Амос Вовед

Вовед
Амос не бил школуван пророк (види 7,14), но Господ го повикал да ја пренесе Неговата порака за Израелците. Така, Амос го напуштил своето место на живеење, градот Текоа во царството Јудеја и заминал во градот Ветил во царството Израел, за да ја разгласи Божјата порака, во осмиот век пр. Христос.
Амос најпрвин ги осудува соседните народи, а потоа и Израел. Тоа особено се однесува на богатите кои живееле раскошно и ја користеле својата моќ да ги ограбуваат сиромасите и да ги претвораат во свои робови.
Голем дел од народот им се поклонувал на идоли, а очекувал Господ да ги брани. Побожноста била само привидна и површна. Амос го предупредува народот дека Господ ќе ги казни за таквото однесување.

ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖

Амос Вовед: MK2006

គំនូស​ចំណាំ

ចែក​រំលែក

ចម្លង

None

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល