Јоил 4

4
Господ ќе им суди на народите
1 # Зах 12 Зашто, ете, во оние денови и во тоа исто време, кога ќе ги вратам прогонетите од Јуда и од Ерусалим, 2#Откр 16,13-16тогаш ќе ги соберам сите народи и ќе ги доведам во долината Јошафатова, и таму над нив ќе изречам суд за Мојот народ и за Моето наследство – Израел, кого го растурија меѓу народите и земјата Моја ја разделија. 3#Авд 1,11; Наум 3,10За народот Мој фрлија ждрепка и даваа момче за блудница, и продаваа девојче за вино, и пиеја. 4#Ер 47,4; Амос; 1,6-10Па што барате од Мене вие, Тире и Сидоне, и сите краеви филистејски? Са­кате ли да Ми се одмаздите за нешто? Ако Ми се одмаздувате Мене, за миг ќе ја свртам одмаздата ваша врз вашите глави, 5бидејќи вие го зедовте среброто Мое и златото Мое и Моите највредни драгоцености и ги внесовте во вашите безбожнички светилишта; 6#Ез 27,13; Амос 1,6а синовите на Јуда и на Ерусалим им ги продававте на потомците Јаванови, за да ги избркате од нивните предели. 7Еве, Јас ќе ги кренам од она место, каде што ги продадовте, и ќе го свртам вашето злосторство врз главите ваши. 8#Ис 22,25; Ер 6,20; Авд 1,18И ќе ги продадам синовите ваши и ќерките ваши во рацете на синовите Јудини, и тие ќе им ги продадат на Са­вејците, народ далечен. Така вели Господ.
Суд во Долината на одлуката
9 # Ис 13,4; Ез 38–39; Зах 14,2 Кажете го ова меѓу народите, пригответе се за војна, кренете ги јунаците, нека дојдат и нека станат сите војници. 10#Ис 2,4; Мих 4,3Прековајте ги плуговите свои во мечеви, а срповите во копја; и слабиот нека вели: јунак сум. 11Побрзајте, вие околни народи, и со­берете се. Господи, доведи ги јунаците Свои! 12#4,2Нека се кренат народите и нека слезат во долината Јошафатова; зашто таму ќе седнам Јас за да им судам на сите околни народи. 13#Ис 17,5; 63,1-6; Мт 3,12; Мк 4,29; Откр 14,14-20Мавнете со срповите, зашто зрело е житото; одете, слезете, зашто полна е кацата и бочвите се преполнети, зашто нивното зло е големо. 14#4,2; Ис 17,12Мноштво, мноштво во Долината на одлуката! Зашто близу е денот Госпо­дов во Долината на одлуката. 15#2,10Сонцето и месечината ќе потемнат, и ѕвездите ќе го изгубат својот сјај. 16#Ер 25,30; Амос 1,2; Пс 46,1-2И ќе загрми Господ од Сион и ќе го испушти гласот Свој од Ерусалим: ќе затреперат небото и земјата; но Господ ќе му биде заштита на Својот народ и одбрана за синовите Израелови.
Господ ќе го благослови Својот народ
17 # 2,27; Ис 52,1; Ез 38,23; Зах 9,8; Откр 21,27 Тогаш ќе познаете дека Јас сум Господ, вашиот Бог, Кој живее на Сион, на Мојата света гора; и ќе стане Еру­салим светиња, и нема повеќе туѓинци да минуваат низ него. 18#Ис 30,25; Ез 47,1; Ос 2,23-24; Амос 9,13; Зах 14,8; Јн 4,1И, ете, во тој ден од горите ќе капе вино, а од ридовите ќе потече млеко, од сите долини јудејски ќе потече вода, а од домот Господов ќе се појави извор, и ќе ја напојува долината Ситим. 19#Амос 1,11; Авд 1,10; Мал 1,3Египет ќе стане пустина и Едом ќе стане пустина, бидејќи тие ги измачуваа синовите Јудини и проливаа невина крв во земјата нивна. 20#Ер 17,25; Ез 37,25А Јудеја ќе биде населена вечно, и Ерусалим – од род во род. 21#Ис 4,4Јас ќе ја одмаздам крвта нивна, за која уште не сум се одмаздил, и Господ ќе живее на Сион.

ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖

Јоил 4: MK2006

គំនូស​ចំណាំ

ចែក​រំលែក

ចម្លង

None

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល