3 Макавејска 3
3
Положбата на Јудејците во Египет станува уште пострашна
1Кога слушна за сето тоа, овој безбожник побесне, па не само што се озлоби против Јудејците, кои живееја во Александрија, туку покажа страшно непријателство и против сите Јудејци, кои живееја во целата негова земја, и заповеда да ги соберат сите заедно и да ги предадат на најсвирепа смрт. 2Додека се подготвуваше оваа работа, некои од едномислениците на ова злосторство, почнаа преку заговор да шират глас против јудејскиот народ дека тие не ги извршуваат своите законски задолженија. 3А Јудејците пак, иако имаа добар однос и неизмерна оданост спрема царевите, 4тие, сепак, Го почитуваа својот Бог и живееја според Неговиот Закон, па затоа се разликуваа од нив во однос на исхраната. Затоа некои сметаа дека се противници на царската власт; 5но бидејќи го извршуваа она што е добро, тие наидуваа на разбирање кај сите други луѓе. 6И покрај сето ова, другите народи не го ценеа доволно познатиот правилен начин на однесување кај Јудејците. 7Тие ги озборуваа поради разликата во богопочитувањето, во исхраната и во јазикот; велејќи дека тие не дозволуваат заедничка трпеза ни со царот, ни со големците, дека се завидливи и големи непријатели на државата; на тој начин ширеа хули против јудејскиот народ со цел да му напакостат. 8Елините, пак, кои живееја во истиот град и не беа виделе никаква навреда во нив, гледајќи ја ненадејната бркотница околу тие луѓе и метежот што неочекувано се создаде, не беа доволно силни да им помогнат, затоа што и тие живееја под истиот тирански режим, ги утешуваа, негодуваа и се надеваа дека, сепак, состојбата ќе се измени, 9зашто не можеше да се занемари една таква заедница, која воопшто не направила некакво зло. 10Меѓутоа, некои од нивните соседи, пријатели на оние што тргуваа со нив, примајќи скришум некои од нив, им ветуваа дека ќе им помогнат и ќе направат сѐ што е можно за да ги заштитат. 11А тој, возгордеан од своите привремени успеси, без да мисли на силата на Величествениот Бог, немаше намера да ја измени својата замисла; против нив напиша вакво писмо: 12„Царот Птоломеј Филопатор испраќа поздрав до сите жители, воени старешини и војници во Египет и им посакува добро здравје. 13Јас сум здрав и работите ми одат успешно. 14По нашиот поход во Азија, како што знаете и вие самите, беше донесена одлука согласно на планот и со помош од боговите, да се приклучат кон нас сојузниците во битката, 15и сметавме дека нема да управуваме над народите кои живеат во Келе-Сирија и Феникија со силата на копјето, туку дека ќе ги негуваме во благост, постапувајќи со нив добро. 16Раздавајќи по градовите богати дарови за храмовите, отидовме и во Ерусалим за да му укажеме почит на светилиштето на тие никаквеци, кои никогаш не се ослободени од својата безумност. 17А тие, откако нѐ пречекаа со зборови драговолно, а всушност подмолно, кога сакавме да влеземе во храмот и да му оддадеме почит со соодветни и најдобри дарови, 18тие, исполнети со својата поранешна горделивост, ни забранија да влеземе, иако не ги присиливме, поради љубовта што ја имаме спрема сите луѓе. 19Откако отворено го покажаа своето непријателство против нас, тие единствени од сите народи упорно им се противставуваат на царевите и на своите добротвори, не сакаат да извршуваат ништо од она што е справедливо. 20А ние, однесувајќи се трпеливо спрема нивната безумност, и тогаш, кога се враќавме од победа и во самиот Египет, со љубов ги примавме сите народи и со нив се однесуваме како што е потребно. 21Меѓутоа, кога изјавуваме дека не сакаме да си спомнуваме за она што ни го направија нивните сонародници, одлучивме да направиме коренита промена спрема нив затоа што ни помагаа во војната, затоа што веќе одамна им се доверени многу важни работи, сакаме дури да ги удостоиме со правото да имаат граѓанство на Александрија и да ги направиме учесници во нашите редовни религиозни обреди. 22А тие го сфатија тоа како нешто што е против нив, што е својствено на нивната лоша природа: да го отфрлат доброто и да тежнеат кон злото, 23па така, не само што го презреа непроценливото право на граѓанство, туку гласно или прикриено се гнасат од оние малкумина, што искрено се расположени спрема нас, надевајќи се поради нивниот неуреден живот дека ние ќе го повлечеме набргу нашето решение. 24Затоа, откако се уверивме од искуство дека тие имаат против нас непријателски планови, и како што предвидувавме, ако некогаш против нас се дигне некое востание, ние ќе ги имаме против нас и тие нечесни луѓе, како наши опасни непријатели и предавници. 25Затоа заповедаме: штом го добиете ова писмо, веднаш со наредба и со сила да ги ставите овие луѓе во тешки окови, заедно со нивните жени и деца, и отсекаде да ги праќате кај нас за да извршиме над нив смртна казна, казна безмилосна и срамна, достојна за тие пакосни луѓе. 26Ако тие веднаш бидат казнети, нашите државни работи во иднина ќе тргнат кон совршен успех и најдобар поредок. 27Ако некој сокрие некого од Јудејците, било старец, дете, па дури и пеленаче, тој ќе биде погубен со целиот дом на најжесток начин. 28А оној што ќе открие некого од нив, тој ќе го добие имотот на виновникот и уште две илјади драхми од царската каса, ќе добие слобода и чест. 29Секое место, каде што ќе биде најден сокриен Јудеец, треба да биде опустошено и изгорено, така што тоа место за вечни времиња нема да му биде потребно на ниедно смртно суштество.“ 30Ете, ваква беше смислата на напишаното писмо.
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
3 Макавејска 3: MK2006D
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: