3 Макавејска 2
2
Молитва на првосвештеникот Симон
1Првосвештеникот Симон, свиткувајќи ги колената пред светилиштето, ги подигаше рацете и се молеше вака: 2#4 Цар 19,15.16; 2 Мак 1,24; Пс 19,8„Господи, Господи, Царе на небесата и Господаре на секое создание! Ти си свет меѓу светиите, Сесилен и Седржител! Погледни милостиво на нас, кои сме измачувани од овој безбожник и незнабожец, исполнет со горда дрскост и сила. 3Зашто Ти, Кој си создал сѐ и Кој управуваш со сѐ, Ти си справедлив Господар: Ти им судиш на оние што дејствуваат горделиво и дрско. 4#1 Мојс 6,4; 7,21Ти некогаш ги погуби оние што вршеа беззаконие; меѓу нив имаше и јунаци, кои се надеваа на својата сила и храброст; ним им испрати преголеми води. 5#1 Мојс 19,24Ти ги изгоре содомците со оган и со сулфур, нив, кои живееја горделиво и беа прочуени со своите порочни дела, покажувајќи им ги како пример на потомците. 6#2 Мојс 1,13.14; 7,8.9.10Ти го казни дрскиот фараон со многу тешки казни, зашто го беше поробил Израил, твојот свет народ; Ти му ја објави Твојата власт и му ја покажа Твојата сила, 7#2 Мојс 14,28; 15,1и кога тој потрча по народот, Ти го потопи во морските длабочини, него, неговите бојни коли и неговиот народ; и на оние што се надеваа во Тебе, Господарот на секое создание, Ти им помогна да преминат неповредени, 8#2 Лет 7,16па кога ги видоа Твоите дела, делата на Твоите раце, Те прославија Тебе Седржителот. 9#3 Цар 9,3Ти, Царе, Кој си ја создал оваа безгранична и неизмерлива земја, Ти го избра овој народ и го освети ова место за Твоја слава, Ти, Кој од ништо немаш потреба, го прослави со Твоето јавување и го направи да биде за слава на Твоето величествено и многупочитувано име. 10Од љубов кон домот на Израил, Ти ни вети дека ако нѐ снајде некакво зло или ако бидеме од некого измачувани, па ако дојдеме на ова место и Ти се помолиме дека ќе ја чуеш нашата молитва. 11Ти си верен и вистински, зашто многупати, кога нашите предци беа во неволја, 12Ти им помагаше кога тие страдаа и ги избавуваше од големи опасности. 13Ете и ние, Свети Царе, поради нашите многу големи гревови, страдаме, им се покоруваме на нашите непријатели и сме истоштени. 14Во ваква наша положба овој безбожник се обидува да го оскверни ова свето место, кое му е посветено на славата на Твоето свето име. 15Зашто, иако Твоето живеалиште, небото на небесата, е недостижно за нас луѓето, 16#1 Цар 16,7; 1 Птр 1,12сепак, Ти посака да му ја покажеш Твојата слава на Израил со тоа што му го освети ова место. 17Не одмаздувај се на нас заради нивната нечистотија, не казнувај нѐ за осквернувањето за да не се фалат попусто безбожниците во своите мисли и да се величат во горделивоста на својот јазик велејќи: 18‚Ние го понизивме домот на Светоста, како што се понизува и домот на нечистотијата.‘ 19Прости ни ги нашите гревови, прости ни ги нашите престапи и покажи ни ја Твојата милост во овој час; 20скоро нека дојде Твојата милост на нас. Дај ни сила на нас паднатите за да можеме да Те прославуваме, дај ни нам, духовно паднатите и огорчени, во срцето мир.“ 21Тогаш Бог, Кој гледа сѐ, првиот татко на сите, кој ја ислуша понизната молитва, го удри оној што се разметнуваше насилно и дрско, 22го залула де на една и де на друга страна, како ветрот што лула трска, го кутна така што лежејќи неподвижен на подот, со изнемоштени раце и нозе, не можеше ни гласот свој да го подигне, – него го достигна Божјиот суд. 23Тогаш неговите луѓе и телохранители, откако ја видоа оваа ненадејна и тешка казна што го стигна, плашејќи се да не го остави животот, бргу го извлечкаа надвор, поразени и самите тие од необичниот страв. 24По извесно време, откако закрепна од претрпената казна, тој сепак не се покаја, туку си отиде со свирепи закани. 25Откако се врати во Египет, почна да ги намножува своите злодела, заедно со своите пријатели на гозбите, заборавајќи секаква правда, 26и не се наситуваше на своите безбројни срамни дела, туку и натаму ги вршеше со толкава дрскост, така што, многумина од неговите пријатели, следејќи го неговиот пример, и тие го правеа истото за да му угодат. 27Најпосле одлучи јавно да го посрами јудејскиот народ, па стави столб врз кулата на својот дворец, а до столбот постави идол со овој натпис: 28„Кој не принесува жртви, тој не треба да влегува во своите свети места; а сите Евреи да бидат запишани во пописот како прост народ и да бидат запишани како робови, а оние што се противат, да бидат насила доведувани и убивани. 29И запишаните за пописот да бидат обележени – на телото да им биде жигосан знакот на Дионисиј, а потоа во таква состојба да ги упатат со ограничени права.“ 30Но, за да не го замразат сите, тој во натписот го додаде и ова: „Ако некој од нив посака да живее според овдешните обреди, ним да им се дадат подеднакви права како на александриските граѓани.“ 31Затоа, некои, поради граѓанските права, ја презреа побожноста на татковците и брзо се предадоа за да можат, општејќи со царот, да бидат удостоени со секаква голема слава. 32Но поголемиот дел од нив се зацврстија со мажествен дух и не се откажаа од побожноста; тие ги даваа своите пари за да го откупат својот живот и смело се обидуваа да го избегнат пописот, 33имајќи надеж дека ќе добијат помош, и се гнасеа од оние што се одделија од нив, сметајќи ги за непријатели на својот народ и одбегнуваа со нив секаков допир и пријателски односи.
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
3 Макавејска 2: MK2006D
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: