3 Макавејска 4
4
Жалоста и страдањата на Јудејците во Египет
1Секаде, каде што ќе пристигнеше оваа царска заповед, незнабошците приредуваа народни гозби со радосни извици и на таков начин вкоренетата омраза смело се покажуваше. 2Меѓу Јудејците започна неутешна тага, горко плачење и лелекање; насекаде се слушаа воздишките на оние што ја оплакуваа ненадејно најавената страшна смртна казна; тоа ги плашеше нивните срца. 3Која област, кој град или кое село, кои патишта не се исполнија со нивниот плач и писок? 4Властите од секој град без чувство на жал и со жестокост ги испраќаа заедно; гледајќи ја таа грозна слика, дури некои и од непријателите го оплакуваа нивното прогонување и размислуваа за превртливоста на животот. 5Водеа групи старци, престарени, покриени со бели коси, подгрбавени и со треперливи нозе и, според, барањето за насилно прогонство, ги принудуваа без срам да чекорат побрзо. 6Девојки, тукушто склучиле брак и влегле во брачната одаја, место да се радуваат, се вдадоа во плач и своите, со масла намирисани коси ги посипуваа со пепел; ги водеа без превез и место да пеат свадбени песни, тие го прифаќаа општиот лелек, бидејќи туѓинците ги измачуваа страшно; 7ги влечкаа јавно и насила, врзани со вериги и ги фрлаа во кораби. 8И нивните млади сопрузи, место со венци на глава, беа врзани со јажиња околу вратот, во цветот на својата младост; место свадбена гозба и младински наслади, свадбените денови ги минаа во плач, зашто под нозете свои го гледаа пеколот отворен. 9Ги водеа како ѕверови, оковани во железни вериги: едни беа приковани за седиштата на корабите, а други – на нозете имаа тешки окови. 10Освен тоа, тие беа во внатрешноста на бродовите, одделени од светлината, од сите страни заобиколени со темнина – за сето време додека пловеа; со нив се однесуваа како со најлоши злосторници. 11Кога ги доведоа до едно место, наречено Схедија, а според царската заповед, пловењето беше завршено, тогаш беше наредено да бидат оставени пред градот, на хиподромот, кој беше многу широк и доста погоден за јавна поруга пред сите што влегуваа во градот и кои излегуваа оттаму. Но немаа никакво општење со војската, а немаа ни достоен покрив над главите. 12Кога сето тоа беше направено, и кога царот разбра дека нивни сонародници често излегуваат тајно од градот за да ја оплакуваат тешката мака на своите сограѓани, 13#Пс 113,13тој се разгневи многу и нареди и тие да бидат не помалку казнети од другите. 14Тој нареди да ги пребројат сите по име, не за да им пресуди тешка робија, туку најнапред да ги подложи на тешки измачувања, а најпосле сите да ги погуби во еден ден. 15И макар што пописот се вршеше со голема брзина и до крајна ревност, од изгревот до залезот на сонцето, сепак не можеа потполно да го завршат ни за четириесет дена. 16А царот непрестајно и прекумерно се предаваше на задоволства, приредуваше гозби пред сите идоли, а со умот свој далеку од вистината, со својата нечиста уста ги славословеше оние што беа глуви и што не можеа да говорат или да помогнат, а за Великиот Бог зборуваше она што не е прилично. 17Откако измина тоа време, писарите го известија царот дека не се во состојба да ги пребројат Јудејците поради нивното големо множество; 18освен тоа, уште поголем е бројот на оние што сѐ уште се во областите, по домовите и распрснати во разни места, така што пребројувањето не можат да го направат дури и сите египетски власти. 19А кога царот им се закануваше уште построго, претпоставувајќи дека се поткупени со подароци и дека вешто ја избегнуваат казната, тогаш стана потребно да го убедат уште посилно; 20тие му докажаа дека немаат доволно хартија и трски за пишување. 21Тоа беше всушност дејствување на непобедливата Божја промисла, која им помагаше на Јудејците.
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
3 Макавејска 4: MK2006D
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: