10Кој верува во Синот Божји, тој има сведоштво во себе; кој не Му верува на Бога, Го прави лажец, оти не поверувал во сведоштвото Негово, со кое посведочил Бог за Својот Син.
11А сведоштвото е тоа дека Бог ни дарувал живот вечен; и тој живот е во Неговиот Син.
12Кој Го има Синот Божји, тој го има и тој живот; кој Го нема Синот Божји, го нема тој живот.
13Ова ви го напишав вам, кои верувате во името на Синот Божји, за да знаете дека имате живот вечен и да верувате во името на Синот Божји.
14И тоа е слободата, која ја имате пред Него, дека ако просиме нешто по Неговата волја, Он нѐ послушува.
15А кога знаеме дека нѐ услишува што и да побараме, знаеме дека ќе добиеме, што и да сме побарале од Него.
16Ако некој го види брата си да греши со грев не за смрт, нека се моли, и Бог ќе му даде живот, – односно на оној што греши не за смрт. Постои грев за смрт: за тој грев не велам да се моли.
17Секоја неправда е грев, но има грев не за смрт.
18Знаеме дека секој роден од Бога не греши: но родениот од Бога се пази, и лукавиот не се допира до него.
19Знаеме дека ние сме од Бога, и дека целиот свет лежи во зло.
20Знаеме исто така дека Синот Божји дојде и ни даде светлина, и разум, за да Го познаеме вистинскиот Бог; и ние пребиваме во вистинскиот Бог – Неговиот Син Исус Христос. Он е вистински Бог и живот вечен.
21Чеда, пазете се од идолите. Амин!
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
1. Јован 5: MK1990
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង
ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: