3 Макавејска 5

5
Јудејците викаат кон Господ и Господ ја послуша нивната молитва
1Тогаш царот, исполнет со силен гнев и бескрајна омраза, го повика Ермон, кој беше одговорен за сло­но­ви­те, 2му нареди идниот ден да ги нахранат сите слонови, на број петстотини, со темјан и да ги напојат со што е можно повеќе чисто вино, па кога ќе се раз­бес­нат од изобилното пиење, да ги изведат пред Јудејците осудени на смрт. 3Отакако ја предаде својата наредба, тој отиде на гозба, а посебно ги покани оние негови пријатели, и воени на­чал­ници, што им беа непријатели на Ју­деј­ците. 4А Ермон, чуварот на слоновите, не­прекинато ги извршуваше наредбите. 5Служителите назначени да ги надгледуваат Јудејците, отидоа од ве­че­ра­та, за да им ги врзат рацете на нес­реќ­ниците, и подготвија постојана стража во текот на ноќта, убедени дека сиот тој народ ќе ја искуси сопствената гибел. 6Јудејците, кои на незнабошците им се чинеа лишени од секаква заштита, 7бидејќи од сите страни беа притисна­ти со тешка неволја, викаа кон Сесил­ниот Господ, Кој има сила над секоја власт, кон својот милосрден Бог и Отец, Му се обраќаа сите со непрестан плач и солзи, Му се молеа 8да ја одврати од нив безбожничката замисла и со Своето големо јавување да ги спаси од приготвената за нив смрт. 9Нивната искрена молитва се издигна до небото. 10Ермон ги опи нескротливите сло­но­ви, откако им даде изобилно и темјан и вино, а наредниот ден појде во дворецот за да го извести за тоа царот. 11Но Бог му беше подарил на царот длабок сон, тој добар дар што им го ис­праќа Тој дење и ноќе на сите, на кои Тој сака. 12По Божјо дејство, потонал во дла­бок и сладок сон и заборави за преземе­ното беззаконие, и наполно беше осу­е­тен во својата неизменлива намера. 13А Јудејците, откако го одбегнаа наз­начениот час, Го прославуваа својот свет Бог и одново Му се помолија благиот и мирољубив Бог да им ја покаже на горделивите незнабошци Својата се­моќна десница. 14И бидејќи веќе беше изминала една половина од десеттиот час, оној што имаше задача да ги кани гостите, от­ка­ко виде дека поканетите се веќе соб­ра­ни, влезе да го разбуди царот. 15Го разбуди со голема мака и го из­вести дека времето за гозбата изминало и го извести за сѐ што му беше порачал. 16Царот помисли, па отиде на трпезата, почна да пие и на оние што беа по­ка­нети на гозбата им рече да седнат спроти него. 17Кога направија како што им рече, тој им пожела да си поминат на гозбата во полна веселба. 18Додека говореше долго на трпезата, царот го повика Ермон, строго и на­лу­тено го праша – поради која причина Ју­дејците се оставени да преживеат уште еден ден. 19Ермон му одговори дека уште пре­ку ноќта ја извршил неговата заповед, а и пријателите на царот го потврдија тоа. 20Тогаш царот, поради жестокост уште полут и од самиот Фаларис, рече дека Јудејците за тоа треба да му благодарат на неговиот денешен сон. А на Ермон му рече: „А ти, пак, неизоставно подготви ги слоновите за уништување на непослушните Јудејци.“ 21Кога царот го рече тоа, сите при­сутни со задоволство и со радост му го изразија своето одобрување, па се раз­о­тидоа секој во својот дом. 22Ноќта беше употребена не толку за сон, колку за измислување секакви по­руги над наречените престапници. 23Утредента, рано наутро, токму кога петлите почнаа да пеат, Ермон ги из­ве­де слоновите и почна да ги раздразнува во широкиот двор. 24Во градот многу народ се беше соб­рал и со нетрпение чекаше да се раздени. 25Јудејците, на нивното последно из­дивнување, бидејќи времето брзо од­ми­нуваше, непрекинато се молеа со многу солзи и жални песни; Му се молеа на Великиот Бог пак да им испрати брза помош. 26Сончевите зраци уште не се беа распрснале, а царот уште ги прече­ку­ва­ше своите пријатели, кога пред него се појави Ермон и ги покани да излезат, известувајќи дека сѐ е подготвено спо­ред царската заповед. 27Откако го дослуша, тој како да се збрка од необичниот предлог за излегување, зашто сѐ беше наполно заборавил, па праша: „Каква е таа работа што ја извршил со таква брзина?“ 28Тоа пак беше дело на Бога, Кој вла­дее над сѐ, Кој му даде заборав за сѐ што беше намислил пред тоа. 29Ермон и сите пријатели му објаснија, велејќи: „Царе, слоновите и војската се приготвени по твоја строга заповед.“ 30А тој се исполни со голем гнев од тие зборови, бидејќи по Божја промисла беше заборавил сѐ што беше намислил, – па со пламнати очи, заплашувачки рече: 31„Да имаше ти родители или деца, тие ќе им послужеа како изобилна хра­на на дивите ѕверови, место невините Јудејци, кои спрема мене и спрема мо­и­те дедовци имале целосна и постојана верност. 32Ако не беше мојата приврзаност спрема тебе уште од нашето заедничко детство и ако не беа твоите заслуги, место тие – ти ќе беше погубен.“ 33Така Ермон прими неочекувана и ужасна закана, така што сосема се из­мени и во поглед и во лице; 34тогаш сите пријатели на царот из­легоа нерасположени, а сите што беа насобрани, ги пуштија да се разотидат. 35Кога слушнаа Јудејците за благонаклоноста на царот спрема нив, тие Го прославија Бога, Царот над царевите за помошта што ја примија од него. 36По овие одлуки царот пак приреди гозба и ги канеше сите да се веселат. 37Па, кога го повикаа Ермон, му рече налутено: „Колку пати треба да ти за­по­ведам, непослушнику, за една и иста работа? 38Подготви ги слоновите утре за погубување на Јудејците?“ 39Тогаш неговите службеници, кои седеа заедно со него на трпезата, вчу­до­видувајќи се на неговите непостојани мисли, рекоа: 40„До кога, царе ќе нѐ искушуваш ка­ко да сме безумни? Еве, по трети пат за­поведаш да се истребат Јудејците, а штом ќе дојде до извршување на твојата заповед, ти ја поништуваш. 41Затоа и градот се наоѓа во голема бркотница од чекање; исполнет е со лу­ѓе што чекаат, а има опасност и да биде ограбен.“ 42Потоа царот, сосема сличен на Фа­лариса, исполнет со безумство, сметајќи дека душевните промени што се случи­ле со него, во полза на Јудејците не зна­чат ништо, потврди со најбезбожничка клетва и нареди Јудејците да бидат ис­пратени во пеколот, осакатени од но­зе­те и стапките на ѕверовите, 43а потоа да се преземе поход против Јудеја, и што побргу да биде опус­то­ше­на со оган и меч и нивниот храм, недос­тапен за нас, мислеше тој, да биде изго­рен со оган и да се направи засекогаш пуст за сите што сакаат да принесуваат жртви. 44Тогаш пријателите и неговите службеници, многу израдувани, се разотидоа со доверба и во најпогодните места во градот поставија војска за стража. 45А чуварот на слоновите, откако ги доведе ѕверовите, така да се каже, во збеснета состојба поради убавото вино, приготвено со темјан, а ги вооружи со страшни орудија, 46утредента рано, кога безбројни ре­дови се беа упатиле надвор од градот кон коњското тркалиште, дојде во дво­рецот и му напомна на царот што треба да се прави. 47А царот, исполнет со голем гнев, излезе со безбожна замисла пред це­ли­от поход на ѕверовите, зашто, воден од своето ожесточено срце, сакаше да ја види со своите сопствени очи жалната и грозна пропаст на тие, претходно спо­менати луѓе. 48Кога Јудејците ја видоа прашината што се креваше од слоновите, од во­о­ру­жената војска која одеше по нив, како и од множеството народ, кога ги слушнаа силните извици, 49помислија дека дошол последниот час од нивниот живот и крајот на нив­ното најмачно чекање. Извикаа со плач и лелек, се целиваа еден со друг, се прегрнуваа со роднините, се фрлаа на врат – татковците на синовите и мајките на ќерките; други, пак, држеа во своите раце новородени младенчиња, кои го цицаа последното млеко. 50Но, знаејќи за помошта, што прет­ходно ја примија од небото, еднодушно паѓаа ничкум, ги тргнуваа дечињата од своите гради, 51извикуваа високо кон Оној, Кој има власт над секоја власт, Му се молеа да ги помилува и да им ја испрати својата помош ним, што се веќе пред вратите на пеколот.

ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖

3 Макавејска 5: MK2006D

គំនូស​ចំណាំ

ចែក​រំលែក

ចម្លង

None

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល