3 Макавејска 6

6
Молитва на старецот Елеазар заедно со другите старци
1Меѓутоа, некојси Елеазар, човек почитуван и познат меѓу свеш­те­ни­ците, а веќе на поодминати години и во жи­вотот свој прославен со секакви доб­лести, ги повика страците што беа око­лу него да се обраќаат кон светиот Бог. Тој се молеше вака: 2„Свети Царе, највозвишен Боже Се­држителе, Ти Кој управуваш милостиво со секое создание, Отец наш, 3#2 Мојс 14,28Оче наш, погледни милостиво кон семето на Авраам, кон децата на ос­ве­тениот Јаков, кон народот на Твојот свет дел, кој е туѓинец во туѓа земја и кој неправедно се погубува. 4#4 Цар 19,35.37Ти го погуби фараонот, некогаш­ни­от владетел на Египет, кој имаше мно­жество бојни коли и се креваше со го­ле­ма дрскост и со горди зборови; Ти го по­губи заедно со неговата горда војска и го удави во морето, а на израилскиот род му покажа светла милост. 5#Дан 3,49.50Ти го собори жестокиот асирски цар Сенахирим, кој попусто се фалеше со своите безбројни војски, што со својот меч ја покори целата земја и се дигна против Твојот свет град, со горделивост и дрски хули, кога Ти јавно им ја беше покажал силата Своја на многу народи. 6#Дан 6,16.22; Јона 2,1.11Ти ги запази трите момчиња во Ва­вилон, кои доброволно му ги предадоа своите животи на огнот, за да не им служат на лажните идоли, Ти ја запази и нивната коса неповредена, оросувајќи ја разгорената фурна, а пламенот од фурната го сврте кон непријателите. 7Ти го изведе на светлина Даниил не­повреден, кој поради завист и клевети беше фрлен во јама, за да биде раскинат од лавови; 8Ти, Оче наш, и Јона, кој се мачеше безнадежно во утробата на китот, што живее во морските длабочини, го пока­жа неповреден пред сите негови блиски. 9И сега, Ти, Кој се одмаздуваш за на­вреди и Кој ги закрилуваш сите, пока­жи им се скоро на оние од родот на И­з­раил, навредувани од одвратните без­божни назнабошци. 10А, ако, пак, нашиот живот, по на­шето преселување, се наполни со беззаконија, тогаш, откако ќе нѐ избавиш од рацете на нашите непријатели, тогаш, Господи, умртви нѐ со смрт, која ќе биде според Твојата волја. 11Не допуштај празноверците да ги прославуваат нивните мртви идоли за­тоа што загинале Твоите сакани чеда, велејќи: Нивниот Бог не ги избави! 12Ти, единствен Вечен, Кој ја имаш сета сила и секаква власт, погледај ми­лостиво на нас; смилувај се на нас кои поради безумното насилство на беззакониците сме лишувани од животот ка­ко злосторници. 13Преславни, Ти имаш сила да го спа­сиш потомството на Јаков; нека се уп­лашат незнабошците од Твојата непобедлива сила. 14#3 Мојс 26,44; 5 Мојс 30,4Со солзи те моли целото множество деца и нивните родители: 15‚Нека видат сите незнабошци дека си со нас; Господи, нека видат дека не си го свртел Твоето лице од нас, на­пра­ви така како што си рекол дека ни во земјата на нивните непријатели нема да ги презреш.‘“ 16Штом ја заврши Елеазар молитвата, тогаш пристигнаа до тркалиштето и царот со ѕверовите и сета страшна негова војска. 17Кога го видоа тоа, Јудејците издигнаа пискот до небото, така што нивните гласови се огласија и во блиските долини; сета војска беше опфатена со силно сочувство. 18Тогаш многуславниот Седржител и вистинскиот Бог го покажа Своето ли­це и ја отвори небесната врата, од каде што слегнаа два светли и страшни анге­ли; нив ги видоа сите, освен Јудејците. 19Тие застанаа наспроти војската, ја исполнија сета војска со немир и страв и сите војници ги врзаа со неподвижни вериги. 20Дури и царот трепереше од страв и ја заборави својата гневна храброст. 21Тогаш слоновите се свртеа против вооружените војници, кои ги придру­жу­ваа, ги газеа и ги убиваа. 22Гневот на царот се претвори во жа­лост и солзи поради она што беше наумил да го направи. 23Кога го слушна пискотот на Ју­деј­ците и кога ги виде сите наведнати, го­тови да бидат погубени, заплака и гнев­но им се закануваше на своите прија­те­ли, велејќи: 24„Вие ја злоупотребивте власта, а по жестокост ги надминавте и тираните; се обидувате и мене да ме лишите и од власт и од живот, тајно замислувате нешто што е некорисно за царството. 25Тие што верно ги чуваа тврдините на нашата земја, кој ги собра безумно тука, оддалечувајќи ги од нивните до­мови? 26Овие, кои уште од старо време ги надминуваа сите народи со својата верност спрема нас во сѐ, а честопати пре­трпуваа и најтешки измачувања; кој е тој што ги изложи на вакво пони­жу­ва­ње и на таков срам? 27Разврзете, одврзете ги неправедни­те вериги, пуштете ги со мир по нив­ни­те домови, молејќи ги да ви простат за тоа што сте им го направиле; 28ослободете ги синовите на не­бес­ни­от Седржител, нивниот Бог, Кој уште од времето на нашите дедовци и досега постојано му давал благосостојба и слава на нашето царство.“ 29Ете, токму ова го рече царот. Во ис­тиот час одврзаните луѓе, откако се из­бавија од смрт, Го прославија својот свет Спасител, Бог. 30Потоа царот се врати во градот и го повика началникот на државната каса и му нареди во тек на седум дена на Ју­деј­ците да им се дава вино и сѐ друго што е потребно за гозба и порача: на исто место каде што ја чекаа својата смрт – да го празнуваат со полна веселба своето спасение. 31Тогаш тие, кои пред тоа беа из­ло­жени на поруга и скоро до самата смрт, или поточно кои слегуваа до портите на адот, место страшна и горчлива смрт, приредија гозба во чест на своето спасение; местото што беше одредено за нивната смрт и нивни гробови, стана гозбена трпеза. 32Ја оставија жалната и плачевната песна, почнаа да ја пеат песната на нив­ни­те татковци, прославувајќи Го Спа­си­телот на Израил и Чудотворецот – Бог, па оставајќи ги и жалоста и плачот, об­разуваа хор во знак на спокојна веселба. 33Исто така и царот, откако по тој повод приреди голема гозба, му ис­ка­жуваше благодарност на небото за слав­ното и свечено дарување на спасение. 34А оние кои претходно имаа убеду­ва­ње дека Јудејците треба да бидат уништени и дека треба да станат храна за грабливите птици, и кои ги пребројуваа со радост, сега, обземени од срам, заофкаа и нивната жестока грубост згасна во срам. 35Јудејците, пак, како што претходно рековме, го составија својот хор и праз­нуваа со радосни славословија и пеење псалми. 36Дури беа донеле општа наредба: во секое нивно населено место од поколение во поколение со радост да бидат празнувани овие денови, не за пиење и прејадување, туку за спомен на тоа како Бог им подари спасение. 37Потоа појдоа кај царот и го замолија да ги пушти по нивните домови. 38Нивното пребројување се правеше од дваесеттиот ден на месецот пахон до четвртиот ден на месецот епиф – во те­кот на четиресет дена; беше определено нивното убивање да се изврши од петтиот до седмиот ден на месецот епиф, 39во три дни, во кои Господарот ја по­кажа славно Својата милост спрема си­те нив и ги запази неповредени. 40Празнуваа четиринаесет дена, снабдувани со сѐ од царот, па тогаш му под­не­соа молба да им дозволи да се вратат во своите места. 41А царот, откако се согласи, великодушно им го напиша ова писмо до градските началници, со свој потпис – во нивна корист.

ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖

3 Макавејска 6: MK2006D

គំនូស​ចំណាំ

ចែក​រំលែក

ចម្លង

None

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល