1. Јован 4
4
Лажните учители треба да се искушуваат и да се укажува љубов спрема Бога и спрема ближниот. Бог е љубов.
1Возљубени, не верувајте му на секој дух, туку испитувајте ги духовите: дали се од Бога, бидејќи многу лажни пророци се јавија во светот.
2По ова познавајте Го Божјиот Дух, и духот на лагата: секој дух, што признава дека Исус Христос дошол во плот, од Бога е.
3А секој дух, што не признава дека во плот дошол Исус Христос, не е од Бога; тоа е духот на антихристот, за кого сте слушале дека иде, па и сега е веќе во светот.
4Вие сте, чеда, од Бога и нив сте ги победиле; зашто Оној, Кој е во вас, е поголем од оној што е во светот.
5Тие се од светот, затоа и по светски зборуваат, а светот ги слуша.
6Ние сме од Бога. Кој Го познава Бога, нѐ слуша нас; кој не е од Бога, нас не нѐ слуша. По тоа и го познаваме Духот на вистината и духот на заблудата.
7Возљубени, да се сакаме еден со друг, оти љубовта е од Бога, и секој, кој сака, е роден од Бога и Го познава Бога;
8кој не сака, тој не Го познал Бога, оти Бог е љубов.
9Божјата љубов кон нас се покажа во тоа, што Бог Го испрати во светот Својот Единороден Син, за да живееме преку Него.
10Во тоа се состои љубовта, што не ние Го засакавме Бога, туку Бог нас нѐ возљуби и Го прати Синот Свој, за да ги очисти гревовите наши.
11Возљубени, кога така нѐ засака Бог, тоа и ние сме должни да се сакаме еден со друг.
12Бога никој никогаш не Го видел. Ако се сакаме еден со друг, Бог пребива во нас и љубовта Негова е совршена во нас.
13Дека ние пребиваме во Него и Он во нас, узнавме по тоа, што ни дал од Својот Дух.
14И ние видовме и сведочиме дека Отецот Го испрати Синот како Спасител на светот.
15Кој исповеда дека Исус е Син Божји, во него пребива Бог, и тој – во Бога.
16И ние ја познаваме љубовта, која Бог ја има кон нас, и поверувавме во тоа дека е Бог љубов, и дека оној, кој пребива во љубовта, пребива во Бога, и Бог – во него.
17Љубовта во нас се усовршува затоа, за да бидеме слободни на судниот ден; бидејќи, како што е Он, така сме и ние во овој свет.
18Во љубовта страв нема, а совршената љубов го пади стравот, бидејќи стравот има мака. Кој се бои, не е совршен во љубовта.
19Ние Го сакаме, бидејќи Он порано нѐ засака.
20Ако некој рече: »Го сакам Бога«, а го мрази својот брат, лажец е: оти, кој не го сака својот брат, кого го видел, како може да Го сака Бога, Кого не Го видел?
21И таа заповед ја имаме од Него: кој Го сака Бога, да го сака и братот свој.
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
1. Јован 4: MK1990
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង
ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: